За да биде вклучена и Украина во истрагата за падната ракета на полска територија, Дуда смета дека треба да се договорат Полска и САД


Полскиот претседатател Анджеј Дуда одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Украина за пристап до местото на експлозијата на ракета на полска територија рече дека процедурите ги спроведуваат полски и американски експерти и оти потребна е согласност од двете страни, јави агенцијата Балканвеб. Истиот извор наведува дека Украина соопштила дека сака непосреден пристап до местото […]

Трамп: Ако бидам повторно избран за претседател, ќе го решам прашањето за војната во Украина за 24 часа


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно изјави дека доколку биде избран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши прашањето за војната во Украина. – Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, (Владимир) Путин и (Володомир) Зеленски, имаат слабости и силни страни, […]

Зеленски вети дека повторно ќе ја заземе цела Украина


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера вети дека ќе го врати секој дел од територијата која Русија и ја одземала на Украина, додека неговите војници од првата линија оствариле територијални придобивки во Бахмут. „Нема да оставиме ниту едно парче од нашата земја на непријателот – тиранијата нема да владее никаде. Мораме да ги вратиме слободата, безбедноста […]

Столтенберг: Украина ќе влезе во НАТО, но прашање е кога


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане членка, но прашање е кога тоа ќе се случи. – Прво, сите сојузници се согласни дека Украина ќе стане членка на НАТО. Сите тие се согласуваат дека Украина има право да го избере својот пат и дека […]

Русите лансираа 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина


Русија утрово лансираше околу 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина, но системите за противвоздушна одбрана ги соборија сите, соопштија украинските власти, откако претходно се огласија предупредувањата за воздушен напад во поголемиот дел од земјата. Денешните напади, петти овој месец, се случија еден ден откако Русија го лансираше најголемиот број беспилотни летала досега. Началникот […]

Серија руски напади врз Киев и други делови на Украина


Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија. Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за […]

Наместо патишта за сиромашните, ЕУ со парите ќе прави оружје за Украина?


Во рамките на програмата наречена ASAP, Европската комисија ќе „ослободи“ 500 милиони евра за да ги зголеми производните капацитети во фабриките од воената индустрија. Брисел ќе ги искористи средствата наменети за изградба на патишта и аеродроми во посиромашните држави на Европската унија за да го поттикне производството на оружје низ целиот блок. Во корист на […]

Украина, Русија, Турција и ОН не постигнаа договор за извозот на жито


Украина, Русија, Турција и Обединетите нации не постигнаа договор во текот на денешните преговори за извозот на жито. Портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека не е дадено овластување на ниту еден нов брод за извоз на жито преку Црното Море. Тој додаде дека продолжуваат секојдневните инспекции на претходно одобрените бродови.

Нов пакет воена помош од САД за Украина вреден 300 милиони долари


САД најавија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари, за таа да „продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. Продолжуваме со поддршката со нашите партнери од Украина додека тие се бранат од руската воена агресија, изјави државниот секретар […]

Данска ќе испрати 250 милиони долари воена и финансиска помош за Украина


Данска ќе испрати воена опрема и финансиска поддршка за Украина во вредност од 250 милиони долари, изјави денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Поулсен рече дека Данска ќе го намали своето воено присуство во Ирак од почетокот на 2024 година и наместо тоа ќе се фокусира на балтичките земји и ќе му понуди […]

Украина го бојкотира Светското првенство во џудо


 Украинската џудо федерација (УЈФ) соопшти денеска дека нејзините спортисти нема да настапат на претстојното Светско првенство во Катар, во знак на бојкот на одлуката на Меѓународната џудо федерација (ИЈФ), да им биде дозволено учество на руски и белоруски џудисти под неутрално знаме. ИЈФ минатата недела објави дека ќе им дозволи на џудистите од Русија и […]

Меркел загрижена за Украина: „Направив сè за да спречам избувнување на војна“


Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел изјави дека ги искористила сите можни средства што и стојат на располагање во обид да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна. „Искористив сè што имав на располагање за да се обидам да спречам да се случи оваа ситуација“, изјави Меркел за германскиот весник Цајт, пренесе ТАСС.   Таа додаде дека […]

Голем руски ракетен напад врз Украина, меѓу загинатите и тригодишно дете


Рано утрово во цела Украина беа издадени предупредувања за воздушен напад, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете. Како што јави Би-Би-Си, во Дњепар загинале жена и тригодишно дете. Фотографии објавени на социјалните […]

Во Украина убиен новинар кој работел за италијанска „Република“


Украински новинар кој работел како локален соработник на италијанскиот весник „Република“ е убиен од снајперски истрел во јужна Украина, а неговиот италијански колега е ранет, пишува весникот. – Нашиот дописник Корадо Зунино и неговиот колега Богдан Битик упаднаа во заседа на руските сили во предградие на Херсон, јужна Украина. За жал, Богдан Битик не преживеа, […]

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина


Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе. -Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, […]

Украина ја одложи контраофанзивата поради недостиг на оружје


  Украина ја одложи контраофанзивата на неодредено време поради недоволно оружје, пишува „Форин полиси“, повикувајќи се на пратеничката од Врховната Рада, Олександра Устинова. Според неа, во Киев се надевале дека ќе ја започнат операцијата во април, но Соединетите Држави обезбедиле „многу помалку“ отколку што шефот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, побарал од Пентагон. […]

Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјавата дека Украинците се Руси


Дипломатот Рон ван Дартел, кој беше назначен пред помалку од три недели да го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка поради неодамнешната изјава дека Украинците се Руси. Ван Дартел, поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што ги дал на авторот на една нова книга. – Украинците исто така се Руси. […]

Уште не се откриваат трговците кои не ги почитуваат владините мерки, ќе се знаеле наскоро


Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во […]

ЕУ го решава конфликтот: 100 милиони евра компензација


Европската унија подготви 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина. Планира да воведе и ограничувања за увоз на украински житарки, објави Европската комисија. Како што објави Ројтерс, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарки на територијата на целиот блок се […]

(Видео) Путин ненадејно пристигна во Украина, ја посети воената команда во Херсон


  Рускиот претседател Владимир Путин ненадејно пристигна во Украина и присуствуваше на состанокот на воената команда во регионот Херсон, кој е делумно окупиран од Русија, соопшти Кремљ. Путин ги слушаше извештаите на командантите на Воздухопловните сили и армиската група „Днепар“, како и други високи офицери кои го информираа за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, […]