Изречени 24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици


МВР денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.   При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење […]

МОН: Учениците нема да ги одработуваат часовите од евакуацијата


Училиштата имаат раководства кои се надлежни за организирање непречен воспитно-образовен процес, а тоа значи и обврска да се грижат за безбедноста на учениците додека престојуваат во објектите, велат од МОН во врска со тоа што ученици поради страв деновиве отсуствуваа од наставата во училиштата каде што беа пратени лажни дојави за поставени бомби. -Општините под […]

Ганиу: Учениците од Визбегово од понеделник без превоз, Општина Чаир веќе не може да им го финансира


 Во услови на економско-енергетска криза, Општина Чаир веќе не е во можност да го финансира превозот на речиси 500 ученици од други општини кои учат во училиштата на територијата на Чаир.  Меѓу нив се и ученици од населба Визбегово во општина Бутел, за кои минатата година  двете општини договориле да ги поделат трошоците, но, како што […]

Австрија: Товарен воз удри во училишен автобус


Во околината на Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во судирот се повредени возачот на автобусот и две деца. Судирот меѓу возот и автобусот се случил на ниво на премин, кој не е обезбеден со рампа. Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер […]

Девојчињата добиваат повисоки оценки од момчињата, научниците открија зошто


Девојчињата често добиваат повисоки оценки од момчињата со исти академски способности, покажа ново истражување. Италијанските научници спроведоа анализа на работата на десетици илјади ученици и учители, односно наставници, и сфатија дека се работи за проблем внатре во системот. Резултатите од студијата, објавени во списанието „Британски журнал за социологија и образование“ (British Journal of Sociology of […]

Исклучени од сообраќај 23 автобуси што превезувале ученици


Денеска, од 6 до 10 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици,  за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, […]

Успешно заврши проектот „Редовно на часови“, стипендирани 1515 деца – Роми


Заврши проектот „Редовно на часови“, кој во изминатите три години имаше цел да овозможи еднаков пристап, задржување и поголема проодност на децата Роми во основното образование. Воедно проектот работеше на обезбедување инклузивна средина за учење, кадешто ќе се почитуваат различностите и сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и еднакво стимулирани да успеат во учењето. Во […]

Народниот правобранител го „искара“ МОН за учебниците, за пандемијата, за греењето и за асистентите


Недостиг од учебници или користење оштетени во наставата, недоволна грижа за менталното здравје на учениците, немањето образовни асистенти за учениците со попречености во средните училишта и влијаниаето на енергетската криза врз работата на училишта се нотирани во Информацијата на Народниот правобранител за констатираните слабости при остварувањето на правото на образование и спроведувањето на воспитно-образованиот процес […]

Домашни јаболка за ученици во 350 школи


 Владата на денешната седница ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година. Програмата е нова, се носи прв пат и ќе овозможи околу 186 000 ученици во 350 школи за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за реалзиација на […]

Најмалку 16 ученици загинаа во сообраќајна несреќа во Јужноафриканската Република


Најмалку 16 ученици загинаа во сообраќајна несреќа меѓу минибус и камион на автопат на околу 300 километри од Дурбан, Јужноафриканска Република, соопштија властите. Министерството за транспорт на провинцијата Квазулу-Натал соопшти за 16 загинати, додека локалните медиуми јавуваат за најмалку 19 жртви – деца на возраст меѓу пет и 12 години и тројца возрасни. „Смртта на […]

Австрија со нов совет за штедење: Децата сами да одат во училиште


  Министерството за енергетика на Австрија објави нов совет за граѓаните како може да заштедат енергија, поради големата цена на енергенти. Министерството истакнува дека децата сами би требало да одат во училиште пеш или со градски превоз, место со „семејно такси“. Тоа е добро за самостојноста на децата, но и за заштита на климата, додаваат […]

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта


речиси 63 отсто од учениците во средните училишта потврдуваат дека насилството е присутно во училишната средина, покажува истражувањето кое го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“ во три средни училишта на територијата на Град Скопје (СУГС “Здравко Цветковски”, СУГС “Зефљуш Марку “и СУГС” Шаип Јусуф”). Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта […]

Ученици принудени да патуваат со километри на настава во Илинден  – одлуката кажана во последен момент


Родители од основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден најавуваат бојкот на наставата од 1 септември поради одлуката на директорката да ги премести помалите одделенија во новото, монтажно училиште кое в четврток треба да се отвори, а кое е неколку километри подалеку од објектот во кој лани учеа овие деца. Станува збор за учениците од 1-5 […]

Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение


Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски. -Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави […]

Социолози: Петнаесет години укажувавме на проблемите со наставата по социологија и граѓанско образование


Институтот за социологија при Филозофскиот факултет и Здружението на социолози на Република Македонија (ЗСМ) речиси 15 години на различни начини укажуваа на проблемите со наставата по социологија и граѓанско образование (средното образование и основно образование). Критички настроената „експертската јавност“ која редовно е поканувана на сите активности на ЗСМ по повод критикуваниот учебник по социологија од […]

Oколу 1.700 ученици и наставници ги посетија предавања за финансиска едукација на НБ


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, 88 наставници и професори од основни […]

Вмрежување на германски и домашни компании преку концептот на дуално образование


 Постои тесен контакт меѓу германските економски тенденции и македонскиот развој. Повеќе од 100 години дуалното образование на професионален план покажа дека на овој начин младите може да се едуцираат и да изградат свое место во државата и приватниот бизнис океан, смета ректорот на Државниот дуален универзитет од Манхајм (DHBW), Георг Наглер. Наглер беше дел од […]

Зголемен бројот на основци и средношколци во 2020/2021 во однос на претходната учебна година


На крајот на учебната 2020/2021 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185 925, што е зголемување за 0,1 процент во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта, на крајот на учебната 2020/2021 година имало 71 176 ученици, што е зголемување за 4,2 […]

Наставниците едвај забележуваат булинг во училиштата


Има значителните разлики меѓу перцепцијата на учениците и перцепцијата на наставниците за постоењето на говор на омраза и дискриминација во училиштата, имено перцепцијата на наставниците за постоење на овие феномени во училиштатата е значително пониска, стои во извештајот на Институтот за човекови права кој од декември 2021 година до февруари 2022 година спроведе анкета со […]

Шест ученици ја претставуваат Македонија на Балканска математичка олимпијада во Кипар


Средношколците Никола Спировски, Јасна Илиева, Блаже Суклевски, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски и полуматурантот Дамјан Давков ќе ја претставуваат Македонија на 39- тата Балканска математичка олимпијада (БМО) која од денеска до 9 мај ќе се одржува во Аргос, Кипар. Натпреварот се одржува со физичко присуство на натпреварувачите. Овие ученици покажаа најдобри резултати на Македонската математичка олимпијада […]