Фон дер Лајен ѝ вети на Украина поддршка од ЕУ во „херојската борба“


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди долгорочната поддршка на Европската унија за Украина во одбивањето на руските напади. – Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ, рече фон дер Лајен во нејзиниот прв разговор годинава со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно, напиша […]

Русија и Украина разменија заробеници


Русија и Украина соопштија дека денеска ослободиле повеќе од 200 заробени војници во процесот на размена на заробеници на двете завојувани страни. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Кермик, соопшти дека Русија ослободила 140 украински војници, а некои од 132 мажи и осум жени кои се ослободени, а биле ранети или учествувале […]

Украина: Русија се подготвува за затворање на границите и нова мобилизација


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека руските власти можеби подготвуваат нова наредба за мобилизација и дека следната недела би можеле да ги затворат границите. Резников преку видео порака им се обрати на руските граѓани. Зборувајќи руски, тој ги предупреди луѓето кои би можеле да бидат подобни за мобилизација. – Сигурно знам дека ви останува уште […]

Британија: Русија деновиве би можела да изврши нов голем напад


Британското Министерство за одбрана наведува дека постои реална можност Русите деновиве да извршат удари со долг дострел врз Украина со цел да го поткопаат украинскиот дух. Тие додадоа дека од октомври, Русија го следи моделот на започнување интензивен бран на напади на секои седум до 10 дена, првенствено насочени кон електричната мрежа на Украина. Последниот беше […]

Масивен руски ракетен бараж на Украина од 120 крстосувачки ракети и дронови


  Повеќе региони на Украина, вклучително и нејзиниот главен град, се соочија со масовен руски ракетен напад во четвртокот, најголемиот бран напади во последните неколку недели насочен кон електрани и друга критична инфраструктура за време на замрзнатото време. Претседателскиот советник Михаило Подољак тврди дека биле истрелани повеќе од 120 проектили. Противвоздушната одбрана во Миколаев и […]

Битка за Кремина – Ако Украина ја поврати ќе падне целата линија на руската одбрана


  Откако изгуби половина од окупираните територии како резултат на контраофанзивата на Украина, руската армија може да предаде уште еден клучен град во областа Луганск, чие „ослободување“ беше прогласено како цел на тековната 10-месечна војна. Вооружените сили на Украина го зголемуваат притисокот врз позициите на руските трупи во Кремина, упориште и логистички центар каде што […]

Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина


Чешкиот претседател Милош Земан повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина, јави ДПА. – Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање. Тој […]

Украина ќе добие 2,65 милијарди долари помош од Холандија


Холандија ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 2,65 милијарди долари, соопшти холандската Влада. Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата. „Се додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе и пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и […]

Русија: Нема преговори додека платеници на НАТО има во Украина


  Високопозициониран руски диплоамт рече дека преговори за безбедносна гаранција за Русија не може да почнат сѐ додека инструктори на НАТО и „платеници“ уште има во украина, односно додека Западот продолжува да праќа оружје во земјата. Александар Дарчиев, еден од челниците на руското министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка, рече дека „преговорите би […]

САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“


САД ќе ѝ испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да и помогнат во спротивставувањето на воздушните напади на Москва, објави Стејт департментот. – Денешната помош за првпат вклучува систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно […]

Британскиот премиер најави испорака на големо количество артилериска муниција во Украина


  Британскиот премиер Риши Сунак, денеска за време на состанокот со лидерите на Северна Европа, Балтикот и Холандија во Латвија, треба да најави испорака на големо количество артилериска муниција во Украина. За време на состанокот во Рига ќе се разговара за тековните напори за спротивставување на Русија во нордиските и балтичките региони. Во Латвија, Сунак […]

Војната во Украина го удвои производството и извозот на оружје во Чешка


Војната во Украина и несигурноста во светот го удвоија производството и извозот на оружје во Чешка, а половина од испораките одат во Украина, изјави шефот на Здружението за одбрана и безбедносна индустрија Јиржи Хинек. Минатата година Чешка произведе и извезе оружје во вредност од 625 милиони евра, а сега очекува повеќе од 1,2 милијарди, рече […]

Москва испраќа музичари на фронтот во Украина за да го подигне моралот на војниците


Руските власти имаат намера да распоредат музичари на првите линии на фронтот во Украина во обид да го подигнат моралот на војниците. Министерството за одбрана на Русија најави формирање на „првата уметничка бригада“, велејќи дека во неа ќе бидат вклучени пејачи и музичари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците на фронтот во […]

Кисинџер: Соништата за разбивање на Русија може да доведат до нуклеарен хаос


  Се приближува времето за договор за мир во Украина за да се намали ризикот од нова светска војна, а соништата за разбивање на Русија може да предизвикаат нуклеарен хаос, смета искусниот американски дипломат Хенри Кисинџер. Кисинџер, архитект на политиката во Студената војна кон Советскиот Сојуз додека беше државен секретар во мандатот на републиканските претседатели […]

(Видео) Изборот за претставник на Евровизија се одржа во засолниште: Украина ја избра својата песна


Украина го избра својот претставник на Евровизија 2023 – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“. Оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни. Творчи е електронско дуо основано во 2018 година од Ендрју Хуцулиак и Џефери […]

Сирените за воздушен напад се слушаат низ цела Украина


  Во сите украински региони се слушаат сирени, кои предупредуваат за воздушни напади, што е показател дека може да претстои нов бран руски бомбардирања. Вчера Киев доживеа значаен ден на удари, со повеќе од 70 проектили испукани врз градот и прекин на снабдувањето со вода и струја. Имаше и напади врз градови во централна и […]

Русија има доволно проектили за нови големи напади, вели Зеленски


Киев, 17 декември 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската армија има доволно залихи на проектили за да изврши уште неколку големи напади врз Украина, јавува Анадолија. Зеленски изутринава и се обрати на нацијата во видео-порака споделена на неговиот профил на Телеграм, коментирајќи го ракетниот напад на руските сили врз важните инфраструктури […]

Украина соборила 60 од 76-те ракети што ги истрелала Русија


  Украинската противвоздушна одбрана соборила 60 од вкупно 76 ракети кои Русија утринава ги истрела врз Украина, изјави врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни. Во изјава на Телеграм, Залужни рече: „Според прелиминарните податоци, утринава од регионите на Каспиското и Црното море, непријателот лансирал 76 проектили, од кои 72 крстосувачки ракети (Х-101, „Калибр“, Х-22) […]

Погодена станбена зграда во родниот град на Зеленски, напади во Киев, Плтава, Одеса, Харков


  Русија утринава изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти. Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена клучна инфраструктура во градот. Олександер Мамаи, градоначалникот на Плтава, објави дека целиот регион останал без електрична енергија поради утринские напади, при што е оштетена инфраструктура. Во Криви […]

Тревога за воздушни напади се слуша низ цела Украина


Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Тревога е објавена во регионите Киев, Харков, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад. Виталиј Бунечко, регионалниот гувернер на Житомир, ги повика жителите да останат во засолништа поради „заканата од огромен ракетен напад“. Градската управа на Киев, исто така, ги […]