Во критична состојба е момчето избодено со нож во училиште во Ченто


Деветтоодделенец од Гази Баба е во критична состојба откако врсник го прободел во стомакот со остар предмет. Директорот на Ургентен центар д-р Игор Мерџаноски за весникот Вечер потврдува дека детето е оперирано и е во критична состојба. Полицијата информираше дека е уапсен 15-годишникот кој со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во Општина Гази […]

Ученик од Битола на Тик-Ток објавил список на ученици за „ликвидација“


Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум. Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола соопшти дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. […]

Ученик уби двајца во училиште во Бразил


Ученик застрела двајца вработени во училиштето и рани уште двајца, вклучувајќи и 11-годишно девојче, во најновото пукање во училиште што го потресе Бразил во вторник, објави АФП. Тринаесетгодишно момче е уапсено во врска со нападот во училиштето Сао Хозе во Рио Бранко, главниот град на државата Акре, соопштија локалните власти. Повреденото девојче е рането во […]

Францускиот ученик кој ја избоде наставничката по музичко бил фасциниран од нацизмот


Францускиот средношколец кој вчера ја избоде својата наставничка по музичко во лицето во североисточна Франција бил фасциниран од оружјето и нацистичката идеологија, соопштија властите. Наставничката го преживеала нападот и нејзиниот живот не е во опасност, но 14-годишникот е на работ на смртта откако се избодел во вратот додека полицијата се обидувала да го фати при […]

Ученик претепан со тврд предмет од група малолетници


Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ранецот за пониските одделенија не смее да тежи повеќе од 3 кг: Еве ја максималната тежина за ученици од 6-то до 9-то одделение


Почетокот на учебната година, покрај возбудата и нервозата, носи и грижи кај родителите за тоа како да го спакуваат ранецот на ученикот, бидејќи од тоа зависи не само организацијата на детето, туку и неговото здравје, држење на телото и чувството за независност. Претешкиот ранец може да го оптовари ‘рбетот, да предизвика болка и замор, додека […]

Јаневска: Случајот со третоодделенецот од „Лазо Ангеловски“ сè уште не е комплетно решен


Случајот со третоодделенецот од ОУ „Лазо Англеовски“ сѐ уште не е комплетно решен бидејќи постојат одредени пречки, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, откако во овој случај интервенирале од министерството, состојбите веќе се средуваат. „Социјалната служба проактивно работи“, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на пропуштените часови што […]

МОН предложи проблематичниот ученик да се врати на настава со скратено време, Советот на родители не прифати


Проблематичниот третоодделенец да се врати на настава во „Лазо Ангеловски“, но со скратено време на престој, од половина час, час, а понатаму, кога ќе се интегрира во училиштето, да посетува настава. За родителите веќе е изречена мерка за зголемен родителски надзор од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исто така, наложено е за детето […]

„Лазо Ангеловски“ осамна без ученици и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот


  Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот додека не се реши проблемот со насилниот третоодделенец, но училиштето осамна со транспаренти за поддршка на ученикот.  „Издржи мали, со тебе сме!“ пишува на едниот транспарент распнат на оградата […]

Од утре, бојкот на наставата во „Лазо Ангеловски“ – над 1.500 ученици ќе останат дома


Да се бојкотира наставата, односно ниту еден ученик да не оди во училиште од утре до решавање на проблемот со насилниот ученик од трето одделение, одлучи Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“ на вечерашната вонредна седница. – Овие денови постојано се вперува прстот кон „Лазо Ангеловски“ и локалните служби на оваа образовна институција. Нели […]

Малолетник нападнат од соученик за време на час во скопско Ѓорче


Уште еден малолетник нападнат од врсник во Ѓорче Петров.  – Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки […]

Нов бојкот во училиштето во кое се врати ученикот (9) – директорот поднесе оставка


Нов бојкот на наставата почна во загребско училиште. Повеќе од 1.000 ученици, ниту во матичното ниту во подрачното училиште денеска нема да дојдат на настава, според одлуката на Советот на родители, поради вчерашното ненајавено враќање на ученик со проблематично однесување во училиштето. Директорот вчера си поднесе оставка, откако деветгодишното дете кое предизвика отпишување на целото […]

Ученик од основно училиште во Загреб составил список за отстрел и имал фотографија од оружје


Ученик во основно училиште во Загреб составил список на негови соученици за отстрел и тие закани ги поткрепил со фотографија со оружје, јавува RTL Danas. За случајот е известено Министерството за образование, а и просветната инспекција која извршила надзор. Загрижените родители повикале полиција во училиштето и била направена полициска пријава. Родителите сметаат дека директорот на […]

Почина момчето кое беше застрелано на училиште во Германија


Во Офенбург на југоистокот на Германија, 15-годишен ученик застрелал врсник кој починал во болница денеска среде настава во училиште, соопшти полицијата. „Повредениот ученик во меѓувреме починал во болница“, се вели во соопштението на полицијата. Според полицијата, во четвртокот околу пладне 15-годишно момче влегло во училница во училиште во Офенбург во сојузната покраина Баден-Виртемберг и тешко […]

Пукање во училиште во Сао Паоло: Убиен ученик


 Еден 15-годишен ученик е убиен денеска, а тројца се повредени во пукање во државното училиште Сапопемба во Сао Паоло, јавија бразилските медиуми. Според воената полиција, средношколец од 1 одделение, облечен во училишна униформа, влегол во зградата и пукал во неколку ученици, пренесува „О Глобо“. Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, осомничениот се предал и […]

Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици


 Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што и го предал на директорката на училиштето, потврдија од МВР за МИА. -Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката […]

Момчето повикало полиција по масакрот: „Јас сум Коста Кецмановиќ, застрелав неколку луѓе“ (Фото/Видео)


Момчето кое денеска уби девет лица на училиште повикало полиција и сам се пријавил. Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот повикал полиција и рекол: „Јас сум Коста Кецмановиќ“, и пријавил дека пукал во неколку лица. Како што изјави Милиќ, тој ја избрал училницата во која се одржува часот по историја бидејќи била […]

Ученик украл осум лаптопи од средно училиште во Гази Баба


На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери. Како што соопшти МВР, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. […]

Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож


Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож. Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче. Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница […]

Ученик нападнал соученик во приватно училиште во Карпош


Скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.  На 22.11.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(54) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во приватно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен […]