Путин разговараше со Шарл Мишел, жестоко ја прозва ЕУ


  Рускиот претседател Владимир Путин во петок рече дека Киев не допушта да се предадат украинските бранители кои уште пружаат отпор од челичаната „Азовстал“ во пристаништето Мариупол под руска опсада. „На сите украински војници, националистички борци и странски платеници животот им е загарантиран ако го положат оружјето (…), но киевскиот режим не ја допушта таа […]

Навратилова: Англичаните претераа


Политиката го уништува тенисот, а одлуката да им се забрани настап на Русите и Белорусите на грен – слем турнирот во Вимблдон не е начин за решавање на проблемот, оцени денеска легендарната тенисерка Мартина Навратилова. – Колку и да ми е жал поради украинските играчи и народот, мислам дека Англичаните со овој чекор отидоа предалеку, […]

ОН ја обвинува Русија за можни воени злосторства во Украина


Швајцарија – ОН денеска ја предупреди руската војска дека нејзините акции во Украина за време на инвазијата што започна на 24 февруари може да бидат воени злосторство и констатираа дека во земјата е „отфрлено почитувањето на хуманитарното право“. – Во последните осум недели не само што беше игнорирано меѓународното хуманитарно право, туку и едноставно беше отфрлено, […]

ЕК бара буџетски измени за поддршка на бегалците од Украина


Белгија – Европската Комисија предлага да се зајакне буџетот на ЕУ за 2022 за да се обезбеди поддршка за бегалците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот на Комисијата се состои од 99.8 милиони евра заложби и зголемување во износ од 176 милиони евра за буџетот. Планот е средствата да се користат преку Фондот […]

Премиерите на Данска и Шпанија најавија нова воена помош при посетата на Украина


Данска ќе додели уште 90 милиони евра воена помош за Украина, а Шпанија 200 тони воен материјал, изјавија денеска премиерите на двете земји, кои беа во посета на Украина. За време на посетата на Киев, Мете Фредериксен изјави дека Данска ќе и даде на Украина оружје во вредност од 90 милиони евра, со што вкупната […]

Чеченците крадат сè што ќе им дојде при рака во Украина, три нови комбајни пренеле во село на нивни политичар


Неверојатно е што сѐ руската армија, а особено Чеченците со кои командува љубителот на чизмите на Прада, Рамзан Кадиров, крадат во Украина и го носат во нивните домови оддалечени до 2.000 километри. Така, како што јавуваат украинските медиуми, од изложбениот простор на „Агротек-Инвест“, официјалниот претставник на „Џон Дир“ („John Deere“ ) и „Вадерштад“ (“Väderstad”) земјоделска […]

Дмитро Кулеба до Бугарите: „Доста бевте во средината, време е да донесете одлука“


  Украинскиот министер за надворешни работи два пати во дена им префрли на бугарските власти среде Софија дека нивното однесување кон руската инвазија е амбивалентно, не може подеднакво да се биде кон двете страни – и кон агересорот и кон жртвата. „Како можете да ги сметате браќата за луѓе кои убиваат на овој начин? Како […]

Руски функционер вели дека „операцијата ќе заврши кога ќе престанат заканите од НАТО“


 „Специјалната воена операција“ на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија, изјави Алексеј Полишчук, висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас. – Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на мирното население на […]

Пентагон: Украина доби 20 ловци откако беше снабдена со резервни делови од сојузниците


Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, синоќа ја повлече претходно дадената изјава дека Украина бил снабдена со воени авиони од неименуван сојузник. Додека летала со фиксирани крила биле понудени од неименувана земја за засилување на одбраната на Киев, „тие не добија цел авион од друга земја“, изјави Кирби на брифингот синоќа. -Погрешив. Тие немаат примено цел […]

Шарл Мишел: Ќе сториме сè што можеме за да обезбедиме Украина да победи во војната против Русија


Шефот на ЕУ, Шарл Мишел, вети дека блокот ќе стори сè што може за да обезбеди Украина да победи во војната против Русија. – Не сте сами. Ние сме со вас. И ќе направи сè што е можно за да ве поддржиме и да се увериме дека Украина ќе ја добие војната, нагласи Мишел на […]

Норвешка ѝ испрати на Украина 100 ракетни системи Мистрал


 Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина како одговор на барањето на Киев за различно оружје, соопшти Министерство за одбрана во Осло. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од Осло да испрати оружје во неговата земја, вклучувајќи противбродски ракети Харпун и мобилни противвоздушни ракетни системи НАСАМС.

Пентагон: Украина добива борбени авиони


САД – Украина доби борбени авиони и делови за авиони за да ги зајакне своите воздухопловни сили соочени со руската инвазија, соопшти Пентагон, одбивајќи да го прецизира бројот и типот на авионите и нивното потекло. Украинските сили „сега имаат на располагање повеќе борбени авиони со фиксни крила отколку пред две недели“, изјави портпаролот на Пентагон Џон […]

Западот итно испраќа артилерија да ѝ помогне на Украина


  Соединетите Држави, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да им помогнат на своите војници да ги одбранат регионите на истокот на земјата, каде што Русија започна сеопфатен напад. Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите по разговорот со британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Трудо […]

Јапонија на Украина ќе и испорача опрема за заштита од хемиско оружје


Јапонија ќе испрати во Украина гас-маски и соодветна облека за заштита од хемиско оружје, соопшти денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши. Испораката е на барање на властите во Киев кои стравуваат дека Русија во своите воени активности во Украина би можела да употреби и хемиско оружје. „Продолжуваме да даваме колку што е можно поголема […]

Пијанистката Мимоза Ќека дел од иницијативата „Европа за Украина“


Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“. Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина – […]

На Бајден не му е во план да ја посети Украина и покрај апелот на Зеленски


САД– Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден. – Нема такви планови, одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Владата на САД се […]

Речиси илјада украински деца вклучени во хрватските училишта и градинки


Хрватска – Речиси илјада украински деца, кои поради војната беа принудени да ја напуштат својата земја, се вклучени во хрватските основни и средни училишта и во градинките. Од вкупно 983 украински кои пристигнаа во Хрватска, најмногу се основци – 838, во средните училишта се запишани 64, а во градинките има 80 деца. Повеќето основци се запишале […]

САД најавија нови 800 милиони долари воена помош за Украина


Администрацијата во Вашингтон најави нови 800 милиони долари воена помош за Украина, за првпат вклучувајќи артилериски системи, борбени дронови и хеликоптери, јави дописникот на МИА од Вашингтон. – Тоа ќе бидат истите, но и нови потенцијали досега неиспорачани на Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Меѓу досега неиспорачаната помош, најголеми парчиња ќе бидат советските […]

Германија вети воена помош за Украина во вредност од над милијарда евра


Германската Влада соопшти дека планира да испрати повеќе од милијарда евра воена помош за Украина. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер потврди дека германската Влада планира да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на две милијарди евра, од кои повеќето ќе бидат за Украина. 

Бајден ќе испрати висок службеник во посета на Украина


Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека размислува да испрати високо официјално лице во посета на Украина, со цел да нагласи дека Вашингтон е заштитник на украинската нација. На прашањето дали ќе испрати официјално лице, Бајден рече дека „моментално се одлучува за тоа“. На почетокот на неделава портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, рече дека […]