Младите Украинци – светски прваци во фудбал


Украина е новиот светски првак во фудбал во конкуренција до 20 години. Предмалку, во финалето во полски Лоѓ, Украинците ја совладаа Јужна Кореа со 2-1. Корејците поведоа уште во првата минута преку пенал, прецизен беше Ли. Но фудбалерите во сини дресови го свртеа мечот и со двата гола Владислав Супрјаха ги израдуваа многубојните сонародници на […]

На новинар забранет влез во Украина


Украинските власти му забранија на новинарот на австриската државна телевизија ОРФ, Кристијан Вершиц влез во Украина. За шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел тоа е „неприфатлив акт на цензура“ и побара од украинските власти укинување на забраната. Според Украинската разузнавачка служба (СБУ) Вершиц илегално ја преминал украинската граница, додека властите во Киев го обвинуваат за […]

Украина избра претставничка за Евросонг, па ја дисквалификува заради настапи во Русија


Ана Корсун, позната по уметничкото име Марув, дисквалификувана е од Евросонг само неколку часа по изборот за претставничка на Украина на натпреварот за најдобра песна на Европа. Со песната „Siren Song” Ана Корсун ја освои публиката и победи на Видбир, украинскиот избор на песна за Евровизија. Набрзо потоа, неколку украински политичари се спротивставија на нејзиното […]

Порошенко: Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и во НАТО


Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој се предвидува Украина да стане членка на НАТО и на Европска Унија. – Мојата стратешка мисија е да обезбедам неповратност на европската и евроатлантската интеграција, напиша Порошенко на Твитер. Тој додаде дека Украина ќе поднесе молба за членство во ЕУ и за Акцискиот план за членство во […]

ОН предупредуваат на тешка хуманитарна ситуација во источна Украина


Високата претставничка на Обединетите нации предупреди на тешка хуманитарна криза во источна Украина додека судирот во тој регион влегува во шестата година. „Цивилите ја плаќаат највисоката цена. Повеќе од 3.000 цивили се убиени и речиси 9.000 ранети откако почна судирот во 2014 година“, изјави Урсула Милер, помошничка на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања. […]

Иринеј: СПЦ не ја признава Украинската православна црква


Српската православна црква (СПЦ) нема да ја признае „новата црква“ создадена во Украина, изјави патријархот на СПЦ, Иринеј за ТВ Русија 1. -Тие испратија покана, но ние одговоривме дека не сакаме да присуствуваме. Ние нема да ги признаеме, одговорил Иринеј на прашањето дали добил покана од украинскиот митрополит Епифаниј да присуствува на устоличувањето. Минатата недела […]

Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата. Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја поврати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони […]

Украинската православна црква прогласена за автокефална


Вселенскиот патријарх Вартоломеј потпиша томос, односно документ за автокефалноста на православната црква во Украина. Во пресрет на потпишувањето на документот се одржа молебен на кој, меѓу другите, присуствуваа и поглаварот на црквата митрополитот Епифаниј, претседателот на Украина Петро Порошенко, шефот на украинската дипломатија Павел Климкин и претседателот на Парламентот, Андреј Парубиј. По богослужбата, Вартоломеј во […]

САД ја повикаа Унгарија да не ја блокира соработката на Украина со НАТО


САД ја повикаа Унгарија да ги подобри односите со соседна Украина и да не се обидува да ја блокира соработката на Киев со НАТО, бидејќи „ако Украина не успее, Унгарија ќе биде на линијата на руската агресија“, објави Амбасадата на САД во Будимпешта. Унгарија ја обвинува Украина за кршење на образовните права на етничкото унгарско […]

РПЦ: Цариградската патријаршија стана расколничка црква


Цариградската патријаршија и самата стана расколничка, со тоа што ја укина анатемата за претставниците на двете „расколнички цркви“ во Украина, изјави денеска поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот москвски и серуски Кирил. Според него, со ваквата постапка Цариградската патријаршија ја нарушила јурисдикцијата на РПЦ – Цариградската патријаршија се поистовети со расколниците. Таа ги прекрши сите […]

РПЦ ја прекинува евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија


Светиот синодот на Руската православна црква (РПЦ) на денешното заседание во белорускиот главен град Минск, донесе одлука за целосен прекин на евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија. – На заседанието на Светитиот синод беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија, изјави по седницата раководителот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ, митрополитот волоколамски […]

Руската православна црква му се заканува на вселенскиот патријарх Вартоломеј


Руската православна црква се закани дека ќе му се одмазди на ривалот со седиште во Истанбул ако дозволи Украина да ги прекине духовните врски со Москва и со тоа да стави крај на руското религиско владеење во земјата. Метрополитот Хиларион, шеф на Одделението за односи со јавност на Руската православна црква, вчера изјави дека ако […]

Москва не може да ја спречи независноста на македонската црква


Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност, и без согласност на останатите помесни православни цркви. Оваа одлука ја донел Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија на состанокот одржан во Истанбул од 1 до 3 септември, а практично значи дека Руската и Српската црква нема да можат да ја спречат независноста на Украинската […]

Украинските власти ја уапсија „народната хероина“ Надија Савченко


Украинските власти денеска ја уапсија пратеничката во Врховната рада и поранешен пилот на хеликоптер, Надија Савченко, која во Украина беше третирана како народна хероина, откако мина две години во затвор во Русија. Припадници на украинската Служба за државна безбедност ја уапсија Савченко под обвинение за планирање на воен удар „во интерес на непријатилите на Украина“. […]

Украина забрани гласање на Русите на нејзина територија


На граѓаните на Русија нема да им биде дозволен пристап до дипломатските мисии во Украина в недела кога се одржуваат избори за претседател на Русија, соопшти денеска министерот за внатрешни рабопти на Украина Арсен Аваков. – Министерството за внатрешни работи соопштува дека безбедносните аранжмани на руската дипломатска мисија во Украина конкретно во Киев, Карков, Одеса […]

Путин: Крим никогаш нема да ѝ припаѓа на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Крим под никакви околности не може да се врати во Украина. – За што зборувате? Такви околности не постојат и никогаш нема да постојат, рече Путин во одговор на прашањето дали некогаш може да се создадат такви околности. Прашањето е поставено во интервју за филмот „Путин“ на Андреја Кондрашова, […]

Украина и сепаратистите ќе разменат заробеници со посредство на Руската православна црква


Украина и проруските сепаратисти од источните делови на земјата денеска треба да ја извршат досега најмасовната размена на заробеници, која беше договорена со посредство на Руската православна црква. Украина денеска ослободува 99 заробеници, додека донбаските сепаратисти ќе ослободат 16 Украинци. Вкупно, предвидено е да бидат разменети 306 заробеници од украинска страна и 74 лица заробени […]

Москва: Американското оружје ќе го разгори конфликтот во источна Украина


Одлуката на Вашингтон за снабдување на Украина со оружје, ќе го испровоцира Киев да употреби сила во конфликтот во источна Украина, предупреди денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин. Американските медиуми, повикувајќи се на официјални лица, пренесоа дека владата на САД го одобрила планот за испорака на оружје во Украина со цел да […]

Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор


Украински суд вечерва донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили. Судијката Лариса Цокол од Печорскиот окружен суд во главниот град Киев не го прифати барањето на Јавното обвинителството за задржување на Саакшвили во притвор. Саакашвили и неговите приврзаници, вклучувајќи неколку […]

Украинска криза: Жестоки судири околу Луганск, петмина загинати војници


Најмалку петмина украински војници загинаа, а четворица се повредени во последните 24 часа во судирите во источниот дел на Украина, соопштија украинските вооружени сили. Во соопштението се прецизира дека војниците загинале кај селото Кримск во Луганск и дека судирите траеле осум часа. Украинската Влада соопшти дека од јули досега ова е најголем број загинати војници. […]