Украина тврди дека последните 24 часа биле најсмртоносните за руските сили


Украина денеска соопшти дека последните 24 часа биле најсмртоносните за руските сили од почетокот на руската инвазија минатиот февруари. Официјален Киев тврди дека во текот на ноќта биле убиени 1.030 руски војници. Светските агенции нагласуваат дека наводите на украинската страна не можат да се потврдат од независни извори. Во исто време, Русија исто така тврди […]

Франција и Италија ќе и достават ПВО систем МАМБА на Украина


Франција и Италија ги финализираа техничките разговори за заедничка испорака на системот за воздушна одбрана САМП/Т-МАМБА на Украина напролет оваа година година, соопшти француското Министерство за одбрана. Системот САМП/Т-МАМБА е со среден дострел земја-воздух. Ова ќе и овозможи на Украина да се брани од руски беспилотни летала, ракети и напади со авиони, преку покривање на […]

ЦИА: Следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина


  Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, изјави дека разузнавачката агенција проценува оти следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели. Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс исто така рече дека агенцијата верува дека кинескиот […]

Новиот чешки претседател бара неограничена воена помош за Украина


Новоизбраниот чешки претседател Петр Павел, поранешен генерал на НАТО, изјави во четвртокот дека не треба да има ограничувања за воената помош за воено разурната Украина, повикувајќи ги сојузниците да покажат поголема храброст, пренесува Радио Слободна Европа. Павел, кој беше на чело на воениот комитет на НАТО од 2015 до 2018 година, победи на претседателските избори […]

Украина: Русите мобилизираа 500.000 луѓе, би можеле да извршат напад на 24 февруари


  Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников предупреди дека Русија подготвува нова офанзива која би можела да започне веќе на 24 февруари, на првата годишнина од руската инвазија. Тој тврди дека Русија подготвила илјадници војници и би можела да „проба нешто“ за да ја одбележи годишнината од почетокот на војната, пренесува Би-би-си. Новата офанзива на […]

Сведоштво од боиште во Украина: „Ние 20 – тие 200, пукавме до последен куршум“


Југозападно од градот Бахмут, украинските војници Андриј и Борисич живеат во бункер ископан во смрзнатото тло, на свеќи. Андриј прераскажува за наизглед бескрајната размена на оган кога ги нападнале Вагнеровите борци: „Се боревме околу 10 часа непрекинато. И не беа само бранови, тоа беше непрекинато. Како да не престануваа да доаѓаат.“ Нивните пушки AK-47 толку […]

Земјите членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници


Земјите, членки на Европска Унија, ќе обучат дополнителни 15.000 украински војници, со што вкупниот број војници, кои ќе поминат обука ќе се искачи на 30.000, соопштија неименувани извори од ЕУ. Постоечката мисија за обука почна во ноември минатата година и има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука на вооружените сили на Украина. […]

Орбан ѝ порачува на Украина да се откаже


  БУДИМПЕШТА – Виктор Орбан сака Украина да се откаже. Додека украинските знамиња се веат низ европските престолнини и западните тенкови доаѓаат да ја спасат Украина, унгарскиот премиер отворено ја доведува во прашање одржливоста на Украина како суверена држава. Во Будимпешта, неговата влада ги преполни улиците со билборди против санкциите, а унгарската државна опера ја […]

Украинската влада им забрани на функционерите да одат на одмор во странство за време на руската инвазија


Украинската влада им забрани на своите високи функционери и пратеници, вклучително и жени, да одат на одмор во странство за време на руската инвазија, поради неодамнешните скандали со украински функционери. „Одлуката на украинската влада веќе стапи на сила“, изјави портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко, додавајќи дека службениците можат да заминат во странство како […]

Резников: Украина ќе инвестира 550 милиони долари во беспилотни летала


Украинската армија ќе потроши речиси 550 милиони долари за беспилотни летала во 2023 година и за таа цел има потпишано 16 договори со локални производители, изјави министерот за одбрана Олексеј Резников. „Оваа година ќе ги зголемиме набавките на беспилотни летала за вооружените сили на Украина. За таа цел имаме намера да издвоиме околу 20 милијарди […]

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет дека ja промовира руската војна против Украина


  Украинското претседателство го обвини денеска Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека е „промотор на војната“, бидејќи разгледува можност да им дозволи на руските спортисти да настапат на Олимписките игри 2024. под неутрално обележја. „МОК е промотор на војната, убиствата и разурнувањата. МОК среќно гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа ѝ нуди на Русија […]

Украинскиот премиер сe надева дека неговата земја за две години ќе стане членка на ЕУ


 Украинскиот премиер Денис Шмигал има двегодишен графикон за обезбедување на членството на неговата земја во ЕУ, што сигурно ќе доминира во дискусиите на овонеделниот историски самит ЕУ-Украина – првиот што ќе се одржи на украинска територија, објави Политико. Според изданието, никој во ЕУ не мисли дека тоа е реално. Еврокомесарите ќе отпатуваат за Киев подоцна […]

Украина: Проектил погоди станбена зграда во Харков, едно лице загина


  Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов. „Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм. Засега нема информации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен, за […]

Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина


  Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили. Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и […]

Украина ќе ги бојкотира ЛОИ во Париз ако настапат руски и белоруски олимпијци


Украина се закани со бојкот на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2024 во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на спортистите од Русија и Белорусија, кои се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања по руската инвазија врз украинската територија на 24 февруари лани. Можноста руските и белоруските олимпијци и олимпијки да бидат поканети на ЛОИ 2024 […]

Експлозии низ цела Украина, соборени руски ракети


Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак. Најмалку две од ракетите прелетале над јужниот регион Миколаев, соопшти гувернерот Виталиј Ким на Телеграм. Агенцијата Некста јави дека експлозии утрово се регистрирани низ цела Украина. Експлозии имало во регионите Дњепропетровск, Херсон, […]

И Норвешка ќе испрати тенкови во Украина


  Норвешка синоќа потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина. Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, рече дека неговата земја ќе испрати тенкови, но не го прецизираше бројот. Весникот „Дагенс Нарингслив“ пишува дека Норвешка размислува да испрати осум од 36-те тенкови што ги има. САД и Германија вчера потврдија дека ќе испратат […]

Низ цела Украина прогласена воздушна тревога, над Киев соборени дронови


  Низ цела Украина утрово е прогласена воздушна тревога, а во некои региони е исклучена струјата поради страв од напади. Во текот на ноќта над Киев беа соборени 15 дронови, соопштија градските воени власти. Украинската армија додаде дека Русите ноќеска извршиле неуспешен напад со дронови врз главниот град на Украина. Како што пишува Киев пост, […]

Бела куќа: Испораките на американски тенкови во Украина може да траат со месеци


Белата куќа синоќа соопшти дека може да бидат потребни многу месеци за моќните американски тенкови што претседателот Џо Бајден одлучи да ги испрати во Украина да стигнат до нивната дестинација. – Како што ќе се подобруваат временските услови, може да се очекува дека Русите ќе го зајакнат темпото на офанзивата. Мораме да бидеме подготвени за […]

„Вол Стрит Џурнал“: САД планираат да испратат тенкови „Абрамс“ во Украина


  Весникот „Вол Стрит Џурнал“ пишува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е се поблиску до одлуката за испраќање на моќните американски тенкови „Абрамс“ во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде соопштена уште неделава. Белата куќа не сакаше да го коментира написот, но весникот наведува дека „одлуката за испраќање на „Абрамсите“ би […]