Украина информира за тешки борби на исток


Руските трупи го зголемија притисокот врз украинските одбранбени позиции за време на тешките борби во источна Украина, изјави денеска украинскиот командант на регионот, Серхи Сидорин, јави ДПА. -Битките се фокусирани на областа западно од Бахмут. Непријателот има големи загуби, но постојано ги надополнува своите редови со нови резерви, изјави Сидорин за украинските медиуми.  Според него, […]

Не се исклучува можноста да примиме на лекување војници од Украина


 Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина. – Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе […]

Украина соборила 12 од 15 дронови лансирани од Русија


Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 12 од 15 дронови Шахед, лансирани од Русија. Дроновите се соборени над Дњепропетровск, Доњецк и Полтавска област. Руско беспилотно летало синоќа погоди фабрика во околината на градот Кривји Рих, соопшти шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак. Нападот предизвикал пожар, но сè уште нема информации за евентуални жртви.

Домбровскис: Киев до април ќе добие шест милијарди евра од ЕУ


Украина месецов ќе ја добие првата транша од програмата за поддршка на земјата во износ од 4,5 милијарди евра, а втората транша вредна 1,5 милијарди евра ќе биде одобрена во април, изјави во Киев, извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис. „Веќе го финализираме механизмот за поддршка на Украина, кој се нарекува Механизам за Украина… […]

Макрон: Големиот мајстор на театралноста


Еве се случи уште еднаш, голема изјава на францускиот претседател Емануел Макрон. „Ништо не треба да се исклучи“, рече тој минатата недела, одговарајќи на прашањето дали земјите од НАТО би можеле да испратат војници да помогнат во одбраната на Украина. „Се е можно ако е корисно да ја достигнеме нашата цел“, додаде тој. „Русија не […]

Финска: Украина може слободно да ја бомбардира Русија со наше оружје


Украина може да користи оружје обезбедено од Финска за да погоди цели на руска територија, изјавија високи претставници во Хелсинки. Финскиот министер за одбрана Анти Хакенен рече дека неговата земја не поставила никакви ограничувања за тоа што Украина може да направи со оружјето што го обезбедува, објави во четвртокот финскиот радиодифузен сервис Yle. Хаканен додаде […]

Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатeли


Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство, пишува Политико (Politico). Овие разлики особено станаа видливи по изјавите на Макрон за испраќање војници во Украина Претходно, францускиот претседател кажа дека ЕУ се согласила да ја создаде „деветата коалиција за длабоки удари“, снабдувајќи ја […]

Може ли Украина да го престигне Западен Балкан на патот кон ЕУ?


Откако Украина и Молдавија го започнаа својот официјален процес на интеграција во ЕУ во 2022 година, можноста новите кандидати да „скокнат во редот“ создаде немир во Западен Балкан. Иако притисокот за нивно пристапување во ЕУ беше резултат на избувнувањето на војната во Украина, релативно брзото темпо со кое овие земји се движат досега не е […]

Песков: Војници на НАТО во Украина ќе значат директен судир со Русија


Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.  Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи […]

Брутални ракети за уништување на големи руски авиони: Како Украина го активираше системот С-200


Според украинското списание Правда, ракетата на украинските воздухопловни сили што беше употребена за соборување на А-50 во петокот, еден од ретките руски воени авиони со радарски систем, не била американски Патриот, како што претпоставуваа многу набљудувачи. Не, според достапните извештаи, тоа беше поранешна советска ракета 5V28, компонента на системот за воздушна одбрана С-200. Гледано наназад, […]

Фицо: Членки на ЕУ и НАТО размислуваат за испраќање војници во Украина


Неколку членки на ЕУ и НАТО размислуваат за воени распоредувања во Украина, изјави во понеделник словачкиот премиер Роберт Фицо. Говорејќи пред состанокот на националните лидери на ЕУ и НАТО во понеделник во Париз, на кој ќе се дебатира за колективната западна стратегија за Украина, Фицо наведе „ограничен документ“ во кој се наведени темите што треба […]

Европските лидери се собраа во Париз и испратија порака до Путин и Украина: „Русија не смее да победи“


Европските лидери се собраа во Елисејската палата во Париз на состанокот свикан од францускиот претседател Емануел Макрон во обид да покажат единство и решителност во нивната поддршка за Украина додека земјата се соочува со тешка воена ситуација против Русија. На состанокот учествуваат дваесет шефови на држави и највисоки функционери, меѓу кои Британија, Германија, Холандија, Полска, […]

„Украина – две години хероизам“ мултимедијална конференција


Амбасадата на Украина, во соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска организира голема мултимедијална конференција насловeна „Украина – две години хероизам“ што ќе се одржи во Музејот на македонската борба за независност, во Скопје. Како што наведуваат организаторите, форумот ќе го отворат претседател Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир, а […]

Зеленски: Ќе дојде најдобриот ден во нашите животи


Украина ќе ја „победи“ Русија, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога Украина е ослабена и влегува во третата година од војната, помошта од сојузниците постепено „пресушува“, а руската воена машинерија напредува. „Ние се бориме за тоа 730 дена. И ќе победиме… и тоа ќе биде најдобриот ден во нашите животи“, рече Зеленски […]

Грчко МНР: Континуирана и искрена поддршката на Грција за Владата и народот на Украина


 Грција цврсто стои на страната на храбриот украински народ кој се бори за независноста и суверенитетот на својата земја. Нашата поддршка за Владата и народот на Украина е континуирана и искрена, соопштија од грчкото МНР за двегодишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за надворешни работи […]

Марш на „Лесја Украинка“ на годишнината од почетокот на војната (галерија)


Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ одржа мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина. Настанот почна на алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа продолжи пред амбасада на руската федерација. Фото: Б. Грданоски

Две години од почетокот на руската инвазија на Украина


Во Италија, која оваа година претседава со Групата седум индустриски развиени земји (Г7), ќе се одржи виртуелен самит со претседателот на Украина Володимир Зеленски во знак на поддршка за неговата земја. Собири ќе се одржуваат во повеќе градови како Берлин и Варшава, а некаде ќе има и пред руските амбасади. Во пресрет на годишнината беа […]

Киев: Полските претставници не се појавиле на бараните разговори за блокадата на границата


Украинска владина делегација денеска ја посети границата со членката на ЕУ Полска за побарани разговори во врска со протестот и блокадата на товари со украинска стока од полски земјоделци, но на назначеното место немало претставници на Варшава, соопшти премиерот на Украина Денис Шмигал. Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од својот полски колега Анджеј Дуда, премиерот […]

Зградата на МНР осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина


Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во објава на Фејсбук, сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. – Остануваме на страната на украинскиот народ и […]