Попладне можни се грмежи, пороен дожд и услови за невреме, најавува УХМР


Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека […]

Нѐ очекува натпросечно топло лето, прогнозира УХМР


Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот […]

ЦУК и УХМР навремено ќе ги информираат граѓаните за непогоди


 Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка.  Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена […]

Итно предупредување од УХМР: Реките се пред излевање


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно соопштение во кое предупредува на сериозна опасност од излевање на реките низ државата. Според најновиот „Хидро аларм“ за периодот од 1-ви до 2-ри април 2026 година, постои голема веројатност за нагло зголемување на водостојот на речните корита, што може да доведе до локални поплави. Надлежните апелираат на […]

УХМР со предупредување за утре: Врнежи, ветар и снежна покривка на планините


Утре ќе дува умерен со засилен, а на места повремено и силен ветар (над 60 км/ч) од јужен правец. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во пекот наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20л/м2, а ќе има и услови за појава […]

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер


Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да […]

УХМР со метео аларм за утре, се очекува силен ветер во овие делови од Македонија


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска сподели „метео аларм“ за утрешниот ден (07.10.2025). Имено, од УХМР во Фејсбук објава најавија дека утре ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h). На фотографијата која ја споделија прикажано е кои делови од Македонија ќе бидат зафатени со силен […]

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури


Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот […]

УХМР со предупредување: Температури над 40 °C со силен ветар


УХМР денеска издаде предупредување дека денес ќе се задржи сончево и многу топло со дневна температура наместа и над 40°C. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h), а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.  Како што моќе да се забележи од мапата во прилог, најзагрозен […]

УХМР: Интензивни врнежи западно од Скопје, кон Гостивар и Тетово


Се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, ова укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град, забалежува УХМР. Радарската слика покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.

УХМР: Нѐ очекува потопло и посушно лето


Летово се очекува да биде значително потопло и посушно од многугодишните просечни вредности. Во државата постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува […]

УХМР: Март многу топол и натпросечно врнежлив


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец март 2025 година се карактеризира како многу топол и просечно до натпросечно врнежлив, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/2020), соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 3,9°Ц во Лазарополе до 11,3°Ц во Гевгелија. Споредено со просечните мартовски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната […]

Во Гевгелија наврнаа 40 литри дожд на метар квадратен, најмалку во Берово и Охрид


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија каде се измерени 40 l/m2, потоа 30 во Пожар-Радовиш, 26 во Струмица, 18 во Штип и Демир Капија, 17 во Куманово, 16 во Пожаране, 15 во Крушево и Попова Шапка, 13 во Тополчани, 12 во Прилеп, Претор и  Маврови Анови, 9 Битола и Велес, 8 во […]

Замрзнат дожд ноќва во Скопје – снег низ Македонија


АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (за 03. и 04.01.2025): Денес во ноќните часови на повеќе места ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и планините. Во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни (20 л/м2). На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на […]

УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. […]

Утре попладне пороен дожд и град – внимавајте на громови


Од УХМР известуваат дека утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура. Во Скопје во следните денови […]

Пороен дожд, грмежи и локално невреме во недела и во понеделник


Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 30 […]

Август просечно топол и врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20 година


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август 2023 година се карактеризира како просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20 година, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени Целзиусови во Маврово до 27,1 степени Целзиусови во Гевгелија. Споредено […]

До понеделник многу топло време, од вторник пад на температурите за неколку степени


До понеделник ќе се задржи многу топло време, информира Управата за хидрометеоролошки работа. УХМР за утре (сабота) во попладневните часови прогнозира развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во јужните делови од земјава.  -Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд […]

Кој ќе ги штити посевите од град: Нема авионско засејување на облаците, реагенсите се дефицитарни


 Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни. Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина. Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање […]