ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили


Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР). „ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда“, се вели во документот на […]

(Видео) Ова остана од руската војска по повлекувањето кај Киев


  Објавено е видео кое покажува што остана од руските тенкови, вооружување и возила по повлекувањето кај Киев. Видеото е снимено од репортер на германски „Билт“. Пред неколку дена почна повлекувањето на руските сили кај Киев за што и Украина и Западот рекоа дека е прегрупирање по големите загуби кои Русите ги доживеаја. We are […]

САД и сојузниците ќе испратат тенкови од советско производство во Украина


САД ќе соработуваат со сојузниците за да и обезбедат на Украина тенкови од советско производство за зајакнување на нејзината одбрана во регионот на Донбас, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјален претставник. Испораката на овие тенкови во Украина беше побарана од украинскиот претседател Зеленски, рече претставникот. Тој одби да каже колку тенкови ќе бидат испратени или […]

Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина


 Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е убиен во руското гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко. Богдан Стефанишин беше убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив. “Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена […]

Ракетирани два града во централна Украина


Руски ракети рано утрово погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, објави лидерот на регионот Полтава, Дмитриј Лунин. „Полтава. Проектил погоди еден од инфраструктурните објекти во текот на ноќта. Кременчук. Многу напади на градот утрово“, напиша Лунин во објавата на интернет. Сместен источно од Киев, градот Полтава е главен град […]

Нов британски разузнавачки извештај за војната во Украина


  Руските сили наводно се повлекле од аеродромот „Хостомел“ кај Киев, соопшти меѓу другото британското министерство з аодбрана во својот најнов извештај за состојбата во Украина. „Хостомел“ е во рускиот фокус од почетокот на војната и таму од првиот ден се водеа тешки борби затоа што заземањето на овој аеродром за Русија значително е полесен […]

Руската армија се повлече од аеродромот во близина на Киев


По неколку недели поминати на аеродромот Антонов, 28 километри северозападно од Киев, руските сили одеднаш се повлекоа, покажуваат нови сателитски снимки. Заземањето на аеродромот Антонов беше првата голема победа што Русите ја забележаа на првиот ден од војната – 24 февруари. Бројни транспортни и јуришни хеликоптери ја нападнале базата, во која имало и украински војници, потсетуваат светските […]

УНЕСКО предупредува на шверц со украински културни добра


Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО) со седиште во Париз алармираше на ризикот од недозволена трговија со украински културни добра. – Ги повикуваме професионалците и јавноста вклучена во трговијата со културни добра да го заштити културното наследство, нагласи Агенцијата на Твитер. УНЕСКО претходно соопшти дека најмалку 53 културни објекти се оштетени во […]

(Видео) Руски гувернер ја обвини Украина за напад врз складиште за нафта


 Регионалниот гувернер на рускиот град Белгород, Вјачеслав Гладков тврди дека со украински воени хеликоптери е извршен напад врз складиште за нафта во градот. Тој на Телеграм објави дека пожарот, што избил утрово, е предизвикан од воздушни напади од два украински хеликоптера. Според него, две лица се повредени, но, не се во животозагрозувачка состојба.  Гладков додаде […]

ЕК предлага Украина да извезува храна преку Балтичко Море


Европската комисија (ЕК) предложи создавање специјални трговски коридори меѓу Полска и Украина, во обид да се намали влијанието на оружениот конфликт врз синџирот на снабдување со земјоделски производи. Шпанскиот весник „АБЦ“ пренесува изјава на еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, кој вели дека „ЕК е подготвена да организира такви зелени коридори за да може Украина да […]

Сириски војник: Русија спроведува масакр во Украина, но добро плаќа


  На сириските борци им се нуди по 5.000 фунти месечно за борба на првата линија на фронтот во Украина, да се борат за Русија, дознава Би-би-си. Еден сириски војник, кој доброволно се пријавил за борба, рече дека верува оти Русија спроведува масакр во Украина, но исто така вели дека помага на сиромашните Сиријци кои […]

Трамп: Путин да објави сè за аферите на Хантер Бајден во Русија


 Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“. – Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор, […]

(Видео) Објавена снимка од рускиот ракетен напад врз Миколаев


Украинските државни служби соопштија дека три лица загинале во воздушниот напад утринава врз главната владина зграда во Миколаев. Досега, велат, од под урнатините во пристанишниот град се извлечени 18 преживеани. Скај наведува дека се верува дека нападот бил насочен кон локалниот лидер Витали Ким, но тој во тоа време не бил во зградата. На Твитер […]

Украина: Ова се имињата на руските шпиони кои дејствуваат во Европа


Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони – вклучително и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и кој го користи прекарот на Skype „jamesbond007“, пишува The Telegraph, додавајќи дека ова е еден од обидите да се посрамоти Москва, пренесе Индекс.хр. Украина не откри како дошла до пописот, но истражувачката новинарска група Белингкет […]

Роман Абрамович и Ердоган на преговорите меѓу Украина и Русија


  Роман Абрамович денеска присуствува на мировните преговори во Турција меѓу Украина и Русија, еден ден откако беше откриено дека олигархот бил отруен на претходната средба. Милијардерот се однесува како неофицијален посредник и седна до портпаролот на Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин, на денешните разговори на високо ниво што ги отвори турскиот претседател во Долмабахче, […]

Украина: Ракетен напад врз градот Љуботин


Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти. Според нив, во нападот биле целосно уништени неколку куќи, објави Би-Би-Си. Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека седум луѓе се повредени во нападот, а од урнатините е извлечено тело на едно лице

Турција: Барањата на Русија во однос на Крим и Донбас не се реални


Турција – Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека барањата на Русија да ја признае нејзината анексија на Крим и независноста на регионот Донбас се „многу максималистички“ и „не се реални“. – Ова се црвени линии за Украинците на Крим и Донбас, и со право, затоа што директно се однесуваат на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Ние не ја признавме […]

Гутереш: ОН бараат „хуманитарен прекин на огнот“ во Украина


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека го овластил шефот на хуманитарната организација да ја истражи можноста за хуманитарен прекин на огнот во Украина меѓу инволвираните страни. Гутереш повика и на итен хуманитарен прекин на огнот „за да се овозможи напредок во сериозните политички преговори насочени кон постигнување мировен договор заснован на принципите […]

Бајден предложи 6,9 милијарди долари за помош на Украина против Русија и зајакнување на НАТО


САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска. Средствата ќе ја претставуваат последната распределба на одбранбената помош на Вашингтон по руската инвазија врз нејзиниот сосед минатиот месец […]

Шпанија најави шест милијадри евра директна помош поради војната во Украина


Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го претстави планот да понуди шест милијарди евра (6,7 милијарди долари) директна помош за домаќинствата и за стопанството за надминување на економските последици од руската инвазија врз Украина. Санчез појасни дека планот предвидува приближно шест милијарди евра наменети што за директна помош, што за даночни олеснувања, како и десет милијарди […]