Учениците во сабота ќе одработуваат поради продолжениот распуст


Основните училишта оваа сабота ќе одработуваат еден од двата пропуштени дена во наставата, кога зимскиот распуст беше продолжен. Вториот ден ќе се одработува на 30 март . Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник и вторник, за одработување на пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух, учениците имаа продолжен распуст. […]

Учениците во Њујорк ќе бидат вегетаријанци секој понеделник


Од 1 септември сите – околу 1,1 милиони ученици во Њујорк – ќе имаат на мени во понеделник во школите вегетаријанска храна. Тоа го објави градоначалникот Бил де Блазио. – Намалување на количина на месо ќе го подобри здравјето на њујорчани и ќе ги намали штетните гасови, смета демократот Де Блазио по повод идејата за […]

Седум момчиња се истепале пред училиште во Скопје


Вчераутро се случила тепачка во близина на ДСУ „Браќа Миладиновци“, а две лица биле повредени во пресметката. Како што пренесе МВР, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. „На 04.02.2019 година околу 09.20 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул. Китка во близина на Државното средно училиште „Браќа Миладиновци“ во населба Драчево […]

Дел од студентите не знаат да ги напишат буквите „ѕ“ и „џ“


Забелешките во нацрт-извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и УНИЦЕФ за способноста на учениците се пораз за сите, смета професорот Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во извештајот се наведува дека дури повеќе од 50 отсто од учениците во основните и средните училишта не ги развиваат основните компетенции што им се […]

Од утре почнува второто полугодие за учениците


Утре почнува втотото полугодие за околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња. „Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од […]

Зимскиот распуст продолжен за два дена


Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови. -Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни […]

Учениците утре се враќаат на настава


По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година. МОН пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд […]

Булингот во училиштата причина за ментални нарушувања


Децата кои одат на училиште се почесто се  соочуваат со малтретирање, познато како булинг . Малтретирањето е во пораст  не  само во земјава туку и во светот, а како резултат на тоа  има се повеќе ментални нарушувања на се порана возраст. Булингот не е изолирано однесување , туку  се повторува од истите деца и  секојдневно. […]

Тинејџер во Сараево почина поради алергија на млеко


Тинејџер од Сараево почина од алергиска реакција на аминокиселина што ја испил вчера по тренинг во теретана. Момчето, 16-годишен ученик во сараевското Средно училиште за применети уметности, имал астма и бил алергичен на млеко. Откако ја испил аминокиселината, добил алергиски напад и се загушил. Безуспешен бил обидот на лекарите да го реанимираат. -Аминокиселината му ја […]

Почна наставата за учениците од ОУ „Гоце Делчев“


Една недела од почетокот на учебната година почна наставата и во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар за речиси петстотини ученици. Изминатава година училиштето се реновираше, ама градежните зафати ги пробија роковите. На трети септември дечињата дојдоа на училиште, меѓутоа истиот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе одлука за одложена примена на објектот, поради […]

Училишни маки на секој почеток од учебна година


Околу петстотини ученици од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар наместо на настава седат дома. Родители револтирани од ситуацијата велат дека децата на првиот училиштен ден отишле на училиште, а попладнето одговорните им соопштиле дека наставата ќе се одложи до крајот на неделава. Проблем е што доградбата започната лани и уште не е завршена иако […]

Првачињата највозбудени на првиот час


За околу двесте и седумдесет илјади ученици започна учебната година. Од нив 20.302 се првачиња, а близу осумнаесет илјади се запишани првпат во средно училиште. Лани, велат од Министерството за образование и наука, запишани биле 21.250 првачиња, што споредено со годинава е помалку за 948. Оттаму објаснуваат дека бројката не е конечна бидејќи во некои […]

Бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето


Во новата учебна година новина е бесплатниот превоз за сите ученици во средните училишта на Градот Скопје независно од оддалеченоста на местото на живеење од училиштето во кое учат. -Досега бесплатен превоз користеле околу 20.000 ученици кои ги живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година бесплатен […]

Нужна е потребата од персонални и образовни асистенти во училиштата


Повеќе од нужна е потребата во училиштата да се вработат образовни и персонални асистенти, стручни лица кои ќе можат секојдневно да работат со децата што имаат телесен инвалидитет или интелектуална попреченост. Во дел од основите и од средните училишта има, ама тие не можат да ги опслужат сите дечиња што имаат попреченост. Синот на Горан […]

Наместо во училиште, учат во џамија и кафулиња


Далеку од пристојни се условите во некои училиштата каде што децата поминуваат поголем дел од денот на настава. Учебната година заврши, ама не и проблемите, велат професорите на кои тие и ова лето им создаваат главоболки. Среќа да учат во современи услови немаа учениците од подрачното основното училиште „11 Октомври“ во Ново Село, Општина Боговиње, […]

Реформите во образованието ќе причекаат


Некои од директорите на основните училишта коишто ги контактираше „Независен весник“ велат дека уште не добиле никакво известување од Министерството за образование и наука дали првачињата од учебната 2018/2019 година ќе учат по нова или стара програма. Тие нагласуваат дека сѐ додека не добијат известување, ќе се учи според меѓународната програма „Кембриџ“, по која се […]

Второ пријавување за упис во средните училишта


Во јавните средни училишта во кои останаа слободни места, денеска ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2018/2019 година. По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, Министерството за образование и наука соопшти дека за второто пријавување слободни се вкупно 24 086 места, од […]

Во средните училишта запишани 11 697 ученици, второто пријавување на 28 јуни


По добиените извештаи од двата дена (18-ти и 19 јуни) пријавување во средните училишта за упис во прва година за 2018/2019 година, Министерството за образование и наука денеска соопшти дека од 17 590 пријавени, запишани се 11 697 ученици. Според видот на образованието, 4 873 се примени во гимназиско образование, 6 462 во стручните училишта, 208 ученици во Спортска […]

Уписите направија метеж во училиштата


Идните средношколци направија вистински метеж во средните училишта, каде што изминатите два дена доставуваа документи за упис. Полуматурантите велат дека изборот каде ќе го продолжат образованието го направиле сами и веруваат дека ќе бидат примени уште во првото пријавување. „Поднесувам пријава за упис во гимназијата ‘Јосип Броз Тито’. Избрав да ја изучувам природно-математичката насока и […]

Почнува летниот распуст за учениците


За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, денеска е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст. Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година.  На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен […]