Украина удира силно со дронови во Москва, но Русија ги празни градовите во Донецк со страшна тактика


  Надија Трофимчук, 79, целиот свој живот го поминала во источниот украински град Слoвјанск и и покрај тоа што војната во Донбас трае повеќе од една деценија, таа никогаш сериозно не размислувала да замине. Слoвјанск бил нејзин дом, градот каде што пораснала, работела, одгледала семејство и уживала во периоди на мир меѓу брановите на конфликти. […]

Јужна Кореја е подготвена да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина


 Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина. – Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението […]

Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО според борбениот капацитет


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените сили на својата земја како практично „втора најсилна армија во НАТО“, пренесува ДПА. Тој изјави пред новинарите дека „на НАТО му требаме ние“, објави украинскиот портал „Хромадске“. Тој додаде дека тоа е веќе факт што го признаваат сите шефови на држави членки на Алијансата. Според Зеленски, во текот […]

(Галерија и видео) Најголем украински напад на Москва од почетокот на војната


  Украински дронови погодија неколку локации низ Москва во најголемиот воздушен напад на Киев врз градот од почетокот на целосната инвазија на Русија, запалувајќи голема рафинерија за нафта и принудувајќи евакуации на најголемиот аеродром во земјата. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го опиша нападот како одговор на рускиот напад врз историскиот манастирски комплекс во Киев претходно […]

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина


Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти. Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас. Со напади извршени со беспилотни летала бил […]

Трамп: „Имав многу добра средба со Зеленски. Премногу се гине во војната“


  Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на самитот на Г7 во Евијан, Франција, изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава и дека ќе се сретне повторно денеска попладне. „Видете, Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото и Украина. Минатиот месец, тие изгубија […]

Какви отстапки направи Киев кон Будимпешта за унгарското малцинство во Украина


  Европската унија денеска ќе го помести во следната фаза обидот на Украина за членство по долго одложување. Заедно со Украина министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите по кластери со Молдавија. А се очекува да бидат привремено затворени уште две поглавја во преговорите со Црна Гора. Напредокот […]

Мицкоски ја обвини опозицијата за напредувањето на Украина и Молдавија кон ЕУ


  Не е тоа заслуга на владите на Украина и Молдавија што денеска го отвораат првиот кластер во преговорите со ЕУ, туку тоа било поради тоа што опозицијата во тие земји не работела против интересите на државата. Така денеска премиерот Христијан Мицкоски го релативизираше фактот дека Македонија останува поместена на уште еден перон настрана на […]

Деветмина загинати во руски воздушни напади врз Киев и Харков, оштетена Киевско-печерската Лавра, еден од симболите на Украина


Девет лица, од кои пет во Харков и четири во Киев, загинаа во руски ракетни напади извршени во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти. Во нападите сериозно е оштетена и Киевско-печерската Лавра, манастир заштитен како светско културно наследство на УНЕСКО. Според информациите, по нападот избувнал пожар во комплексот. „Суров напад врз нашиот народ и […]

Украина и Молдавија утре ги почнуваат преговорите по кластери со ЕУ. Македонија остана со Босна


  Украина и Молдавија ќе направат одлучувачки чекор кон приклучување кон ЕУ во понеделник, кога ќе започнат со првата фаза од преговорите за членство. Почетокот на суштинските преговори во Луксембург ќе биде многу симболичен момент за двете земји кои беа дел од поранешниот Советски Сојуз. Ова доаѓа откако Русија го интензивираше бомбардирањето на украинските градови […]

Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилените украински напади


Воениот гувернер на украинскиот југоисточен регион Запорожје, Иван Федоров, денеска ги повика цивилите да ги напуштат териториите под руска окупација, во услови кога Киев ги интензивира нападите врз тие делови на земјата. Федоров преку „Телеграм“ соопшти дека украинските сили ја гаѓаат руската воена инфраструктура и линиите за снабдување во регионите Запорожје и Херсон. Истовремено, според […]

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони


Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот […]

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори


Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за […]

Превирања на врвот на Европа: Германија испраќа јасна порака до Путин и Зеленски!


Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул го повика рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на разговорите за прекин на војната во Украина и рече дека Европа мора да биде вклучена во секој евентуален договор. Зборувајќи заедно со својот мексикански колега Роберто Веласко во Мексико во четврток, Вадефул рече дека конфликтот достигнал фаза каде […]

„Победата е невозможна“: Воените јастреби отворено застанаа против Путин


  Сè поочигледната немоќ на Русија да го пробие ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикуваат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае таа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата […]

Украинците го посрамотија Путин во неговиот град. Погодена и корвета од Балтичката флота


  Утрово украинските социјални мрежи и новински куќи беа преполни со објави и фотографии споделени од руските канали на Телеграм. Жителите на Санкт Петербург, вториот по големина град во Руската Федерација и родниот град на Владимир Путин, масовно објавуваа фотографии и видеа на социјалните мрежи од украински дронови кои, како на парада, полека летаа над […]

Украина и Молдавија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ во јуни


  Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки „кластер“ – формален чекор на патот кон членство […]

Седум лица убиени во руски напади врз неколку украински градови


Најмалку седум лица загинаа во руските напад врз Украина во текот на ноќта, соопштуваат локалните власти. Бројот на загинатите во Киев се искачи на три, соопшти шефот на Киевската градска воена администрација Тимур Ткаченко преку Телеграм. „Потврдена е смртта на три лица во Киев“, наведе Ткаченко, откако претходно информираше за 29 повредени, меѓу кои и […]

Советот на ЕУ одобри исплата на 2,8 милијарди евра помош за Украина


Советот на Европската Унија одлучи дека Украина, во рамките на седмата редовна исплата на помош од Инструментот на ЕУ, ќе добие 2,8 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Исплатите се поврзани со Планот за Украина, кој ги утврдува мерките за нејзино закрепнување од војната, реконструкција и модернизација, како и роковите за реформи во согласност […]

Украина ќе купи 20 нови авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира постари модели


Украина ќе купи 20 нови борбени авиони „Грипен“, а Шведска ќе донира 16 од постариот тип следната година, изјавија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на денешната заедничка прес-конференција. Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери што го отвора патот Шведска да и продаде на Украина до 150 борбени авиони од […]