Ова се жртвите на момчето убиец во Америка


Напаѓачот кој вчера со огнено оружје уби двајца ученици и двајца професори, а рани уште девет други во средно училиште во американската држава Џорџија е четиринаесетгодишен ученик од тоа училиште, соопштија властите. Тој пукаше со автоматска пушка која наликува на пушка АР-15. Осомничениот е идентификуван како Колт Греј, 14-годишен ученик во училиштето Апалачи во Виндер. […]

Пукање во училиште во САД; Има мртви и ранети (видео)


Средно училиште во Виндер, Џорџија, е евакуирано по пријавен вооружен напад. Најмалку две лица загинаа, а четворица се ранети во пукање во средно училиште во Џорџија во американската сојузна држава Атланта, јави Ројтерс. Еден осомничен бил приведен откако полицијата одговорила на пукањето во средното училиште Апалачи во населбата Виндер во Џорџија. Неутврден број пациенти со […]

Се обновуваат повеќе училишта во Гази Баба


Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека во моментов се реализираат градежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта со цел создавање на подобри и поквалитетни услови за учениците во новата учебна година. „Градежни активности се реализираат во повеќе училишта и тоа: – ООУ Његош се врши комплетно молерисување на училиштето и фискултурната […]

Јаневска: Децата од селските училишта се изолирани – да ги донесеме во градските, смарт-табла да видат


Проектот за оптимизација на училишната мрежа во земјава е во тек, со помош на УНИЦЕФ и Светска банка и во моментов се обновуваат податоците и се прават анализи. Имаме одредени региони и училишта кои секако не треба и не можат да бидат затворени, кои се на голема оддалеченост и тие ќе опстојат. Но, имаме и […]

Драчево ќе добие ново училиште после 100 години


Нов училиштен објект денеска почна да се гради во Драчево, со средства од централниот буџет, а Општина Кисела Вода ги обезбеди сите потребни документи.   „Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто убаво, нешто што започнува да се гради. Трет ден уште едно ветување исполнето пред граѓаните, граѓаните во Кисела Вода, во Драчево […]

Хаос во училиште во Германија: Вооружени полицајци влегоа во зградата, учениците со часови затворени во училниците 


Училишниот центар во Либек од засега непознати причини е во состојба на готовност, а во училиштето влегла тешко вооружена полиција. „Полицијата сега влезе во зградата и го пребарува големиот училишен комплекс“, пишува германски Билд. Како што пишува овој весник, на терен се и единиците на специјалните сили. Учениците веќе четири часа се забарикадирани во училниците, […]

Од земја од странство испратени масовни заканувачки мејлови до училишта во Атина


Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив […]

Хаос во средно училиште – повеќе луѓе избодени со нож? Хеликоптери кружат околу зградата


Затворено е средно училиште во Велс, Велика Британија, а хеликоптери кружат околу зградата, откако таму се случил напад, при што повеќе луѓе се прободени со нож, јавуваат британските медиуми. „На сите студенти и вработени им беше кажано да останат мирни и да ги исклучат телефоните. Наводно, неколку лица биле избодени со нож“, велат од училиштето. […]

Англија го потврди планот за забрана на мобилни телефони во училиштата


Англиски министри потврдија дека планираат да ја забранат употребата на мобилни телефони во училиштата. Тие објавија упатства за директорите, пишува Гардијан. Упатствата им дозволуваат на училиштата различни начини да ја спроведат забраната, вклучувајќи опции кои се движат од учениците да ги остават мобилните телефони дома, да ги чуваат во шкафчиња или да ги остават исклучени. […]

Почеток на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ – ќе има 26 нови училници


Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината. Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, […]

Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово“


Заврши изградбата на новото училиште „Визбегово” во Општина Бутел. Се очекува завршување на правните процедури од локалната власт, по што од септември се очекува да почне со настава. Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој денеска беше во посета на училиштето, објектот ќе може да прими околу илјада ученици од трите скопски општини Бутел, Чаир и Шуто […]

Шведска ги враќа учебниците во училиштата: „Намалена брзината на читање на учениците поради лаптопите“


Шведска долго време се гордее со своите дигитализирани училници, но се покажа дека овој систем има свои недостатоци. Така, конзервативната влада сега сака повеќе книги во училиштата. За ова во 2023 година издвои 60 милиони евра, пишува Дојче веле. Учениците од 4-то одделение во основното училиште „Ловестад“ во Сјобо, јужна Шведска, ги ставија своите паметни […]

По тепачка во училиште во Берлин повредени се 49 деца, скршена раката на директорката


Масовна тепачка се случила во училиштето „Кампус Ефеувег“ во берлинскиот кварт Нојколн, во која се повредени 49 ученици. Според германските медиуми, учениците биле повредени со солзавец. Нападнати биле и двајца учителки, директорката и полицаецот, а се ескалирало по расправија за фудбал. Наводно се започнало кога пет ученици на возраст од 14 и 15 години се […]

Родители интервенираат за поправка на оценки, се признава во кампањата „Бидете херои на чесноста“


Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска денеска, во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“, беше во посета на основното училиште „26 Јули“ во скопската населба Шуто Оризари. Како што информираше Ивановска, во спроведените анкети, ученици кажуваат дека често се соочуваат со неправда, со незаслужени оценки во одделението, дека најчесто родителите […]

Во Шпанија ученик со нож избодел двајца врсници и двајца професори


Училиште во јужна Шпанија е евакуирано откако ученик избодел двајца врсници и двајца професори. Нападот се случил рано утринава во Институтот Елена Гарсија Армада во Херез де ла Фронтера, а се сомнева дека има уште неколку повредени студенти. Еден од учениците рано утрото избодел неколку професори и соученици, а потоа бил уапсен. Според полициски извори, […]

Англија: Во пораст бројот на родители кои сметаат дека децата не мора да одат секој ден на училиште


Англија: Во пораст бројот на родители кои сметаат дека децата не мора да одат секој ден на училиште Според истражување на британската консултантска компанија „Паблик фрст“ (Public First), поголем број родители веќе не сметаат дека нивните деца мора да одат на училиште секој ден. Компанијата наведува дека за време на пандемијата на Ковид-19 дошло до […]

Во 40 училишта подобрени се санитетско – хигиенските услови и пристапноста за учениците со попреченост


Завршија градежните активности во 40 училишта каде во текот на летниот период се работеше на подобрување на санитетско – хигиенските услови и на пристапноста за учениците и лицата со попреченост. Во најголем дел од објектите кои беа опфатени, се изградија пристапни рампи и се адаптираа тоалети за ученици со посебни потреби. Некаде пак, се реконструираа […]

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци


Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.   – Со почетокот на новата учебна година, завршија градежните активности во подрачното училиште. Поставена е нова термоизолациона фасада на училишната зграда, изработена е нова стреа, поставени се нови олуци и метални штитници на прозорците, како и настрешница на […]

Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево 


Јапонија донира повеќе од 80.000 ерва за реконструкција на училиште во Кичени, а денеска, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.    Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите […]

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам


Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници кои ќе му помогнат на персоналот во спречувањето на насилство и вандализaм. Како што е најавено во документот објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора, асистентите ќе се обучуваат на Полициската академија во Даниловград и обуката ќе трае 35 дена. Кандидатите треба да се пријават до […]