Малолетнички во Аеродром нападнале 13-годишна познаничка и ѝ зеле пари


Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на завчера околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.

На скопјанец му украле автомобил, телефон и документи


Возило „ауди А4“, мобилен телефон и документи му се одземени на скопјанец кој ноќеска бил нападнат од три непознати лица на улицата „Архиепископ Доситеј“ во Скопје. Дваесет и четиригодишниот скопјанец Р.Н. ноќеска во 02:40 часот во Секторот за внатрешни работи пријавил дека три непознати лица го ограбиле со закана со пиштол. Се преземаат мерки за […]