Унгарија и Словачка покренаа тужба против Европската Унија поради забраната за руски гас


Унгарија и Словачка ќе ја тужат Европската Унија поради нејзиниот план за забрана на целиот увоз на руски гас штом законот официјално стапи во сила, објавија денес министрите за надворешни работи на тие земји. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, напиша на мрежата X во понеделник дека земјата ќе ги искористи сите законски средства […]

Подароците на Орбан за пензионерите не ги менуваат анкетите во Унгарија


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан можеби доби краток поттик на анкетите минатиот месец од скапиот засладувач за пензии, но се соочува со трка со времето пред изборите во април за да ја сврти стагнирачката економија доволно за да го продолжи 15-годишното држење на власта. Кандидатурата за повторен избор на Орбан ќе биде следена […]

Унгарија склучи договор со американски „Шеврон“ за снабдување со гас


Унгарија денеска соопшти дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“. – Новиот договор, склучен меѓу „Шеврон“ и унгарската јавна електроенергетска компанија МВМ, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри ТНГ (LNG) годишно во следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министерот […]

Лудница во Будимпешта. Погледнете како отпишаната Ирска ја исфрли Унгарија од баражот за СП


Ирска ја победи Унгарија со 3:2 во Будимпешта и обезбеди место во дополнителните квалификации за Светското првенство. Бидејќи Португалија претходно ја победи Ерменија со убедливи 9:1 и освои директен билет за Светското првенство, Унгарија и Ирска играа директно за плејофот, во кој нерешено беше доволно за домаќините. Унгарија поведе во 3-тата минута преку Даниел Лукач, […]

Трамп размислува за изземање на Унгарија од санкциите поврзани со руските јаглеводороди


Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап […]

Шок во Унгарија откако сојузник на Орбан го купи најчитаниот весник


  Новинарите во најчитаниот весник во Унгарија изразија шок откако медиумска група, која се смета за блиска до партијата на националистичкиот премиер Виктор Орбан, Фидес, го купи таблоидот од неговите претходни швајцарски сопственици. Купувањето, кое се случува во време кога Унгарија се подготвува за клучни избори следната година, на кои Орбан се соочува со невиден […]

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас


САД очекуваат Унгарија да престане да користи руската нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО, додека во исто време Вашингтон ги повика Будимпешта, Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на нивната енергетска зависност од Русија Како што пишува „Украинска Правда“, Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ […]

Унгарија ќе ја оспори одлуката на ЕУ за забрана на снабдувањето со руски гас пред Европскиот суд


Унгарија има намера да ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас пред Европскиот суд на правдата, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, […]

Унгарија блокира пристап до 12 украински веб-страници


Унгарија денеска соопшти дека го блокира пристапот до 12 украински новински веб-страници по сличен потег на Киев. Претходно овој месец, Украина блокираше разни веб-страници што безбедносните служби ги оценија како проруски. Меѓу нив имаше осум портали на унгарски јазик, вклучувајќи го и популарниот провладин сајт origo.hu. -Суверена држава мора да даде пропорционален одговор на целосно […]

Унгарија и Хрватска меѓусебно се обвинуваат за воено профитерство


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговори на коментарот на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој во контекст на енергетската соработка, ја обвини Хрватска дека се однесува како воен профитер. – Со огорченост ја отфрлам лажната теза дека Хрватска е воен профитер. Напротив, Хрватска е добар и чесен сосед, наведе Пленковиќ. Тој истакна дека […]

Сијарто му рече „не“ на Трамп, Унгарија не се откажува од руска нафта


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да се откаже од руската нафта и покрај барањата од Белата куќа. Тој го истакна ова во интервју за британскиот весник „Гардијан“ на маргините на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика земјите-членки на […]

Десетици илјади демонстранти во Будимпешта поради јавни прашалници на владата на Орбан


Неколку десетици илјади луѓе протестираа вчера во Будимпешта против јавните консултации што ги спроведува премиерот, Виктор Орбан, а според демонстрантите се за партиски цели, со користење на јавни средства. Унгарската влада планира во октомври да започне јавна консултација за оданочувањето откако провладин сајт тврдеше дека опозицијата планира да ги зголеми даноците доколку победи на парламентарните […]

Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнати руски средства за помош на Украина


Унгарија покрена судска постапка против Европската Унија поради нејзината одлука да користи милијарди евра приходи од замрзнати руски средства за воена помош на Украина. Случајот, поднесен од Будимпешта, официјално беше примен од Судот на правдата на Европската Унија на 25 август. Оспорена одлука на Советот на ЕУ Во срцето на спорот е одлуката на Советот […]

Александар Николоски по кој знае кој пат е во Будимпешта


  Будимпешта, главниот град на Унгарија, е омилената политичка дестинација на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја посети Будимпешта неброено пати. Сега пак е во градот на Дунав и разговара со претставници на најбратската партија на ВМРО-ДПМНЕ – владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан. Министерството за […]

„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта


 Доставите на нафта преку рускиот цевковод „Дружба“ за Унгарија се обновени по нападот со украински дронови врз трансформаторска станица на објектот, соопшти унгарската влада, пренесува ДПА. „Доставите на нафта преку ‘Дружба’ се рестартирани по украинскиот напад пред два дена“, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на социјалната мрежа „Икс“. Тој му се заблагодари […]

Орбан има поклоници надвор, но власта му пука дома


  Дописникот на Би-Би-Си од Будимпешта, Ник Торп, направи една анатомска анализа за драматичниот развој на политичката ситуација во Унгарија и како моќта на премиерот Виктор Орбан се распаѓа. И тоа во моментите кога „силниот премиер“ го инспирираше прирачникот на Доналд Трамп. Од резултатот на изборите во април 2026 ќе зависи развојот на настаните во […]

Данска почнува постапка за одземање на правото на глас на Унгарија во рамките на Европската Унија


Данска сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на блокот, вклучително и лансирање на таканаречените нуклеарни опции од Член 7 против Будимпешта, пишува Политико. „Сè уште сме сведоци на кршење на основните вредности. Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7 и сослушувањето за Унгарија“, изјави […]

И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта


Десетици илјади лица се очекуваат денеска на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај забраната од унгарската полиција. Британските медиуми го цитираат организаторите на настанот кои наведуваат дека ќе има учесници од 30 земји, меѓу кои и европскиот комесар за еднаквост Хаџа Лахбиб и околу 70 членови на Европскиот парламент. Повеќе од 30 амбасади ја […]

По 20 студенти од Македонија годишно ќе студираат во Унгарија


Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство. Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски […]

ЕК најави мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации


Европска комисија најави мерки против Унгарија ако Владата на премиерот Виктор Орбан го усвои контроверзниот закон со кој се ограничува работата на невладините организации. Конзервативната партија на Орбан, Фидес до Парламентот поднесе нацрт-закон, со кој се предвидени построги прописи за невладините организации финансирани од странство. ЕК наведе дека нацрт-законот претставува сериозно кршење на правата на […]