Запишувањето на факултет никако целосно да се дигитализира – студентите, на пеколни температури, со часови пред студентски прашања


Универзитетите  ги отворија вратите за новата генерација студенти, кои денеска, на температури близу 40 степени, повторно со часови стоеја пред факултетите за да ги поднесат документите за упис. Студентските организации и постојано бараат промени во правилниците за целосно укинување на хартиените документи и воведување електронски индекси. Но, се уште, по дигиталната пријава, прелиминираните ранглисти, сепак […]

Шест научни труда ќе бидат услов за добивање звање редовен професор, предвидува Законот за високо образование


Новиот Закон за високо образование, кој деновиве ќе се најде на јавен увид преку системот ЕНЕР каде што ќе можат сите засегнати да достават забелешки, предвидува сериозни промени во начинот на избор на професорите, во начинот на финансирање на универзитетите и во начинот на детектирање на плагијатите во научните трудови. Министерката за образование и наука […]

Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип одбележува 18 години од основањето


Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска одбележува 18 години од основањето со настан за промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции. На настанот  „18 години УГД – Партнерства и соработки” во мултимедијалната сала на УГД ќе се одржат три панел дискусии:  УГД и локалната заедница,  УГД и бизнис секторот […]

Јаневска: Со повеќегодишен буџет Владата ќе го поддржи Универзитетот „Мајка Тереза“


Универзитетот „Мајка Тереза“ е нашиот најмлад државен универзитет. Владата е посветена кон обезбедување на ресурси потребни тој и натаму да се развива. Со буџет од 34 милиони евра кои ќе се обезбедуваат етапно, почнувајќи од оваа и во текот на следните пет години, ќе го поддржи градењето на модерен кампус кој ќе биде центар за […]

Пукање во кампусот на Универзитетот во Флорида: Полицијата на нозе, има ранети


Најмалку четири лица се ранети во пукање во студентскиот дом на Универзитетот во Флорида (ФСУ). Претставниците на болницата потврдија дека четири лица се примени, но не дадоа детали за природата на нивните повреди или нивната состојба, поради почитување на приватноста на пациентите и точноста на информациите, според локалната ТВ WC. Очевидец пријавил дека видел помлад […]

УКИМ почнува со дигитална трансформација – можеби нема повеќе да има редици пред студентски прашања


За година до година и половина, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, очекува да се дигитализираат основните студентски сервиси, со што би се избегнале долгите редици пред студентски прашања каде се заверуваа семестри и се пријавуваа испити.   „УКИМ почнува со дигитална трансформација, многу скоро, почнуваме со првите чекори. Најнапред ќе ги дигитализираме […]

Намален бројот на дипломирани студенти минатата година во однос на 2022 година


Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година.  Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба […]

Образованието и истражувањето се најдобри инвестиции: Свечена академија по повод 75 години УКИМ


 Нема подобра инвестиција од онаа во образованието и истражувањето, оти развојот се темели и ќе остане да се темели на доброто образование, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вечерва, на свечената академија што по повод 75-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и одбележувањето на патрониот ден на Универзитетот. Обраќајќи се пред претставници на […]

Петте универзитети бараат потпишување на колективните договори, за да им се зголемат платите како на колегите од УКИМ


Петте државни универзитети реагираат на дискриминацијата што им ја направија Собранието и Владата, во врска со колективниот договор, според кој платата се зголемува за 22% само за јавниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ а не и за други јавни универзитети во земјава. Од таму велат дека имаат  реакција на вработените и членовите на Синдикатите на […]

Меморандум за соработка меѓу Скопскиот универзитет и Министерството за одбрана


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и Министерството за одбрана потпишаа Меморандум за соработка со кој на студентите им се овозможува практична настава, препораки за вработување на најдобрите во областите од интерес на одбраната, стипендирање студенти од критични специјалности и промоција на воената професија на студентите на Скопскиот универзитет. Меморандумот денеска го потпишаа министерката за одбрана […]

Еден од најдобрите универзитети во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома


Еден од најдобрите универзитети во Кина ги укина тестовите по англиски јазик како предуслов за дипломирање, што повторно ја поттикна дебатата за улогата на овој светски јазик во образовниот систем на земјата, јави Си-Ен-Ен.  Универзитетот Сиан Џиаотонг, во главниот град на провинцијата Шанси, соопшти дека од студентите повеќе нема да се бара да полагаат национален […]

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ избран на Конкурсот за поддршка на универзитетите во рамки на Еразмус+


Европската комисијата ги објави резултатите од Конкурсот за Програмата Еразмус+ за 2023 година за „Иницијативата за европски универзитети“, која обезбедува поддршка на асоцијации на високообразовни институции, а меѓу избраните е и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) од Битола како дел од асоцијацијата „Иновативено одржлива соработка на регионални универзитети“ (ЦОЛОУРС) заедно со универзитети од Полска, Хрватска, […]

Универзитетите да нудат програми пократки од три години


Мора да се размислува универзитетите да нудат програми пократки од три години со цел јазот помеѓу образованието и пазарот на трудот да се пополни. Исто така, неопходно е поврзување и усогласување меѓу овие два сектори. Ова беше истакнато на денешната тркалезна маса „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“, […]

Поради солзавец прекинат концерт во дворот на Универзитетот „Аристотел“ во Солун


Концертот на грчкиот музичар Танасис Папаконстантину во дворот пред Филозофскиот факултет на солунскиот Универзитет „Аристотел“, кусо по полноќ, поради солзавец и шок бомби беше прекинат, а инцидентите се префрлија на улиците во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Студентите и присутните на концертот, преку социјалните мрежи, тврдат дека полицајците, без причина, со солзавец го […]

Конкурс за стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на МБА-програмата за 2022/2023


Распишан е Конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии за паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Стипендиите покриваат уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од втор циклус, кои се реализираат во Солун, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство и Универзитетот во Стразбур во […]

Нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година


Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.  Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни […]

Лани дипломирале 7 753 студенти, за 12.2 отсто повеќе од 2020 година


 Во 2021 година дипломирале 7 753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12.2 отсто во споредба со 2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 528, односно 84.2 отсто се редовни, а 1 225, односно 15.8 проценти се […]

Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија


Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија. Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ


Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 18 февруари по четврти пат ќе организира Меѓународна недела, која втора година се одржува онлајн поради пандемијата. Излагањата на учесниците ќе бидат на актуелни теми од хуманистичките и општествените науки. Како што соопшти факултетот, предавање ќе имаат петнаесетина професори од универзитети од САД, Обединетото […]

Формалниот образовен процес не учи на вештини за претприемништво


Формалниот образовен процес не им нуди на младите соодветна можност за стекнување на знаења и вештини за претприемништво, а постои и јасен недостаток на практично и искуствено учење, како и учење за тимска работа. Самото образование пак, игра пасивна и маргинална улога во идеолошките ставови. Ова се клучните наоди од истражувањата на Младинскиот образовен форум […]