САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките. Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е […]

„Волстрит џурнал“: САД можат да и достават на Украина уште еден систем за воздушна одбрана Патриот


Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп размислува за префрлање на уште еден систем за воздушна одбрана Патриот во Украина. – Тоа би можело да биде првата голема испорака на оружје за Украина, со одлука донесена од администрацијата на актуелниот претседател, а не неговиот претходник Џо […]

Данска почнува постапка за одземање на правото на глас на Унгарија во рамките на Европската Унија


Данска сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на блокот, вклучително и лансирање на таканаречените нуклеарни опции од Член 7 против Будимпешта, пишува Политико. „Сè уште сме сведоци на кршење на основните вредности. Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7 и сослушувањето за Унгарија“, изјави […]

Украинско воздухопловство: Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина


Русија истрела рекордни 539 дронови и 11 балистички и крстосувачки ракети кон Украина во текот на ноќта, соопштија денеска украинските воздухопловни сили. Украинската војска соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле вкупно 270 руски дронови во текот на ноќта. Други 208 руски дронови биле или пренасочени со електронско војување или биле симулатори на дронови […]

Умеров: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно


Украинскиот министер за одбрана Рустев Умеров вчера изјави дека украинските компании го зголемиле својот индустриски капацитет за да можат да произведуваат четири милиони дронови годишно. „Украинските производители годинава на фронот ќе испорачаат четири милиони дронови, додека украинската армија веќе прими 1,5 милиона дронови“, рече Умеров на прес-конференција, пренесува Киев Индепендент. Според него, владата моментално издвојува […]

Украина: Пронајдовме решение за дроновите „Шахед“


Украина одлучи значително да го зголеми бројот на напади со долг дострел на руска територија, а веќе се подготвува нов договор за десетици илјади дронови наменети за операции за длабински удари, изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров за „Киев пост“ и други новинари за време на вчерашниот затворен состанок. – Пред околу две недели […]

Украина е најголемиот губитник од американските напади врз Иран


Откако Иран одговори на американскиот напад со напад врз американската воздухопловна база во Катар, војната заврши за сите страни. Парадоксално, обете, или поточно сите три страни (САД, Израел и Иран) прогласија воена победа. И додека прекинот на огнот можеше да биде прекршен и конфликтот повторно да ескалира, фактот дека Трамп го иницираше прекинот на огнот […]

Три лица загинаа во ноќните руски напади врз североисточниот дел на Украина


Во нападите со дронови врз североисточниот украински град Суми загинаа три лица, вклучувајќи и осумгодишно дете, објавија рано утринава регионалните власти. -Околу полноќ Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз селото. (…) Имаме информации за три смртни случаи“, рече шефот на регионалната администрација, Олег Григоров. Освен детето, загинаа и маж и жена, рече тој. […]

Украина најавува засилени напади врз воени цели длабоко во Русија


 Врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал-потполковник Олександр Сирски, најави засилени напади врз воени цели длабоко во Русија. На 1 јуни, Украина бомбардираше неколку руски аеродроми, дури и илјадници километри од границата, откако шверцуваше експлозивни дронови во Русија. Киев во тоа време изјави дека нападот, во кој беа уништени десетици авиони, е одмазда за […]

Путин: Цела Украина е наша


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не бара капитулација на Украина, туку признавање на реалноста „утврдена на терен“. Тој ова го кажа на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Путин ја повтори тезата дека ги смета Русите и Украинците за една нација и изрази територијална претензија: „Верувам дека рускиот и украинскиот […]

Русија и Украина разменуваат затвореници: Некои чекаа повеќе од три години


Украина и Русија спроведоа уште една размена на затвореници, трета оваа недела, потврдија двете страни во четвртокot. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неколку „сериозно ранети и сериозно болни војници“ се вратиле дома. „На сите им е потребен третман и дефинитивно ќе им биде обезбедена потребната помош“, напиша Зеленски на Телеграм. Руското Министерство за одбрана, […]

Руски дронови го погодија Харков – двајца загинати, 37 повредени


 Две лица загинаа, а најмалку 37 лица се повредени, меѓу кои и пет деца, при ноќен руски напад со дронови врз украинскиот град Харков, соопшти градоначалникот Игор Терехов. Нападите се случија само еден ден по слични удари врз Киев и Одеса, во кои загинаа три лица. Харков, втор по големина град во Украина и лоциран […]

Најмалку седум мртви во масовниот руски напад врз Украина по операцијата „Пајакова мрежа“


Русија изврши масовен напад со ракети и дронови врз Украина во текот на ноќта, таргетирајќи го главниот град Киев, големите градови и западните региони на земјата. Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, нападот резултирал со 80 повредени и седум загинати, вклучувајќи и спасувачи. „Циничен руски напад врз обични градови. Повеќе од 400 дронови, над 40 ракети… […]

Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери


Украинска воздушна офанзива со беспилотни летала минатиот викенд оштетила приближно 10 отсто од руските стратешки бомбардери, соопшти генерал-мајорот Кристијан Фројдинг од германската армија. Фројдинг, кој ја координира германската воена помош за Киев и е во постојана комуникација со украинското Министерство за одбрана, изјави дека при нападот биле погодени најмалку десетина летала, вклучително и Ту-95 и […]

„Тој е булдог“: Човекот кој стои зад спектакуларната акција „Пајажина“ на Украина


  Васил Малјук, кој се слави дека ѝ „удрил шлаканица в лице“ на Русија веќе имаше серија големи успеси како шеф на безбедносната служба пред неверојатниот напад со дронови на руските авио бази За оние кои го познаваат Васил Малјук, шефот на Безбедносната служба на Украина (СБУ), не беше изненадувачки што неговата изјава со која […]

Британија ќе и испорача 100 илјади дронови на Украина


Велика Британија денеска вети дека ќе и испорача 100.000 дронови на Украина до крајот на тековната фискална година, април 2026 година. Ова претставува десеткратно зголемување во однос на претходните години, откако беше истакнато дека беспилотните летала го промениле начинот на војување. Владата во Лондон ја поддржа независно подготвената Стратешка одбранбена ревизија, која повикува на посилна, […]

Русија заработила три пати повеќе од нафта, гас и јаглен отколку што била вкупната западна помош за Украина


Глобално, од почетокот на војната, Русија заработила три пати повеќе пари од продажба на нафта, гас и јаглен отколку што е издвоено за помош на Украина. Истиот сооднос важи и кога се гледаат членките на Европската Унија. Дури и кога станува збор за земјите од НАТО, Русија заработува повеќе од продажба на енергетски производи отколку […]

Предлог за капитулација? Што пишува во рускиот меморандум „за регулирање на украинската криза“


Руската агенција Тасс го објави текстот на рускиот меморандум за „регулирање на украинската криза“, кој изгледа како предлог за капитулација на Украина. Се бара меѓународно-правно признавање на Крим, ЛНР, ДНР, Запорошката и Херсонската област како делови од Руската Федерација и целосно повлекување на украинската војска и другите воени формации на Украина од тие територии. Се […]

Во Русија повикуваат на нуклеарен одговор откако Украина им уништи 13 авиони


Последиците од големиот украински напад со беспилотни летала врз руските воздухопловни бази сè уште се чувствуваат, а Москва е под зголемен притисок да одговори. Украинските власти тврдат дека најмалку 13 руски авиони се уништени, додека повеќе се оштетени, вклучувајќи бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Како што известува Ивор Бенет, дописник на Скај њуз од […]

(ВИДЕО) Операција како „Невозможна мисија“: Украина ги десеткуваше со дронови руските бомбардери


  Украина презедо голем напад со дронови против руски воени бомбардери во Сибир, погодувајќи повеќе од 40 воени авиони илјадници километри од својата територија, изјави безбедносен функционер. Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека нападите биле спроведени од домашната разузнавачка агенција на Украина (СБУ) и истовремено погодиле четири руски воени воздухопловни бази. […]