(ВИДЕО) Како наседна Русија на украинската пропаганда за јужна офанзива?


Јужната офанзива на Украина беше дизајнирана да ја измами Русија, тврдат сега украински функционери откако нивните трупи ослободуваат место по место на северниот дел од окупираната територија,околу Харков, а не Керсон на југот. Според нив многу најавуваната јужна украинска офанзива беше кампања за дезинформација, за да се одвлече вниманието на Русија од вистинската што се […]

Русија потврди дека се повлекува од клучниот град Изјум


  Руското Министерство за одбрана го потврди повлекувањето на руските сили од Изјум и Балаклија. Во изјавата објавена од државниот медиум РИА Новости, Министерството тврди дека е донесена одлука за „прегрупирање на руските трупи стационирани во регионите Балаклија и Изјум“ и „засилување на напорите во Донецк“ за да се „остварат целите на специјалната воена операција“ […]

Украинската војска се пробила 50 километри кај Харков и ослободила 20 населби


  Украинската војска соопшти дека нејзините сили успеале да напредуваат 50 километри во регионот Харков, ослободувајќи 20 населени места во нивната контраофанзива. „Воените единици навлегоа во одбраната на непријателот до длабочина до 50 километри“, рече на брифинг во Киев Олекси Хромов, заменик-шеф на главниот оперативен директорат на Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Во голем […]

ОН: Веродостојни се тврдењата за украински деца насилно преселени во Русија


Постојат веродостојни обвинувања за деца без придружба кои со сила се префрлуваат од Украина во Русија, изјави синоќа заменичката на генералниот секретар на ОН за човекови права Илсе Брендс Керис. Таа ја изрази својата загриженост дека овие деца ги посвојуваат руски семејства. – Постојат веродостојни обвинувања за присилни префрлања на деца без придружба на територијата […]

Планот на Украина е да го врати Херсон до крајот на 2022


  Една недела по новата контраофанзива, украинските сили постигнуваат успеси на југот, со амбициозна цел да го вратат најголемиот дел од рускиот окупиран регион Херсон до крајот на годината, изјавија за Си-Ен-Ен високи американски и украински функционери. Според геолокацијата на видео и сателитски снимки, минатата недела беа забележани најамбициозните копнени напади од страна на Украинците […]

Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица


 Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов. Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе. Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков […]

Киев тврди дека украинската армија ослободила неколку населени места во херсонската област


Официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област. Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија. Инаку, извештаи за ослободување на тоа населено место во северниот дел на регионот на Херсон беа објавени и во текот на […]

Расте бројот на атентати на функционерите инсталирани од Русија во окупирана Украина


  Алексеј Ковалев беше пронајден во неделата застрелан до смрт во неговиот дом во украинскиот град Хола Пристан, окупиран од Русија. Во близина лежела неговата девојка, наводно тешко повредена со убодни рани во вратот и пушка „мосберг“. Пред рускиот напад врз Украина во февруари, Ковалев беше пратеник во украинскиот парламент и член на партијата Слуга […]

Украински дожд од оган врз руските сили (Видео)


  Руски самооден топ и неговите членови на екипажот се разнесени по нападот на украинските сили во Харков додека Киев ја продолжува својата борба иназионистите. Воздушните снимки покажуваат дека самоодниот топ „2С3 Акација“ експлодира во огромна огнена топка откако беше погоден од украинската артилерија. Други снимки од беспилотни летала покажуваат како 93-та бригада на украинските […]

Украина ги мами руските ракети со дрвени реплики на американските ракетни лансери


  КИЕВ – Украина можеби е надвладеана со оружје, но според најновиот знак, таа сè уште не е надмудрена, флота од мамки кои личат на напредни американски ракетни системи ги измами руските сили да трошат скапи крстосувачки ракети со долг дострел на лажни цели, според интервјуа со високи американски и украински претставници и фотографии од […]

ЕУ донира над пет милиони таблети јод за Украина


По барањето на украинската Влада од 26 август Европската Унија денеска испорача пет милиони таблети потасиум јодид како превентивна мерка против радијација од нуклеарната централа во Запорожје, јави дописничката на МИА од Брисел. Веста ја потврди денеска Европската комисија. Засилените борби околу оваа нуклеарна централа меѓу Русија и Украина ја зголеми загриженост од штетна радијација […]

Украина ја почна контраофанзивата на југот околу Херсон


  Војската на Украина тврди дека ја пробила првата линија на одбрана на Русија во окупираната област Херсон. Пријавениот пробив се чини дека е дел од долгоочекуваната офанзива што ја започна Киев во обид да го врати југот на земјата. Тоа уследи по неколкунеделни украински напади со цел да ги отсечат руските сили таму од […]

Три тела извлечени од урнатини во Стаханов по украинско гранатирање


Три тела се извлечени од под урнатини во поранешен хотел претворен во болница за евакуираните лица од териториите кои преминаа под контрола на проруските бунтовници како резултат на гранатирање од страна на украинската војска врз градот Стаханов, објавија во саботата медицински извори во овој град во самопрогласената Народна Република Луганск на југоистокот на Украина. Претходно […]

Британија ќе ѝ даде подводни дронови на Украина


Британското министерство за одбрана соопшти дека ќе ѝ даде на Украина шест подводни беспилотни летала кои ќе ѝ помогнат да го исчисти брегот од мини. Тоа ќе овозможи побезбедна испорака на жито, пренесува „Ројтерс“. Велика Британија, исто така, ќе обучи десетици припадници на украинската морнарица за користење беспилотни летала, се вели во соопштението на Министерството. […]

Руската агресија нема да сопре и ако Украина се откаже од амбициите за НАТО


Официјалното отфрлање на Украина на нејзините амбиции за влез во НАТО веќе нема да биде доволно за да се стави крај на „специјалната воена операција“ на Русија, изјави еден од најблиските луѓе до претседателот Владимир Путин, Дмитри Медведев пренесе БТА. Дури и пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, Русија предупреди дека членството […]

Кој победува во војната со санкции?


  Вашата економија ќе се соочи со „разорни“ последици, го предупреди американскиот претседател Џо Бајден рускиот претседател Владимир Путин за санкциите што САД и нивните сојузници би ги вовеле доколку Русија ја нападне Украина. Кога Путин сепак ја нападна Украина, санкциите навистина удрија силно. Сепак, Путин не се повлече. И тој врати џиуџицу со контрасанкциите […]

Педесет и осум членки на ОН бараат итен прекин на војната во Украина


По седницата на Советот за безбедност на ОН одржана синоќа, по повод шест месеци од почетокот на војната во Украина и Денот на независноста на таа земја, 58 земји усвоија заедничка изјава во која бараат итен прекин на воените дејствија „иницирани од руската инвазија врз Русија“. Текстот на документот во седиштето на ОН во Њујорк […]

(Галерија) Денот на независноста на Украина одбележан на плоштадот „Македонија“ во Скопје


  Истовремено во 50 држави во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија денеска беше пуштена украинската химна по повод одбележување на 24 август – Денот на независноста на Украина. Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“. Одбележувањето на […]

(Галерија) Украина по шест месеци војна


  Шест месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руски војници да влезат во соседна Украина, крвавата војна не покажува знаци дека наскоро ќе заврши. Илјадници украински цивили се убиени во инвазијата, според Канцеларијата за човекови права на ОН. Украинците кои одлучија да не бегаат од земјата се соочија со предизвици од недостиг на вода […]

Украинскиот извоз на жито речиси го достигна нивото пред војната, тврди Вашингтон


  Украина сега извезува речиси исто толку жито како и пред руската инвазија, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент . „Благодарение на интензивната меѓународна соработка, Украина е на пат да извезе речиси 4 милиони тони земјоделски производи во август“, изјави изворот за западни медиуми. Пред руската инвазија на 24 февруари, Украина извезуваше околу 5 […]