„Четворка“ за учебната година: За промени и реформи во образованието треба време, вели министерката Јаневска


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време.   -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени […]

Почнува новата учебна година, во училиштата запишани 177.800 основци и 67.200 средношколци


Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.   […]

Новата учебна година ќе ја започнат 177.800 основци и 67.200 средношколци, vештачката интелигенција влегува во наставата


Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските […]

Завршува учебната година, учениците одат на летен распуст


За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го […]

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години


  Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу […]

Учебната година повторно не започнува за децата во Воспитно-поправниот дом Тетово


Образовниот процес за штитениците од Воспитно поправниот дом – Тетово и оваа година нема да започне. Како и лани, овие деца на првиот училишен ден повторно нема да седнат во училишните клупи и да учат. Годинава нема проект, а не се донесени ниту законските измени потребни за формализирање на процесот. Непосредно пред почетокот на новата […]

Учениците утре се враќаат на настава, до крајот на учебната година ќе имаат пролетен распуст


По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците утре ќе се вратат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година. Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до […]

Во петок голем хепенинг во Гази Баба по повод стартот на учебната година


Под мотото „Среќно ученици” за прв пат оваа година, општина Гази Баба организира голем забавен хепенинг за сите дечиња по повод почетокот на учебната година. Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски за детската забава ќе се погрижат: Светот на Биби, учесниците на Детскиот фестивал Поточиња, пантомимичари и забавни ликови од омилените детски цртани филмови. Забавата […]

Бутел е подготвен за учебната година – Ранчињата и приборот се тука, униформите ќе пристигнат


Општина Бутел е подготвена за новата учебна година, порача денеска градоначалникот на општината Дарко Костовски кој оствари работен состанок со директорите на основни општински училишта и директорката на градинката. – Разговаравме за тековните активносни и претстојната учебна година. Сите општински основни училишта се подготвени за почетокот на новата училишта година. Летниот период беше активно искорситен […]

Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит


Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни. Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 […]

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни


Наставата од учебната 2022/2023 година утре (9 јуни) ќе заврши за средношколците, а учениците во основните училишта до летниот распуст ќе одработат уште три дена – последниот училиштен ден за нив е в среда, 14 јуни. Пролонгирањето на учебната година за основците се должи на продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење […]

МОН апелира сите училишта да се пријават за субвенционирана струја


Министерството за образование и наука информира дека учебната година продолжува на 23 јануари. Со одлука на Владата, на предлог на Министерството, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари почнува на 23  јануари (понеделник),  со физичко присуство за сите ученици. Зимскиот распуст е продолжен поради заштита на здравјето на учениците и заштеда на […]

Шаќири: Денеска и секогаш на страната на наставниците, учениците и образованието


Денеска и секогаш на страната на наставниците, на страната на учениците и на страната на образованието. Само заедно можеме да обезбедиме подобро и поквалитетно образование, напиша на Фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири, посакувајќи им на учениците, наставниците и родителите среќен почеток на новата учебна година.   -Почнуваме навремено, на 1 септември и […]

Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение


Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски. -Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави […]

Нема продолжување на учебната година


Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи  Владата на денешната седница на која  донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. -Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема […]

Да нема продолжување на учебната година бара СОНК


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има […]

До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие


До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред […]

Учебната година да продолжи од 1 февруари, препорача Главниот кризен координативен штаб


Главниот кризен координативен штаб (ГККШ) за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот на денешната седница заклучи дека во моментов епидемиолошки земјата се наоѓа во пик поради поради кој препорачува да се одложи учебната година до 1 февруари годинава со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од […]

Засега, без одлука за датумот за старт на второто полугодие за учениците


Наредните денови Комисијата за заразни болести ќе треба да донесе одлука за предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, кои се асимптоматски случаи. Членовите на Комисијата на вчерашниот состанок ја разгледуваа и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог […]

Нема кратење на изолацијата, почетокот на второто полугодие ќе зависи од епидемијата


 Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој […]