САД ќе испорачаат ловци Ф-16 во Полска, доколку Варшава испрати советски борбени авиони во Украина


САД размислуваат да испратат авиони во Полска доколку Варшава одлучи да испрати борбени авиони во Украина, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Молдавија. -Сега активно го разгледуваме прашањето за авиони што Полска би можела да ги испорача на Украина и гледаме како би можеле да ги компензираме доколку Полска […]

Тедрос: Нападнати неколку украински здравствени центри


Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесен од британските медиуми.   Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.   „Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното […]

Украинската војска жестоко ги брани Чернихив и Мариупол


 Генералштабот на украинската армија, утринава, во 6 часот по локално време, го објави својот редовен оперативен извештај за состојбата на теренот, во кој истакна дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени локации и граници. „Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана […]

ОН: Во Европа се развива најбрзо растечка бегалска криза од Втората светска војна


Бројот на бегалци кои бегаат од војната во Украина наскоро би можел да се зголеми на над 1,5 милиони лица, соопшти агенцијата за бегалци на ОН УНХЦР, додавајќи дека тоа е најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна. -Ова е најбрзо растечката бегалска криза што сме ја виделе во Европа од крајот […]

Џонсон изнесе план за одговор на руската инвазија врз Украина


 Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика лидерите да се приклучат на планот од шест точки за одговор на руската инвазија на Украина, што предвидува хуманитарна поддршка за Украина, како и предизвикување најголема можна економска штета на Москва. Пред средбите со лидерите на Канада, Холандија и од Централна Европа во Лондон следната недела, Џонсон вчера кажа […]

Протестен марш против војната во Украина


Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“ денеска ќе организира протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.  Здружението ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт. Маршот ќе започне кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот. 

Украина бара нова рунда санкции против Русија


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на денешното телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија. – Тие вклучуваат, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта, рече […]

ОХЦХР: Од почетокот на руската инвазија убиени 351 цивил, реалните бројки се веројатно, значително поголеми


Бројот на цивили убиени во Украина од почетокот на руската инвазија пред 10 дена достигна најмалку 351, додека 707 се ранети, се вели во соопштението на набљудувачката мисија на ОН. Реалните бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“, пренесува Гардијан. Повеќето цивилни жртви беа предизвикани од експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање […]

Со законот за „лажни вести“ Русија забрани случувањата во Украина да се нарекуваат „војна“


Законот беше неопходен и потребен итно поради невидената, тоа не е ни кампања, туку информативна војна што е покрената против нашата земја“, изјави портпаролот на руската влада Дмитриј Песков, во одбрана на новиот закон со кој луѓето би можеле да добијат затвор до 15 години за објавување „лажни вести“ за руската војска. Со усвоениот закон […]

УНХЦР: Бројот на украински бегалци до крајот на викендов може да се зголеми до 1,5 милиона


Чешка– Ситуацијата во Украина и натаму е страшна и бројот на бегалци кои бегаат од руската инвазија до крајот на викендот потенцијално може да се зголеми на 1,5 милиона од сегашните 1,3 милиони, изјави денеска шефот на Агенцијата за бегалци на ОН, Филипо Гранди, пренесен од британските медиуми. -Ова е најбрзо движечка бегалска криза што […]

За утре најавен протестен марш во Скопје против руската инвазија во Украина


Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за  утре, 6 март 2022 година (недела), организира протестен марш во знак на протест на Украинците против руската инвазија во Украина. Воедно, од здружението ги повикуваат сите слободољубиви граѓанки и граѓани да се приклучат на протестот i да го изразат својот револт против војната и безграничната […]

Борел се залага Кина да посредува во војната во Украина


Шпанија – Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, се залага Кина да се вклучи во посредувањето во руската војна против Украина. „Нема друга алтернатива. Ние Европејците не можеме да бидеме посредници, јасно е… Ниту САД тоа го можат. Па кој друг? Тоа мора да биде Кина, јас верувам во тоа“, рече Борел во интервју за шпанскиот […]

Украинската армија користи беспилотно летало кое ја менува играта


Украина- Украинската војска користи беспилотни летала кои ја менуваат играта и можат да носат 3 килограми експлозив и да погодат цели до 30 милји зад непријателските линии, објави лондонскиот Тајмс. Јуџин Булацев, инженер со украинскиот дизајнер UA-Dynamics, изјави за весникот дека беспилотните летала Punisher што ја менуваат играта завршиле до 60 „успешни“ мисии од почетокот […]

Британски новинар ранет во близина на Киев


Украина – Главниот дописник на британски „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев. Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек,  пред тимот да […]

Привремен прекин на огнот во Мариупол и Волноваха за отворање хуманитарен коридор


Украина – Руските сили денеска во 10 часот по московско време ќе го прекинат огнот за да овозможат хуманитарни коридори од украинските градови Мариупол и Волноваха, соопшти руското Министерство за одбрана. Русија и Украина на разговорите во четвртокот се согласија дека треба да се воспостават хуманитарни коридори и прекин на огнот. Мариупол, стратешко пристаниште во источна […]

Светска банка: До крајот на март 700 милиони долари за Украина


САД– Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас му соопшти на претседателот на Украина, Володимир Зеленски дека оваа меѓународна финансиска институција работи на кредитни програми во вредност од околу 700 милиони долари за Украина, кои ќе бидат исплатени до крајот на март. Малпас истакна дека пред одборот на директори бил даден предлог за зголемување на износот […]

Украина има четири големи нуклеарни централи


Украина– Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи. Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна […]

Од Украина во Бугарија досега влегле 20.000 бегалци 


Бугарија– Од почетокот на руско-украинската војна во Бугарија пристигнаа 20.000 бегалци од Украина, денеска  соопшти бугарската гранична полиција. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во последните два дена има зголемување за 3.000 бегалци од Украина во Бугарија. Волонтери од Русе му помагаат на бугарскиот Црвен крст да ги пречека бегалците на мостот Дунав. […]

Амбасадата на Србија евакуирана од Украина


Србија – Србија привремено ја затвори својата амбасада во Киев и својата активност ќе продолжи да ја обавува од Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на нашиот персонал, а персоналот на тоа дипломатско-конзуларно претставништво ќе продолжи да работи од Белград […]

Иницијатива на УСС на УКИМ за сместување студенти од Украина во студентските домови


Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС на УКИМ) иницира помош за сместување студенти од Украина во студентските домови во земјава и за својот предлог чека одобрение од надлежните институции. Претседателката на УСС на УКИМ Ева Цветковска за МИА вели дека уште на денот кога изби војната во Украина, стапиле во контакт […]