Војната е и еколошка катастрофа за Украина


Секој ден, во своите извештаи, властите во Украина известуваат за ракетни напади, уништена инфраструктура и загинати и ранети цивили. Малку настрана од овие црни статистики остануваат штетите за животната средина. Според податоците на Министерството за животна средина и природни ресурси, тие моментално вредат 1,35 трилиони украински гривни (37 милијарди евра) и се најголеми од Втората […]

Институт за војна: Пронајдените руски документи откриваат целосен хаос во војската


  Институтот за проучување на војната (ISW) објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина. Подолу се деловите: Истрагата на Ројтерс за мноштво документи пронајдени на напуштена руска командна станица во Балаклија, Харковската област, ги поддржува долгогодишните проценки на ISW за лошата состојба на руските сили. Конвенционалната руска војска во Украина е сериозно деградирана […]

Русија регрутира командоси од Авганистан за борба во Украина


  Припадниците на елитниот авганистански Национален армиски корпус на командоси, кои беа напуштени од Соединетите Држави и западните сојузници кога земјата падна во рацете на талибанците минатата година, велат дека се контактирани со понуди да се приклучат на руската војска за да се борат во Украина. Повеќе авганистански воени и безбедносни извори велат дека лесните […]

Русите напредуваат кон Бахмут и Авдиивка


Руските сили ја продолжуваат офанзивата во правец на стратешки важните украински градови Бахмут и ​​Авдиивка во источниот регион Донбас, објави украинскиот гувернер на регионот Доњецк, Павло Кириленко. Гувернерот објави дека вчера во нападите на Бахмут загинал еден цивил. „Русите ќе одговараат за сите злосторства направени во нашата земја“, напиша Кириленко. 

Инвестирајте во Украина како идна членка на ЕУ, изјави Шолц на бизнис форум


 Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа членството на Украина во ЕУ на бизнис форум во Берлин посветен на обновата на Украина. – Додека ја обновуваме Украина, тогаш да го сториме тоа имајќи ја на ум целта Украина како членка на ЕУ, рече Шолц. Транспортната инфраструктура како и логистичкиот и транспортниот сектор треба да се развиваат на тој начин што земјата ќе се поврзе […]

Украинските власти велат дека руските тврдењата за употреба на „валкана бомба“ се „апсурдни“ и „опасни“


   Украина  негира дека планира да употреби „валкана бомба“ против руските сили, откако рускиот министер за одбрана за време на телефонските разговори со претставници од НАТО држави рече дека Киев има намера да употреби таков вид оружје. „Руските лаги за Украина дека наводно планира да употреби „валкана бомба“ се исто толку апсурдни колку што се […]

Руско МО тврди дека е уништено складиште со над 100.000 тони гориво во Украина


  Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека уништено е складиште во централна Украина во кое имало над 100.000 тони воздухопловно гориво. „Уништено е складиште за гориво во близина на селото Смила во регионот Черкаси, каде беа складирани повеќе од 100.000 тони воздухопловно гориво за украинските воздухопловни сили“, соопшти руското МО. 

Уапсен шеф на голема украинска компанија затоа што наводно им помагал на Русите


Украинските власти го уапсија Вјачеслав Бохуслаев, шеф на големата украинска компанија Мотор Сич, еден од најголемите светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, објави Киев Индипендент. Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека го сомничи Бохуслаев за соработка со Русија. Според соопштението за печатот на СБУ, апсењето на шефот на Мотор Сич […]

Воен тинк-тенк: Русија ги повлекува офицерите од Херсон


Руското воено раководство ги повлече своите офицери во градот Херсон, анектиран од Русија преку реката Днепар, во очекување на напредување на украинските трупи, соопшти во неделата тинк-тенк Институтот за проучување на војната, пренесе АП. За да ја одложи украинската контраофанзива додека Русите го завршуваат нивното повлекување, Москва ги остави новомобилизираните, неискусни сили од другата страна […]

Украинците собориле 16 дронови камикази во текот на ноќта


  Украинската армија соопшти дека во ноќта од сабота кон недела соборила 16 дронови камикази. Воздухопловните сили на Украина утринава соопштија дека 14 ирански дронови Шахед-136 биле соборени во регионот на Миколаев, а уште два биле соборени на истокот и северот на земјата.

Русите извршија 40 ракетни напади врз Украина во последните 24 часа


Генералштабот на украинската армија соопшти дека Русија во последните 24 часа извршила 40 ракетни напади во девет украински региони. Русите ги гаѓаа целите и со 16 ирански дронови Шахед-136. Главните цели беа енергетските и индустриските капацитети, информира Киев. Ова се најжестоките руски ракетни напади врз Украина од почетокот на октомври

Речиси милион и пол корисници во Украина се без струја по руските напади


Повеќе од еден и пол милион корисници на компаниите за дистрибуција на електрична енергија во Украина се без струја по руските напади врз инфраструктурата на земјата, соопшти денеска Кирило Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. „Во овој момент, 672.000 претплатници се без струја во регионот Хмелницки, 188.400 – во регионот на Миколаев, 102.000 […]

Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз Украина


Украинскиот премиер Денис Шмигал предупреди на „ново мигрантско цунами“ доколку Русија продолжи со нападите врз цивилната инфраструктура на неговата земја. Шмигал, кој в понеделник треба да учествува на германско-украинскиот економски форум во Берлин, ја обвини Москва дека сака да предизвика „хуманитарна катастрофа во Украина“, се вели во делови од неговото интервју за неделното издание на […]

(Видео) Кличко: Над Киев соборени повеќе руски ракети


Градоначлникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека системите за противвоздушна одбрана над главниот град собориле повеќе проектили. „Неколку ракети кои летаа кон Киев беа соборени од силите за противвоздушна одбрана во регионот. Им благодариме на бранителите! Противвоздушната тревога продолжува. Останете во засолништата, внимавајте на вашата безбедност. Штедете електрична енергија и сфатете го ограничувањето на нејзиното […]

ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина


Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.   Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде […]

Украина воведува рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади


Украина денеска првпат воведуваат рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади што уништија дел од нејзините енергетски постројки в пресрет на зимата. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде ограничено од седум до 11 часот наутро, соопштија владини претставници и електро операторот „Укренерго“. Ќе биде ограничено и уличното осветлување. Иако овие ограничувања […]

Милановиќ: Војната во Украина ќе заврши кога Русија ќе победи или ќе дојде до смена на власта во Москва


„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија“. Ова […]

Русија продолжи да ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина


Украинските сили за противвоздушна одбрана денеска соопштија дека Русија повторно нападнала неколку региони на Украина со проектили чија цел била оштетената енергетска инфраструктура.   Властите соопштија дека украинските војници за време на нападот собориле четири руски крстосувачки ракети и 10 беспилотни летала од иранско производство.   Сирените за воздушен напад се огласија повеќе од три […]

Украина тврди дека Русија „киднапирала“ две лица од нуклеарната централа „Запорожје“


Украинската државна агенција за нуклеарна енергија   ја обвини денеска  Русија дека привела двајца вработени од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина. Во соопштение на социјалните мрежи, Енергоатом нагласи дека руските сили синоќа го „киднапирале“ шефот на информатичката технологија Олег Костјуков и помошникот генерален директор на фабриката Олег Ошека. Според Енергоатом, […]

Нови удари на Харкoв и на родниот град на Зеленски


Градовите Дњепро, Харкoв и Криви Рих, утрово се под воздушен напад од Русија, а забаележани се штети на инфраструктурата. Според Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во Дњепро сериозни оштетувања има на енергетскта инфраструктура. Ќелникот на војската на администрацијата во Харкoв утрово објави дека Русија покренала нови удари на градот Харкiв […]