МОН: Почна печатењето на новите учебници, испораката во ноември


Започна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година за првпат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно […]

Педагошката служба досега одобри 73 учебници за средно стручно образование


Обезбедувањето квалитетни учебници е дел од темелната реформа на националниот образовен систем, унапредувањето на наставните содржини и модернизација на наставата. Материјалите од кои учениците учат се директно поврзани со наставните програми, постигнувањето на планираните резултати од учењето и стекнувањето на потребни компетенции. Министерството за образование и наука информира дека Педагошката служба досега одобри 73 учебници […]

Шаќири упорно ветува учебници до крај на октомври или ноември


Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците, најави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Министерот, посочи дека во најбрзо можно време ќе почнат со печатење на учебниците за тие кои се одобрени од Националниот совет. – Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И […]

Шаќири: Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците од основно и средно образование


Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа […]

Шаќири: Учебниците ќе бидат готови во текот на првото полугодие


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат. – Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на […]

Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот за трансформација на образованието, што од 16 до 19 септември ќе се одржи во Њујорк, САД. Самитот, свикан од генералниот секретар на Обединетите Нации, има за цел да мобилизира на глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост-пандемискиот период, насочени кон подобрување […]

Никако да се надмине проблемот со учебниците, нема ни за средношколците


Учебната година почна навреме, но и годинава изостанаа учебниците за учениците од основните и средните училишта. Во основното образование се импровизира со еден учебник по сите предмети од прво до петто одделение, а оние во повисоките класови мака мачат со учебниците кои ги добиле од претходните генерации затоа што се неупотребливи, искинати или им фалат […]

МОН: Учениците нема да учат од скрипти, материјали ќе се поделат пред 1 септември


Дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година. Учениците нема […]

Продолжува маката со учебниците пред почетокот на учебната година


Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по […]

Учениците ќе имаат и дигитални и печатени учебници


Министерот за образование Јетон Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање, потврди дека учениците кои почнаа од лани со новата дигитална концепција, следната учебна година ќе учат и од дигитални и од печатени улебници.  – Вие знаете дека со концептот што почна лани во прво и четврто одделение треба да продолжи. Материјалите кои биле потребни се направени […]

Рокот за доставување на ракописи за издавање на учебници за основно образование е до 20 мај


Министерството за образование и наука информира рокот за доставување на ракописи во рамки на конкурсот за издавање на учебници за предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми е продолжен до 20 мај. Сите останати конкурсни услови остануваат непроменети.    Право на учество на […]

Јавен оглас за рецензенти на учебници


Министерството за образование и наука објави оглас за рецензенти на учебници за предмети во прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Кандидатите што ќе се пријават за рецензирање на учебниците треба да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот, да бидат наставници од основно  училиште соодветни за конкретниот предмет […]

МОН: Објавен конкурс за издавање на учебници за основно образование


Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во основното образование, денеска е објавен конкурс за издавање на учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование, за кои се изработени нови наставни програми. Право на учество […]

Објавен нов конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки – геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лично услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка, информира Министерството […]

Објавен конкурс за учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Педагошката служба денеска објави Конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки. Министерството за образование и наука информира дека објавениот конкурс е во рамки на процесот на унапредување на наставните содржини и модернизација на наставата во средното стручно образование. Право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со […]

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници


Министерството за образование и наука ги разгледува сите можности, во тек се постапки и од 1 септември сите ученици во основно и средно образование ќе имаат учебници, соопшти ресорниот министер Јетон Шаќири. Пред учеството на трибина во Струга, која е дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, одговарајќи на новинарско прашање за немањето учебници по […]

Антиката ќе почека нова грчка комисија


Промената на власта во Грција ги запре преговорите во Комисијата за учебници. Иако од грчката страна стигнаа информации оти голем дел од отворените прашања биле решени во нивна полза, фактите на терен говорат дека во моментов има целосен застој во дијалогот, затоа што Македонија нема со кого да преговара. Според информациите од нашата страна, Грција […]

Со години нема учебници за стручното образование


Со години нема учебници во дел од средните стручни училишта, па наставниците се принудени сами да се снаоѓаат кога го предаваат наставниот материјал. За машинската струка фалат учебници по предметите технологија на обработка за прва, втора и трета година, компјутерско моделирање и конструирање за втора и трета година и проектирање на производно-технолошки системи за четврта […]

Ќе се ревидираат учебниците по историја и географија


Откако ќе завршат разгледувањата на забелешките на учебниците по историја и географија од страна на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија и Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, образовни и археолошки прашања на Северна Македонија и на Грција и ќе се усогласат ставовите, ќе почне ревидирањето на учебниците во земјава, вели […]

Во грчките учебници немало дека сме творба на Тито


Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, образовни и археолошки прашања од земјава и Грција ќе бара начин да се реинтерпретираат одредени историски настани, но нема да се исфрлаат содржини од учебниците, велат извори од Комитетот по дводневниот состанок во Скопје. Македонската страна, како што велат, се повикува на принципите на Советот на Европа и […]