Германски тенкови пристигнуваат во Украина


Командантот на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина е јасен: Германија си стои на зборот и тенковите ќе пристигнат во Украина до крајот на март. Ова, очекува германскиот генерал, треба да ја промени ситуацијата на фронтот, пишува DW. „Германија до крајот на месецот ќе ги испрати во Украина ветените тенкови Леопард и оклопните возила Мардер“, […]

Украинското министерство за земјоделство очекува значително помала жетва на жито годинава


Годинашната жетва на жито во Украина веројатно ќе биде за 16,6 отсто помала, бидејќи помала површина беше засеана поради руската инвазија, а приносите треба да бидат помали поради повисоките трошоци, покажала проценката на украинското Министерство за земјоделство. Овогодинешниот род најверојатно ќе биде 44,3 милиони тони, во споредба со 53,1 милиони тони во 2022 година, информираат […]

Дали Полска може да влезе во војна?


Амбасадорот на Полска во Франција, Јан Емерик Рошчишевски, изјави дека може да дојде до ситуација во која Полска ќе мора да влезе во војна. „Не се НАТО, Полска или Словачка оние кои вршат зголемен притисок, туку Русија ја нападна Украина. Русија ги краде нејзините територии. Русија го убива сопствениот народ. Русија киднапира украински деца“, рече […]

Полска во наредните денови ќе испрати четири авиони МИГ-29 во Украина


 Полска во наредните денови ќе и испрати на Украина четири борбени авиони МИГ-29, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, со што таа земја ќе стане првиот сојузник на Киев што обезбедил такви авиони. Варшава, како еден од најистакнатите поддржувачи на Украина, презеде водечка улога во убедувањето на понекогаш колебливите сојузници да му обезбедат тешко вооружување […]

Заштитата на Украина не е витален интерес на САД, вели можниот кандидат на Републиканците за претседател


Гувернерот на сојузната држава Флорида и можен претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори следната година, Рон де Сантис, во интервју за Фокс Њуз изјави дека заштитата на Украина не е витален интерес на САД. Де Сантис одговори на прашалникот испратен од водителот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, до потенцијалните претседателски кандидати на Републиканската […]

Павел: Украина полесно ќе влезе во ЕУ, отколку во НАТО


 Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е […]

Отровно тло – уште една последица на војната во Украина


Уште една страшна последица од војната во Украина што допрва ќе се почувствува ширум светот е токсичната почва. Украина е позната како „житницата на Европа“, но сега се поставува прашањето каков ќе биде квалитетот на тоа жито и секако последиците по здравјето на луѓето од жито растено на отровна земја. Боевата муниција содржи олово, жива […]

Масивен руски ракетен бараж врз Украина, погодена енергетска инфраструктура


  КИЕВ – Русија рано во четвртокот започна ракетен бараж насочен кон енергетската инфраструктура низ Украина, погодувајќи станбени згради и убивајќи најмалку пет лица во најголемиот таков напад во последните три недели, соопштија официјални лица. Четири лица загинаа во регионот Лавов откако проектил погоди станбена зона, изјави гувернерот на Лавов Максим Козицки. Три згради беа […]

Сијарто: Во Украина гинат Унгарци


 Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави за ТВ Н1 Хрватска дека Киев регрутира некои од 150.000 Унгарци од етничката заедница во Украина и ги испраќа на „првата борбена линија“ каде што гинат. ТВ Н1 Србија во неделата вечерта објави дека во интервјуто снимено во четвртокот за време на неговата посета на Загреб, Сијарто […]

ЕУ итно ќе купи муниција за една милијарда евра за Украина


  Европските земји воспоставуваат брзи испораки на многу потребна муниција за Украина. Според официјални претставници на ЕУ, 27 земји – сите членки на Унијата со исклучок на Данска, како и Норвешка – се договориле за заеднички набавки и инвестиции во проширување на производството. „Мислам дека тоа ќе биде направено брзо, многу брзо“, изјави европски функционер […]

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков


Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација. „Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков. Гувернерот на […]

Русите го притискаат Бахмут, но Украина доби неочекуван „сојузник“


Руските сили вршат притисок во офанзива на истокот на Украина, додека се обидуваат да го опколат малиот рударски град бахмут, каде во моментот се одвиваат најжестоките битки на украинското боиште. Русија се обидува да ги прекине ранливите линии за снабдување на украинските бранители во градот и да ги натера да се предадат или да се […]

Трите оружја кои го променија правецот на војната на Украина против Русија


  Кога рускиот претседател Владимир Путин ги испрати своите сили во Украина пред една година, повеќето набљудувачи очекуваа брза победа на напаѓачите. Тие рани предвидувања за рускиот успех не се остварија, за што експертите го наведуваат различни фактори, вклучително и повисокиот морал и супериорната воена тактика на украинската страна, но исто така – од суштинско […]

Над 10.000 демонстранти во Берлин против вооружувањето на Украина


Демонстрации против снабдувањето на Украина со оружје за војна со Русија се одржаа  денеска во Берин со над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската влада и големото полициско присуство. Организиран од истакната левичарка германска политичарка, протестот доаѓа еден ден по една година од руската инвазија врз Украина. „Го повикуваме германскиот канцелар […]

Бајден: Не е рационално Кина да преговара за исходот од војната во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот во интервју за ABC News дека идејата Кина да преговара за исходот од војната во Украина не е рационална, по објавувањето на мировниот план на Пекинг за конфликтот. -Путин аплаудира, па како може тоа да биде добро?, изјави Бајден за ABC News на годишнината од војната во Украина. […]

Велика Британија ќе понуди 3.000 билети за Евровизија на раселени Украинци


Владата на Британија ќе им стави на располагање 3.000 влезници за Евровизија за раселените Украинци, откако нивната земја не можеше да биде домаќин на натпреварот поради руската инвазија што почна минатата година. Владата, исто така, наведе дека ќе обезбеди финансирање од 10 милиони фунти за да помогне во одржувањето на Евровизија во мај во име […]

Полска официјално ги предаде првите тенкови „леопард“ на Украина


Првите полски тенкови „лепард 2“ официјално се испорачани на Украина, објави Јуан Мекдоналд од Нов глас на Украина, кој на социјалните мрежи објави снимка од примопредавањето. На снимката се полскиот премиер Матеуш Морјавецки и неговиот украински колега Денис Шмихал на непозната локација во Украина. Официјалното предавање на првите „леопарди“ доаѓа откако полскиот премиер вчера потврди […]

Пентагон најави уште две милијарди долари помош за Украина


Во рамките на иницијативата за помош во безбедноста, Министерството за одбрана на САД синоќа објави дополнителна помош за Украина во висина од две милијарди долари.  -Овој пакет помош ја потврдува неизменетата подршка на Соединетите Држави за Украина, со поставување дополнителни беспилотни летала, средства за детектирање и соборување дронови, средства за радио-електронска врска како и критично […]

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина


Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа  своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права. Во четвртиот по големи руски град Екатеринбург беа  уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите […]

Украинците благодарни на Македонија: Овде престојуваат 400 бегалци


Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина. Претседателот на Здружението, Александар Урбанович, пред почетокот на митингот се заблагодари за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ. – Денеска ние, Украинците, одбележуваме […]