Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги прими учениците кои на 55. Меѓународна олимпијада по хемија освоија бронзени медали. -Браво Филип Бојаџиновски, Марио Ванчоски и Петар Мирчевски што ги донесовте освоените  бронзени медали во нашата земја. Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја […]

Бројот на ученици во Охрид се намалува, причина намалениот наталитет, но и иселувањето


Бројот на ученици што се запишуваат во охридските основни и средни училишта се намалува. Причините, според охридските советници, е намалувањето на вкупниот број жители на општината, последица на намалениот наталитет, но и поради иселувањето. Советниците на Општина Охрид на денешната седница ги усвоија одлуките за формирање паралелки со помал број ученици од дозволемиот минимум. Според […]

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети за ЈСП во училиштата


Учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз (ученици во средни училишта чиј основач е Град Скопје) дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта. Всушност, сега ќе им бидат дадени времени билети, кои во меѓувреме ќе бидат заменети со „Скопска“. Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба […]

Во Србија помалку ученици во паралелката, пократки рокови за дисциплински постапки


Владата на Србија денеска усвои предлози за измени на повеќе закони од областа на образованието, со кои, меѓу останатото се овоможува од второ оделение основно училиште оценката на ученикот по владение да биде вклучена во просекот на оценките на крајот на полугодието и на крајот на годината. Со новите закони се овозможува отстранување на ученик […]

Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици


Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала […]

Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието


Учениците од основните и средните училишта се најчести посетители на зградата на Собранието во рамки на организираните посети што ги организира Парламентарниот институт.   Во текот на наставната 2022/2023 гподина односно од 1 септември до 14 јуни за време на организираните обиколки, Собранието го посетиле 9.882 лица, од кои најголемиот дел ученици од основните и […]

Се намалува бројот на запишани првачиња во битолските основни училишта


Се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение во дванаесетте основни училишта во Битола и битолско. Во предвидениот рок запишани се вкупно 751 прваче или споредено со минатата година, бројот е намален за дваесеттина ученици. Од Општина Битола информираа дека во ОУ „Гоце Делчев“ годинава се запишале 46 првачиња, во ОУ „Кирил и Методиј“ […]

Во битолското средно земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во прва година запишани само шест ученици


Во битолското средно земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, во првиот уписен рок кој заврши на 30 јуни, во прва година запишани се само шест ученици. Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, за земјоделското училиште во Битола беа огласени 34 слободни места за една паралелка од земјоделско-ветеринарна струка, а интерес за упис потврдиле само шест […]

Петтина од основците живеат во сиромаштија


Една петтина од децата во основните училишта живеат во сиромаштија. Во некои од училиштата тоа се 50% од децата, некаде се 10%, но и да е едно, тоа заслужува внимание какво што му е потребно, вели Елена Мишиќ, раководителката на проекот чија цел е подобрување на состојбите во образованието, а кој денеска беше презентиран на […]

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна


Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот […]

„Витаминка“ вработи тројца кои одеа на пракса додека учеа средно


Тројца кандидати од првата генерација ученици запишани на образовниот профил за дуално стручно образование по германски модел, добија вработување во Витаминка. Избрани се ученици кои на насоката Техничар за индустриска мехатроника, во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, покажаа особен успех, интерес и иницијатива за работа во ова поле.  Со влегување во Витаминка тие го започнуваат својот […]

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни


Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни. Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење […]

Родителите на идните првачиња од Струмица преку ревија избираа училишни униформи изработени од средношколци


Родителите на идните првачиња од Струмица синоќа преку ревија ги избираа училишните униформи изработени од учениците и нивните ментори од текстилно-кожарската струка при СОУ „Никола Карев“. Со финансисиска помош од еден милион денари од општинската каса средношколците треба да изработат униформи за околу 600 првачиања, кои своето образование треба да го започнат во општинските основни […]

МОН: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година


Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН). -Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија […]

Родителите да престанат да бараат врски и повисоки оценки за децата


Децата со своја умешност и знаење треба да го постигнат успехот на училиште, а не да бараат помош од родителите, кои потоа бараат врски или посвиоки оценки од заслужените за своите деца. – Перцепцијата е дека 92 отсто од родителите бараат врски и повисоки оценки за своите деца на училиште и тоа е поразилтено, смета […]

Ученици од социјално загрозени семејства од Кисела Вода во август ќе летуваат бесплатно


 Децата од социјално загрозени семејства од Општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Од општината соопштуваат дека денес е распишан огласот и се објавени критериумите. За оваа намена, општината ќе издвои три милиони денари од својот буџет. -На ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не […]

Намален бројот на ученици во основните и во средните училишта


 На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184.910, што претставува намалување за 0,6 % во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69.378, што е намалување за 2,5 % во однос […]

УНИЦЕФ повикува на итни активности за поддршка на менталното здравје на децата во училиштата


Претставници од УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, денеска имале средба со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности коишто ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна година. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје информира дека состанокот […]

Дебата: Родителите последни дознаваат за врсничко насилство, што е со соучениците кои снимаат?


Во училишната торба стојат учебниците и тетратките и одговорност на родителите е да видат што има во торбата на нивното дете. МОН не може да биде на местото на родителот или на местото на психологот, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на дебата за врсничко насилство „Stop bullying“ што денеска ја организираше Американскиот […]

Речиси 40 отсто од учениците не се чувствуваат безбедно на училиште


Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно – истражувачкиот проект реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет. Истражувањето е […]