Амазонски оперски куќи додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО


Две оперски куќи во бразилскиот Амазон, Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, на врвот на економскиот бум базиран на трговијата со гума, а одлуката ја донесе денес културната агенција на ОН, објави АП. […]

УНЕСКО ја отстрани Виена од листата на загрозено наследство. Нема да гради облакодер висок 73 метри


УНЕСКО денес одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа ревидирани плановите за контроверзен проект за облакодер, кој со години предизвикуваше загриженост, се вели во соопштението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Историскиот центар на Виена беше додаден на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО […]

Еуфорија во Грција по впишувањето на Олимп на листата на УНЕСКО


  По 12 години чекање, планината Олимп, митскиот дом на античките грчки богови, е примена во сала на посовремена слава, откако УНЕСКО објави дека ќе биде додадена на својата листа на светско наследство. Највисоката планина во Грција се најде на листата заедно со плажите за истоварувањето на Денот Д во Втората светска војна во северна […]

Мочуриште во Џорџија и храм во Тајланд се меѓу новите локации на листата на УНЕСКО


На состанокот во Бусан, Јужна Кореја, во саботата, комитетот на УНЕСКО додаде неколку нови локации од САД, Тајланд, Јужна Кореја, Кина и Коморите на листата на светско наследство. Меѓу новите локации е и мочуриштето Окефеноки во американската држава Џорџија, еден од најголемите слатководни екосистеми во светот. Тоа е широка мрежа на мочуришта со исклучителна биолошка […]

Села: Владата прави девијација на Коридор 8, а како изговор го користи УНЕСКО


Пратеникот Зијадин Села денеска на прес-конференција обвини дека Владата се подготвува да направи девијација на Коридор 8 и да го напушти предвидениот правец, при што како причина се наведува заштитата на подрачјето под УНЕСКО. – Владата се подготвува да направи девијација на Коридорот 8, наместо да се реализира проектот кој е многу значаен за економијата […]

Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид


Третата седница на Националната комисија за УНЕСКО ќе се одржи денеска во Охрид.  Претседател на Националната комисија е министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што соопшти Министерство за култура и туризам Љутков  е предвиено да даде изјава за медиуми во врска со седницата. 

Работите на автопатиштата се одвиваат според планот, освен трасата Требеништа–Ќафасан поради забелешки од УНЕСКО, вели Николоски


Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека изградбата на новите автопатишта од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива според планираната динамика, со исклучок на трасата Требеништа–Ќафасан, каде работите се стопирани поради забелешки од УНЕСКО. Николоски во гостување на Канал 5 телевизија нагласи дека и покрај двегодишно одложување оваа Влада […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


 Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот” – најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание денеска со трибина и концерти ќе одбележи десет години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Македонскиот КИЦ во Загреб соопшти […]

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми


Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади. УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, […]

УНЕСКО: Обновата на научната инфраструктура на Украина ќе чини повеќе од 1,26 милијарди долари


Трошоците за обновување на државната научна инфраструктура на Украина, уништена за време на руската агресија, изнесуваат повеќе од 1,26 милијарди долари, се наведува во извештајот на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО). Според новото истражување објавено денеска од страна на УНЕСКО и Малата академија на науките на Украина, 1.443 згради кои […]

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје


Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Според неа, состојбата на терен ќе каже, а потоа ќе постапуваат. – Направено е скенирање на […]

Македонија е мултикултурна реткост, рече Ковачевски во УНЕСКО


  Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам, истакна премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на 42-та Генерална конференција на УНЕСКО во Париз. Ковачевски е прв премиер од Македонија што се обрати во УНЕСКО. Тој посочи дека овие два исклучителни важни моменти за нашата современа историја го обврзуваат ова прво премиерско обраќање да […]

( Видео) Костадиновска-Стојчевска ќе информира за заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција ќе информира за заклучоците од 45.сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 12 до 17 септември во Ријад, Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на Охридскиот Регион. На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе стане збор и за актуелните теми и […]

УНЕСКО: Венеција вон листата на загрозено културно наследство


Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство – спротивно на очекуваното. Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката вчера на тековниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија. Сепак, Комитетот ја повтори својата загриженост за правилно зачувување на […]

Статусот на Охрид и на Охридскиот регион на 45-тата Сесија на УНЕСКО во Ријад


Статусот на Охрид и Охридскиот регион како комбинирано светско културно и природно богатство ќе биде разгледуван на 45-тата Сесија на Комитетот за светското кулурно наследство што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Експертите на УНЕСКО ќе се произнесат за тоа дали и колку Република Северна Македонија и Република Албанија изминатите две години постапиле во насока […]

УНЕСКО сака да ја стави Венеција на листата на загрозено наследство


Експертите на УНЕСКО препорачаа Венеција и нејзината лагуна да бидат ставени на списокот на организацијата за загрозено наследство, наведувајќи дека градот се соочува со бројни закани. „Ефектите од континуираното влошување поради интервенциите на човекот, вклучително и континуираниот развој, ефектите од климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на извонредната универзална вредност […]

УНЕСКО предупредува на прекумерна употреба на најновите технологии во училиштата


УНЕСКО предупредува дека прекумерното потпирање на технологијата во образованието може да биде непродуктивно, па дури и штетно, доколку се меша во стекнувањето основни вештини, како што е читањето. Учениците треба да учат за технологијата во светот, но наставниците треба да внимаваат претерано да не користат „технолошки помагала“ во наставата, предупреди УНЕСКО во својот извештај. Тие […]

Тридневна средба на УНЕСКО за ставање крај на глобалното загадување со пластика


Претставници на 175 држави учествуваат на средба седиштето на УНЕСКО, на која треба до идната година да се постигне напредок за ставање на крај на загадувањето со пластика. Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека глобалното загадување со пластика […]

Екологисти од Охрид, Струга и Поградец незадоволни од поднесените извештаи до УНЕСКО за Охридскиот регион


Претставници на 17 еколошки невладини организации и граѓански иницијативи од Охрид, Струга и Поградец денеска на прес-конференција истакнаа дека поднесениот Извештај на Министерството за култура до УНЕСКО околу заштитата на културното и природното наследство на Охридскиот регион, не соодветствува со реалната состојба на терен. Според Никола Киселинов од туристичката асоцијација „Билјана“ од Охрид, овој Извештај […]

Јубилејна манифестација посветена на обичајот Мартинки – културно наследство на УНЕСКО


Јубилејната и десетта по ред традиционална манифестација „Среќна Баба Марта 2023“ од денеска до 1 март ќе биде отворена за јавноста, на вториот кат во Капитол Мол во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинки, како нематеријално […]