Повеќе од 6 милиони домаќинства во Украина погодени од прекини на струја


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека над шест милиони домаќинства во земјата биле погодени од прекини на струја, два дена по целните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина. „Од оваа вечер, прекините на струја продолжуваат во повеќето региони (на Украина) и во Киев. Вкупно, повеќе од шест милиони претплатници се погодени“, наведе […]

Велика Британија: Путин е очаен поради својата војска, па уништува инфраструктура во Украина


Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас за време на посетата на бродоградилиштето во Глазгов. Валас рече: Украинците се обидуваат да ја заштитат националната цивилна инфраструктура што Путин намерно се обидува да ја уништи со надеж дека ќе […]

Столтенберг: Поединечните членки сами одлучуваат дали ќе испратат ракети „Патриот“ во Украина


Одлуката дали да се испрати системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина ја носат поединечни земји, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, коментирајќи го полското барање испратено до Германија за снабдување на Украина со таков вид оружје. Берлин и го понуди на Варшава системот „Патриот“ за да и помогне подобро да го одбрани […]

Русите го напуштија Херсон и сега го гранатираат 17 пати на ден (Галерија)


  Руските трупи продолжуваат со ракетните напади врз Украина: на 24 ноември, Херсон беше гранатиран 17 пати, изјави шефот на воената администрација во Херсон, Галина Луговаја (десет мртви во регионот); во Киев и Киевската област половина од градот остана без струја поради напади, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Министерството за одбрана на Руската Федерација негира дека […]

(Видео) Руски војник: Кога почна повлекувањето, нашите почнаа да пукаат во нас


  Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека се пратени во борба во близина на селото Мекиевка, во Луганск, ослободен од украинците овој месец, без сооветна обука и воена опрема и дека во текот на повлекувањето, нивните сили пукале кон нив. Во видео објавено на Телеграм канал, еден […]

Повеќе од 15 илјади исчезнати во војната во Украина


Повеќе од 15 илјади луѓе исчезнале од почетокот на војната во Украина, изјави синоќа официјален претставник на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ICMP), организацијата основана по војната во поранешна Југославија. Организацијата со седиште во Хаг летото отвори канцеларија во Киев, за да им помогне на украинските власти во документирањето податоци и пронаоѓањето исчезнати лица. Директорот […]

Најмалку 13 луѓе загинаа при руските напади во Украина


  Најмалку седум лица загинаа, а десет се повредени во вчерашното ракетирање на Херсон, од каде руските сили се повлекоа пред две недели. – Руските окупатори отворија оган врз станбен кварт од повеќецелен ракетен фрлач. Големата зграда се запали, напиша на Телеграм шефот на херсонската воена управа Јарослав Јанучевич. Руско ракетирање имаше и во другите […]

Украина отвора „центри на непобедливоста“ со греење, струја, вода и интернет


  Украинската влада вчера вети дека ќе изгради засолништа во кои ќе има греење, вода и електрична енергија, предупредувајќи ги граѓаните да штедат енергија за време на немилосрдната руска офанзива која сериозно ја оштети енергетската инфраструктура оваа зима. -Специјални „центри на непобедливоста“ ќе бидат формирани низ Украина за 24 часа на ден бесплатно да обезбедуваат […]

Верешчук: Жителите на Херсон да се евакуираат во текот на зимата на побезбедни места


 Украинската влада ги повика граѓаните на Херсон да се евакуираат во побезбедни региони на земјата во текот на зимата. Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии во Владата на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до жителите на Херсон, особено до ранливите категории – жени со деца, стари лица, болни и лица со тешкотии во движењето, да […]

Бет ван Шак за убиството на заробените руски војници во Украина: Сите сносат последици за своите злосторства


  Американската претставничка за воени злосторства, Бет ван Шак, изјави дека САД се свесни за наводите дека украинските сили убиле заробени руски војници и порача дека сите страни би требало да сносат последици доколку извршиле злосторства за време на конфликтот. -Очигледно е дека тоа внимателно го следиме. Многу е важно да се нагласи дека законите […]

Студено и мрачно: Киев се подготвува за „најлошата зима во нашите животи“


  КИЕВ – Кога струјата е исклучена, како што често се случува, високиот стан со поглед на главниот град на Украина, разурнат од војна, изгледа како смртна стапица. Нема светла, нема вода, нема начин да се готви храна. И има ризик да не може навреме да избега од 21-от кат доколку удри руска ракета. Дури […]

„Ја загубивме вистинската војна“: Руските елити скршени по повлекувањето од Херсон


  Серијата порази во војната против Украина, кои кулминираа со предавањето на Херсон, го засенија и онака мрачното расположение на руските „елити“. Додека Кремљ продолжува да верува дека војската може да ја сврти плимата на фронтот, и дека уцената со гас и енергија на крајот ќе ја одземе поддршката на Киев од Западот, во внатрешниот […]

Група републиканци во САД бара ревизија на средствата доделени на Украина


 Некои претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, побараа финансиска ревизија на средствата што Конгресот ѝ ги додели на Украина од јануари 2021 година. За ова информираше Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија. – Поднесувам до Претставничкиот дом нацрт резолуција, со што бараме од претседателот на […]

Дуда: Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пжеводов врз основа на меѓународното право


Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска изјави дека Украина може да учествува во полско-американската истрага за инцидентот во селото Пжеводов единствено врз основа на меѓународното право.   „За да може да се зборува за учество во истрагата, мора да се применат соодветните прописи на меѓународното право. Ова е секогаш во опсегот на правната помош. Доколку […]

Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија


Покрај Полска и Германија, во обуката на украинските вооружени сили како дел од мисијата на Европската унија планира да учествува и Бугарија. Во оваа земја, како што изјави за медиумите рускиот воен експерт Алексеј Леонков, ќе има неколку полигони каде војниците ќе ги обучуваат американски, британски и бугарски инструктори. Прес-службата на бугарското Министерство за одбрана […]

Украинските војски влегоа во Херсон, тежок удар за Русија (Видео)


  Вооружените сили на Украина, наводно, стигнале до центарот на градот Херсон, откако повлекувањето на Русија од клучниот стратешки град се чини дека се претворило во хаотични сцени, пренесе „Гардијан“. Во извештаите за напуштени или заробени ранети руски војници и украинско гранатирање на премини на војници преку реката Днепар, еден руски војник изјави дека на […]

Избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство


„Македонскиот репрезентативец во коњички скокови Олександр Онишченко освои седмо место во Сен Тропе“. Вака би се очекувало да гласи насловот што би се проширил во спортскиот свет во Македонија откако во октомври овој Украинец, кој има и руско државјанство, се натпреваруваше под македонското знаме, пишува Призма. Tаква вест не може да се најде во спортските […]

ЕУ бесна – Унгарија ја блокира помошта од 18 милијарди евра за Украина


  Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот ја критикуваше Унгарија за блокирање на финансиската помош од 18 милијарди евра на ЕУ за Украина, велејќи дека Будимпешта не треба да „игра покер“ во обид да изврши притисок врз Брисел во посебен спор за владеење на правото. Протестот на Бербок ги повтори апелите на […]

Аналитичар: Војната ќе заврши кон крајот на летото 2023 година, ќе победи Украина


  Мајк Мартин, виш соработник за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека верува оти војната во Украина ќе заврши до крајот на летото во 2023 година. Додава дека може да се насети „дека на крај Украина ќе ја добие војната“. Во интервју за радио Тајмс д-р мартин вели. „кога велам победа, мислам […]

Вол Стрит Џурнал: Америка нема да ѝ испрати на Украина борбени дронови, се плаши од напад врз Русија


  САД нема да испратат напредни моќни борбени дронови од типот Grey Eagle MQ-1c во Украина, јави Вол Стрит Џурнал повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден смета дека употребата на овие дронови може дополнително да го ескалира конфликтот затоа што ќе и овозможи на Украина да нападне руска […]