УКЛО-Битола објави дополнителен конкурс за запишување магистерски и докторски студии


Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО)-Битола објави дополнителни конкурси за запишување на втор циклус – магистерски студии и на трет циклус – докторски студии. На универзитетските единици при УКЛО-Битола може да се запишат 548 кандидати за магистерски и 117 кандидати за докторски студии. Според објавениот конкурс за магистерски студии, најмногу слободни места се понудени за упис […]

Битолскиот Универзитет повторно на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025


Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно е рангиран на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025. Од Ректоратот на УКЛО информираат дека минатата година битолскиот универзитет беше првиот македонски универзитет рангиран на оваа престижна ранг листа. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е евалуиран во пет од вкупно седумнаесет цели за одржлив […]

Отворен ден на УКЛО


На Факултетот за туризам и угостителство денеска во Охрид ќе се одржи третиот Отворен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ УКЛО. Како што соопштија од ФТУ, предвидени се панел дискусии на академската заедница од УКЛО и бизнис секторот, на најуспешните студенти од УКЛО, како и презентации на компании и факултети од УКЛО.

УКЛО се заблагодари за донесениот Закон за основање Медицински факултет во Битола


Ректорот Игор Неделковски и раководството на УКЛО-Битола, односно проректорите и претседателот на Универзитетскиот сенат искажаа јавна благодарност до Собранието на Република Северна Македонија и сите релевантни чинители што помогнаа да се донесе Закон за основање Медицински факултет во состав на Универзитетот во Битола. Медицински факултет во рамки на УКЛО се основа во духот на концептот […]

Утре „Нови перспективи“ за УКЛО и пријателите со Отворен ден пред Офицерски дом во Битола


Под мотото „Нови перспективи“ Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, утре на 25 април од 12 до 19 часот на Платото пред Офицерски дом ќе го одржи својот Отворен ден. Програмата се реализира со обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО, јавните институции, Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, бизнис заедницата, Регионалната стопанска комора, граѓанскиот сектор […]

Начинот на финансирање го подели Универзитетот


На седница на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ пред два дена најжестока расправа се водеше околу можноста и факултетите да добијат автономија, односно да станат правни лица бидејќи тоа го овозможува новиот закон за високо образование. Барањето со кое тие требаше да добијат право сами да управуваат со финансиите и со развојот, сепак, […]