Еден од најмоќните урагани што некогаш ја погодиле Јамајка зеде три жртви досега


Уraganot Мелиса пристигна на југозападниот брег на Јамајка, удирајќи го островот со ветрови до 300 км/ч – што го прави најсилната бура што некогаш е забележана што ја погодила земјата. Во текот на следните неколку часа, ураганот ќе ја опустоши Јамајка, а потоа ќе се движи кон источниот брег на Куба, каде што постепено треба […]

Доаѓа најсилната бура во последните децении: „Многу заедници нема да преживеат“


Бурата Мелиса се приближува кон Јамајка со ветрови од 260 километри на час. Се очекува бурата да ги погоди Куба, Бахамите и Бермудите, а веќе остави значителни штети во Доминиканската Република и Хаити. Ураганот Мелиса, откако ја помина Доминиканската Република, се засили во бура од петта категорија и се приближува кон Јамајка со ветрови од […]

Во Финска првпат забележан ураган, илјадници домаќинства останаа без струја


На западот на Финска, првпат во историјата, ветерот достигна ураганска сила, поради што од саботата 17 илјади куќи останаа без струја. Во Раума на југозападот на земјата просечната брзина на ветерот во петокот навечер достигна 33,5 метри во секунда, во Пори – до 30,3 метри во секунда, пренесуваат финските медиуми. Ветерот со просечна брзина од […]

Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида


Најмалку 10 луѓе загинаа кога ураганот Милтон ја погоди јужната американска држава Флорида, изјави денеска висок владин претставник. „Имаме извештаи дека најмалку 10 лица ги загубиле животите како последица на ураганот Милтон“, изјави секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас. Ураганот Милтон денеска навлезе во Атлантскиот Океан откако ја погоди катастрофално американската сојузна држава Флорида,  предизвика […]

Најмалку едно лице загина во ураганот „Кирк“ што ја погоди Франција


Најмалку едно лице загина кога ураганот „Кирк“ го погоди јужниот дел на Франција, а повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја, објавија утринава француските медиуми. Три чамци беа превртени од ветрот во близина на пристаништето Сете, на југот на Франција, при што еден мртов и еден во критична состојба. Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, […]

(Видео) Ураганот Хелена остави хаос зад себе – 43 мртви, а спасувале луѓе од покрив на болница


Голем дел од југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави денес се соочува со тешка задача да го поправи уништувањето што го остави ураганот Хелена, еден од најмоќните што ја погоди земјата, додека бројот на жртви продолжува да расте. Од вчера вечерта, официјалниот број на загинати се искачи на 43, но властите стравуваат дека ќе бидат […]

Бурата Хелена усмрти најмалку девет луѓе во САД


Најмалку девет луѓе загинаа при налет на бурата Хелена во југоисточниот дел на САД. Поради невремето повеќе од четири милиони луѓе останаа без електрична енергија. Шест американски сојузни држави прогласија вонредна состојба поради бурата Хелена, а издадено е предупредување за 60 милиони луѓе во 12 сојузни држави. Невремето пристигна до брегот како ураган од четврта […]

(Видео) Американец весла низ дневната соба: „Планот беше да избегам со кајак“


Ураганот од четврта категорија по име Хелен, еден од најсилните овој век, ја погоди Флорида. Засега не се познати последиците бидејќи таму е ноќ, а гувернерот најави дека повеќе ќе знае наутро по локално време. Жител на Флорида изјави за Си-ен-ен дека смета дека бурата нема да биде сериозна. „Бурата започна прилично бавно, а потоа, […]

Бурата „Хелена“ се засили до ураган, вонредна состојба во Флорида и Џорџија


 Тропската бура Хелена денеска се интензивира до ниво на ураган, а метеоролозите предупредија дека бурата ќе се засили кога ќе го премине Мексиканскиот залив и се придвижи кон американската сојузна држава Флорида. Поради „Хелена“ крајбрежното население е евакуирано, училиштата се затворени, а во Флорида и Џорџија е прогласена вонредна состојба. Повеќе од 40 милиони луѓе […]

Ураганот Џон проследен со обилни врнежи го погоди јужниот пацифички брег на Мексико


Ураганот Џон, проследен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико. Оваа временска непогода се засили од тропска бура во ураган за само неколку часа, а брзото засилување на бурата ги изненади властите кои се обидуваа навреме да ги ажурираат советите до населението. Невремето го зафати крајбрежниот појас […]

Петмина загинати откако ураганот „Деби“ го погоди југоистокот на САД


Најмалку пет лица загинаа откако ураганот Деби удри во Флорида, пред да ослабне во тропска бура. Деби се очекува да предизвика големи поплави во делови од Џорџија и Каролина во наредните денови, јави Би-би-си. Националниот центар за урагани предупреди на „животозагрозувачка“ закана од поплави поради „бавнодвижечката бура“ која носи „обилни врнежи“. Деби удри вчера наутро […]

Прогласена вонредна состојба во САД – Опасно е по живот, пристигнуваат урагани


Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа во која живеат повеќе од осум милиони луѓе. Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, […]

Опасен ураган му се заканува на популарно туристичко одморалиште


Ураганот Отис се движи кон популарното одморалиште Акапулко и се подготвува да стигне на брегот на Мексико во Тихиот Океан како „исклучително опасна“ бура од петта категорија. Отис се очекуваше утрово да дојде до брегот, носејќи силен ветер и обилен дожд. Вчера доцна попладнето веќе беше ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од […]

Ураганот „Лидија“ го погоди Мексико, дуваше ветер со брзина и до 220 км/ч


Исклучително опасниот ураган „Лидија“ го погоди тихоокеанскиот брег на Мексико како бура од четврта категорија и донесе ветрови кои дуваа со брзина до 220 км/ч, а во меѓувреме ослабна на ниво од категорија втора, јавува Би-би-си. Властите во државата Најарит соопштија дека маж загинал откако дрво паднало врз комбето што го возел. Ураганот „Лидија“ стигна […]

Ураганот Никол за неколку часа ќе пристигне до источниот брег на Флорида


Ураганот Никол се очекува во следните неколку часа да пристигне до источниот брег на Флорида, проследен со силни ветришта и опасни удари на невремето, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC), пренесуваат британските медиуми. Американските медиуми пренесуваат дека властите на Флорида вчера им наредиле на жителите во најмалку три окрузи да се евакуираат од […]

Мексико се подготвува за Розлин


  Жителите на крајбрежните области во западно Мексико се подготвуваат за ураганот Розлин, кој се движи низ Тихиот Океан откако се засили до категорија 4 и се очекува денеска да го погоди копното. Ураганот има ветрови со брзина од 215 километри на час и се наоѓа на 145 километри од Кабо Кориентес, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Ураганот се смета за силен кога ќе ја надмине категоријата […]

На Мексико му се заканува силен удар од ураганот Рослин


Пацифичкот брег на Мексико најверојатно ќе биде погоден од ураганот Рослин кој со себе носи опасна бура и поплави, соопшти американскиот Националнен ценатр за урагани. Мексиканските власти апелираат жителите на некои области да се сокријат на безбедно. Послин во петокот зајакна во категорија еден за урагни кдодека се приближуваше до летувалиштата во централно Мексико. Подготовките […]

Тропската бура Џулија прерасна во ураган


  Тропската бура Џулија прерасна во ураган, соопшти Националниот центар за урагани на САД. Невремето е со ветрови со брзина од 120 километри на час. Неколку земји од Централна Америка беа ставени во состојба на готовност поради нејзиното приближување. Меѓу нив се Никарагва, Колумбија и Гватемала. Бурата може да ги зафати и Хондурас и Ел […]

Од ураганот Ијан досега загинаа 78 лица


Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со искачи на 74 лица само во Флорида и уште неколкумина во Северна Каролина, јави Си-ен-ен. Повеќе од 1.100 лица биле спасени во деловите под вода во југозападна и централна Флорида, каде ураганот беше проследен со налети на ветрот од над 200 километри на час. Како што јавија од […]

Ураганот Орлен се засили во бура од четврта категорија додека се движи кон западно Мексико


Ураганот Орлен што брзо се засили на четврта категорија се приближува кон западно Мексико, каде се очекува да предизвика поплави опасни по живот, според Националниот центар за урагани, пренесува Си-Ен-Ен. Ураганот, со максимални постојани ветрови од 130 милји на час, се предвидува дека ќе стигне до брегот на континенталниот дел на Мексико во понеделник или […]