Српската Влада го скратува првото полугодие – учениците ќе останат без оценки


Српската Влада денеска се очекува да усвои заклучок со кој побара од Министерствоито за образование  во согласност со своите законски надлежности, да обезбеди зимскиот училишен распуст да се организира подеднакво за основните и средните училишта низ Србија, така што првото полугодие ќе заврши в понеделник, на 23 декември. Министерството за образование вчера соопшти дека „земајќи […]

Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата


Постои можност распустот за сите ученици да започне во понеделник на 23 декември, седум дена порано од предвиденото во училишниот календар, дознава „Блиц“. Како што пренесува српскиот портал, предлогот е веќе формулиран и се чека одлуката на Владата на Србија. Според тој предлог, второто полугодие ќе започне според планираното, на 20 јануари 2025 година. Со […]

Уште трае состaнокот во МОН каде се решава за проблемот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“


Сѐ уште трае состанокот во МОН со претставници од Општина Аеродром под чии ингеренции е училиштето „Лазо Ангеловски“, каде денеска учениците не се појавија на настава по бојкотот за кој Советот на родители на вчерашната вонредна седница донесе одлука, откако проблематичниот третоодделенец беше вратен во одделението. За вечер повторно е закажана вонредна седница на Советот […]

Реакција од Комисијата за спречување на дискриминација за измените на Законот за основно образование


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува незадоволство од Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за основно образование и вели дека со него не се исполнуваат целите за недискриминација. -Првична цел за изменување на Законот беше, да се внесат одредби со кои ќе се оневозможи и превенира сегрегацијата на децата Роми во образованието, […]

На ТИМСС тестирањето македонските ученици на 44 место од 58 држави


Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место.  Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено  во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик […]

Истражување: Врсничкото насилство зема голем замав


 Врсничкото насилство или булингот има загрижувачки димензии, зашто повеќе од 30 проценти од учениците не се чувствуваат безбедно во училиштата. Ова го покажуваат последните истражувања на состојбата со врсничкото насилство меѓу младите на невладината организација „Коалиција СЕГА“ од Прилеп која со партнери, невладини здруженија во земјава почна 10-годишен проект за врсничкото насилство и што да […]

Герасимовски: Учениците бараат почист воздух, неопходна е стратегија од сите општини и градската власт


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово одржал час по локална самоуправа со учениците од четврто одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, при што ги запознал со работата на локалната самоуправа и тековните активности, но и како функционира Советот. Како што соопштија од Општина Центар, Герасимовски потенцирал дека еден од главните приоритети во неговиот мандат […]

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз


Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје. „Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот […]

МОН: Учениците задолжително ќе учествуваат во општествено корисни активности


На национална конференција за соработката помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, министерката за образование и наука Весна Јаневска соопштила дека Министерството и Бирото за развој на образованието првпат годинава изработиле програма за учениците од седмо до деветто одделение, според која секој ученик е обврзан да учествува во општествено корисни активности со вкупно 30 часови годишно. Како […]

Во тек е исплатата на образовниот додаток


Во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на […]

Насилствата во училиштата не запираат: Ученичка претепана со тврд предмет од соученик во Скопје


Вчера во 15 часот во СВР Скопје, З.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот во основно училиште на подрачјето на Карпош неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тошковски најави засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако двајца првооделенци се обиделе да силуваат соученик


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик. Во одговор на новинарско прашање, Тошковски вели зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши […]

Децата да се во училиште од 8 до 16.30 часот


За социјализација на децата, за да може да се во контакт со модерните технологии, да има со кого да се натпреваруваат министерката за образование предлага подрачните училишта да се припојат кон централните, па оние од руралните места да одат во градските средини. Со ова, смета министерката, и наставницирте кои работат со одделенија од пет, девет […]

Јаневска: Нашите ученици се последни на сите тестирања – едносменска настава за подобрување на успехот


Воведувањето на едносменско работење на училиштата, таму каде што е можно е дел од реформата во образованието, а целта е учениците да бидат подолго во училиштата, за да стекнуваат на различни начини што повеќе знаење, истакна денеска Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во Скопје, која одговараше на новинарско прашање за воведување на едносменската […]

Подароци и желби за успешен почеток од Верверичката за првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“


Со среќа првачиња! Верверичката на Комерцијална банка, на првиот училиштен ден, со особена радост и возбуда ги дочека првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Ги изненади со подароци и забава затоа што нивниот прв училишен ден е дел од нивната најголема среќа. Дел од забавата беа и нашите пријатели од Боренка, кои со […]

Старите проблеми и на почетокот на оваа учебна година


Помалку ученици во клупите, исти плати, место повисоки за наставниците, учебници изработени од претходната власт се доставуваат до учениците, а оние со грешки немаат замена, за странски јазици нема учебници, асистентите денеска потпишуваат нови договори, денеска распишан конкурс за дополнителни, најавено едносменско посетување настава, но дел од училиштата немаат капацитети, скапи школски прибори и тетратки […]

Јаневска: Сите деца кои имале образовен асистент, денес ќе го имаат


Денеска, на почетокот на учебната година, 815 образовни асистенти ги потпишуваат договорите за вработување и можат да почнат со работа, а  дополнително се обезбедуваат уште 200, за кои ќе треба да се почека барем две недели, тври министерката за образование весна Јаневска.  Договорите на досегашните образовни асистенти им истекоа на 31 август, затоа што се […]

РСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/25 година


На почетокот на новата учебна година, РСБСП на сите ученици им посакува среќна и успешна учебна 2024/2025 година и апелира за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата. Секој учесник во сообраќајот особено внимателно треба да се однесува во близина на училиштата и градинките. Но, не само возачите на моторни возила, во сообраќајот […]

Во Пехчево за 10 години 83 отсто помалку средношколци, повеќе ученици само во Скопје и во Струмица


Бројот на средношколци е намален за 20 %. Вкупно, во основното и во средното образование има 27 илјади ученици помалку. Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици. Бројот на наставници, […]

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години


  Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу […]