Украинската Врховна Рада се подготвува Путин да го прогласи за воен злосторник


Во украинската Врховна Рада поднесена е предлог изјава со која се бара рускиот претседател Владимир Путин да биде прогласен за воен злосторник, јави Укринформ. Изготвувач на изјавата е асистентката на народната пратеничка Елисавета Бохутска, пренесе украинската агенција, повикувајќи се на веб-страницата на Врховната Рада. Текстот на нацрт документот, меѓутоа, допрва треба да биде објавен. Во […]

Средба на Г7 во Германија, ќе се бара решение за украинската економија


 Партнерите од Г7 денеска треба да имаат средба во Германија, каде ќе бараат решение за   украинската економија, опустошена од војната, јави Би-би-си. Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека досега ветената поддршка, „нема да биде доволна да ги покрие потребите на Украина, дури ни на краток период“. Јелен, која ќе биде присутна на средбата […]

Украинската територијална одбрана кренала во воздух оклопен воз со руски војници кај јужниот град Мелитопол


Украинските борци разнеле оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО). Британските медиуми не можат независно да ја потврдат оваа информација, а руското Министерство за одбрана се уште не одговора на барањата за коментар. Градот Мелитопол, што се наоѓа во областа Запорожје, е сместен во јужна Украина, што […]

Сенатот ја одобри Бриџит Бринк за американска амбасадорка во Украина


САД– Сенатот на САД едногласно ја одобри дипломатката Бриџит Бринк за амбасадор во Украина, пополнувајќи го критичното место што е празно три години. Брзата потврда ја истакна желбата на двете страни да испратат амбасадор за поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски додека тој се соочува со руската инвазија. Одлуката на Сенатот е донесена истиот ден […]

Украинските фармери на линијата на фронтот се борат да го нахранат светот


  На парцела од 1.500 хектари од кошничката за леб на Европа, украинскиот фармер Григориј Ткаченко ја обновува својата фарма. Руските сили стрелаа со проектили „Град“ и куршуми на неговата земја на почетокот на март, бришејќи ги зградите, машините и половина од неговиот добиток – оставија само трага од уништување кога конечно се повлекоа од […]

СЗО стравува од избивање колера во Украина, се подготвуваат вакцини


Украина – Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан. – Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење, појасни Никан. Како што таа […]

СЗО: Од почетокот на руската инвазија врз Украина нападнати 226 здравствени установи


Светската здравствена организација  потврди дека од почетокот на руската инвазија врз Украина биле нападнати 226 здравствени установи, што претставува две третини од сите напади врз објекти на здравствената заштита во светот годинава, објави денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Клуге кажа дека во нападите загинале најмалку 75 лица, а 59 се повредени. -Овие […]

Киев и Москва потврдија дека преговорите се суспендирани


  Мировните преговори меѓу Москва и Киев во моментов не се во тек, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Руденко. „Украина, всушност, се повлече од преговарачкиот процес“, рече тој, додавајќи дека Киев не дал одговор на рускиот нацрт-договор. Според Руденко, украинската страна „се обидува да ги замагли одредбите кои се веќе договорени […]

Шок на руската телевизија: „Цел свет е против нас. Украина ќе се бори до последниот човек“


  Измислениот наратив на руските државни медиуми за славната војна на Путин во Украина синоќа беше уништен од пензиониран полковник кој даде невообичаено искрена и уништувачка оценка за ситуацијата на првите борбени линии и светската сцена. Михаил Ходаренок, поранешен командант за воздушна одбрана и дипломец на некои од врвните воени училишта на Советскиот Сојуз, во […]

Евровизиската „Стефанија“ доби воен спот од ужасите во Украина (видео)


Италија–  Украинскиот бенд Калуш Оркестар, свеж по победата на Евровизија, во неделата објави ново музичко видео на својот победнички хит „Стефанија“ во кој се прикажани сцени од опустошената Украина од војна и жени во борбена опрема. Престижниот музички натпревар добиваше сè повеќе политички тонови со оглед на руската војна. „Вака денес ги гледаме украинските мајки“, […]

Институтот за војна објави нова анализа и мапа: Овој пораз ги шокираше Русите


Институот за проучување на војна објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина. „Украинското уништување на значајни елементи на руската моторизирана бригада која се обиде да го помине понтонскиот мост преку реката Сиверски Донец на 11 мај ги шокираше истакнатите руски воени блогери и аналитичари. Тие почнаа да коментираат за неспособноста на руската армија […]

Кулеба: САД ни испраќаат повеќе оружје и друга помош


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека се сретнал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Берлин и дека „повеќе оружје и друга помош се на пат за Украина“. Кулеба денеска во Берлин треба да ги информира министрите за надворешни работи на НАТО за ситуацијата во Украина и за тоа како Алијансата може […]

За што, всушност, зборува победничката песна на Евровизија?


Украинската рап група „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија со песната Стефанија. Фронтменот Олех Псиук претходно изјави за Sky News за што всушност зборува нивната песна. „Сите ја пееја нашата песна. Првично беше посветена на мајка ми, по која го доби името, но сега е песна за сите мајки“, рече пејачот […]

Борел најави дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина


 Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел при пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г-7 најави дополнителни 500 милиони евра помош за Украина преку Европскиот мировен механизам за купување тешко оружје, тенкови и артилерија. – Ова е седма средба на министрите за надворешни работи на […]

За еден ден за третина намалено количеството руски гас што минува низ Украина


Количеството руски гас што преку Украина оди кон Европа, денеска ќе биде помалку за речиси една третина во однос на претходниот ден, соопшти рускиот гигант „Гаспром“, поради тоа што снабдувањето втор ден по ред е погодено од војната во земјата. Околу 50,6 милиони кубни метри гас треба денеска да протече преку станицата Судја во однос […]

Чешка преговара со Германија за купување тенкови, своите ги праќа во Украина


Официјална Прага преговара со Берлин за купување германски тенкови, што ќе и овозможи на Чешка да испрати повеќе тенкови од советската ера во Украина, изјави синоќа министерката за одбрана Јана Чернохова. Чешка би можела да набави тенкови Леопард од Германија, веројатно не најмодерна варијанта, изјави Чернохова за чешката телевизија. – Мислам дека сме на вистинскиот, добар пат, […]

Страшна снимка на Си-Ен-Ен: Руски војници убиваат цивили во авто салон во Киев


  Руските војници застрелаа двајца невооружени цивили додека се оддалечуваа по конфликтот во предградијата на украинскиот главен град Киев. Си-Ен-Ен доби снимка од инцидентот, кој украинското обвинителство сега го истражува како воено злосторство. Двајцата цивили загинале по пукањето, што е спротивно на таканаречените правила на војна, кои забрануваат пукање во цивили. Си-Ен-Ен ги идентификуваше жртвите. […]

Претставничкиот дом на САД одобри над 40 милијарди долари помош за Украина


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми. Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“. Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, […]

„Телеграф“: Путин ја деградира ФСБ, командата врз разузнавањето во Украина доделена на генералот Алексеев од ГРУ


Рускиот претседател Владимир Путин ја деградирал ФСБ поради неуспесите во првата фаза од офанзивата во Украина, а командата да раководи со разузнавачките операции на терен и е доделена на руската шпионска служба ГРУ, објавува денеска лондонскиот весник „Телеграф“. Според „Телеграф“ руските војници дури и одбивале да ги извршуваат наредбите во Украина, убиени биле неколку генерали […]

Американски разузнавачи тврдат дека Путин се подготвува за долга војна во Украина


САД – Владимир Путин се подготвува за долга војна во Украина, при што дури и евентуална победа на исток нема да стави крај на конфликтот, предупредија американски разузнавачи. Предупредувањето доаѓа додека продолжуваат жестоките борби на истокот, каде Русија се обидува да заземе територија, потсетува Би-Би-Си. Москва повторно ги фокусираше своите трупи на заземање на регионот Донбас откако Украина се спротивстави на обидите […]