Нови олеснувања во ЕУ за украинските бегалци


  Европската Комисија најави утрово нови одлуки за да го олесни приемот и животот на бегалците од Украина во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, соопшти на прес конференција утрово дека се преземаат дополнителни мерки за влезот на Украинците на пазарот на трудот во ЕУ. Комисијата активира пилот проект […]

Нападнат Лавов, затворени училишта, експлозии во повеќе градови


  Се чини како утрово Путин да удри посилно по Украина. Стигнуваат извештаи за низа експлозии во повеже градови, меѓу кои и главниот град. Според јавувањата на повеќе странски агенции, во Киев паднала ракета во ценатор на градот, а бил извршен напад со дронови. Во извештајот на Би-би-си, се тврди дека се слуша нападот во […]

ОН: Украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради несигурност


Многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Тоа го утврди Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јави БНР. Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од […]

Седумнаесет загинати во нов напад на Запорожје


  Седумнаесет лица загинаа во ново бомбардирање на Запорожје, град на југот на Украина, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нападот се случил три дена по претходното бомбардирање на градот.   „Најмалку 17 лица загинаа во ракетен напад во текот на ноќта на Запорожје“, изјави градскиот функционер Анатолиј Куртев, додавајќи дека во нападот биле погодени […]

Румен Радев нејќе ни да чуе Бугарија да ѝ даде оружје на Украина или да ја поддржи за НАТО


  „Со целосно убедување не ја потпишав декларацијата за пристапување на Украина во НАТО, бидејќи тоа сега значи војна НАТО-Русија“. Со вакво објаснување бугарскиот претседател Румен Радев ја бранеше својата одлука да не им се придружи на деветмина свои колеги од Источна и Централна Европа (меѓу нив и Стево Пендаровски) кои го поддржаа влезот на […]

„Вашингтон пост“: Човек од кругот на Путин му приговорил дека прави грешки во Украина


  Еден од луѓето кои се блиски до Владимир Путин директно го изразил своето несогласување со рускиот претседател во однос на неговите постапки во врска со војната во Украина. За ова пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на податоци добиени од американското разузнавање. Според еден од изворите на весникот, приговорите изразени до Путин се однесуваат на […]

Македонија и Украина ја олеснуваат слободната трговија и обезбедувањето храна


  Трговијата меѓу Македонија и Украина во иднина ќе биде олеснета, откако денеска во Прага беа потпишани одлуките со кои се дополнува и ревидира постојниот Договорот за слободна трговија. Целта е да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји, соопштија од Владата. Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и […]

Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот


Ед Арнолд, аналитичар во британскиот институт за безбедност и одбрана Royal United Services, во интервју за Sky News ги коментираше последните случувања на фронтот во Украина. Арнолд вели дека „Украина веќе ја постигнала својата примарна политичка цел“, односно дека „му покажала на Западот дека може да ја ослободи сопствената територија користејќи оружје испратено од западните […]

Челниците на сепаратистите признаваат дека Украина е во противнапад: „Русите се прегрупираат“


  Повеќе челници на проруските сепаратисти од окупираните делови на Украина наведуваат дека руските сили се обидуваат да ги сопрат украинските противнапади. Владимир Рогов, еден од челниците на сепаратистите во окупираниот регион Запорожје, за руската режимска агенција РИА вели дека „ситуацијата на бојното поле е напната“, додавајќи дека „украинскиот противнапад продолжува“. Челникот на Херсон призна […]

Предлогот на Елон Маск за мир во Украина


  Елон Маск на Твитер даде предлог како да се сопре војната во Украина. Објави и анкета во која праѓува дали се согласуваат со него. „Украинско-руски мир: – Да се повторат изборите во анектрианите региони под надзор на ОН. Русија заминува ако тоа е волја на народот. – Крим е формално дел од Русија, како […]

Столтенберг: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста


Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за Ен-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Видовме дека успеаја да ослободат уште еден град, Лиман, а тоа докажува дека Украинците напредуваат, дека можат да ги потиснат руските сили благодарение на нивната храброст, вештина, но […]

Германија, Данска и Норвешка купиле хаубици за Украина


Германија, Данска и Норвешка нарачале серија оружје со долг дострел за Украина. Испораката на 16 словачки хаубици „Зузана-2″, која штотуку беше најавена од германското Министерство за одбрана, ќе започне следната година. Ова следи по повиците од Украина за повеќе оружје за да се надградат неодамнешните успеси на бојното поле. Топовите, кои можат да испукаат шест […]

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски


  Руските сили го нападнаа Криви Рех со дронови-камикази, јави АП. Се работи за родниот град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште. Русија се повеќе користи ирански […]

Путин ги анектира окупираните територии и ја повика Украина на мировни преговори


  Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна. Церемонијата на потпишување, одржана во спротивност на меѓународното право, се одржа во Големата палата во Кремљ во присуство на политичките елити во […]

Масакр врз цивили во Украина: Руски сили истрелаа ракети кон конвој, 23 загинати


Руски сили утринава истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, објави Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобили оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви […]

Ердоган: Вечерва ќе разговарам со Путин за Украина


Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека вечерва ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин и оти дискусијата ќе биде фокусирана на Украина, јави Анадолија. Ердоган се обрати на митинг во Анкара, а во таа прилика зборуваше за енергетската криза и Украина. Кога станува збор за енергетската ситуација, Ердоган рече дека Турција […]

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми


Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо. -Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер. „Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени […]

Мелони: Украина може да смета на поддршка од новата италијанска влада


  Џорџа Мелони синоќа преку твитер вети целосна поддршка за Украина од нејзината претстојна влада. – Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Останете силни и одржувајте ја својата вера цврста!, напиша Мелони на Твитер. Таа, исто така, остро ја осуди Русија и изминатите постојано повторуваше […]

Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола


Во украинските области под руска контрола денеска четврти ден се спроведуваат референдумите за присоединување кон Русија. Во првите три дена од референдумското изјаснување најголем одѕив забележала изборната комисија на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), каде гласале 77,12 отсто од запишаните избирачи, соопшти претседателот на Централната изборна комисија на ДНР, Владимир Висоцки. Серхиј Гајдаи, регионалниот гувернер […]

Русија го смени генералот за логистика на вооружените сили


  Русија денеска го разреши генерал Дмитриј Булгаков задолжен за логистика, во време кога се одвива кампањата за мобилизација и во време кога руската офанзива во Украина се соочува со потешкотии. „Армискиот генерал Дмитриј Булгаков е разрешен од должноста заменик-министер за одбрана бидејќи се прераспределува на друга функција. На негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ќе биде одговорен за материјално-техничкото снабдување на […]