Тројца приведени за убиството во Чаир, пронајдено е и возилото од кое било пукано


Приведени се три лица осомничени за вчерашното убиство на момче во Чаир, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Работиме интензивно со групата на СВР Скопје и Обвинителството. Најдено е возилото „застава југо“ од кое е извршено убиството, како и 20 чаури и четири зрна, два мобилни телефона. Се разговара и со роднините, […]

Детали за инцидентот во Чаир: Убиеното момче имало 24 години


Дваесет и четиригодишно момче почина откако во него попладнево беше пукано од возило во движење на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје. Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. Момчето со иницијали Б.И. (1993) е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување […]

Убиено едно лице попладнево во Чаир


Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот. Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот. Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И. Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.

Силувана па задавена службеничка од Британската Амбасада во Бејрут


Британката Ребека Дајкс вработена во Британската Амбасада во Бејрут пронајдена е мртва, соопшти тамошната полиција. Телото на Ребека е пронајдено во саботата фрлено на автопат во Бејрут. Обдукцијата покажала таа прво била силувана, а потоа и задавена, пренесува Би-Би-си. Нејзиното семејтво е загрижено и за британската телевизија изјавиле дека ќе направат се за да дознаат […]

Сопственикот на менувачницата бил нападнат и пред неколку години


Педесет и осумгодишниот Г.А., сопственик на менувачницата во која вчера попладне се случи инцидент, бил нападнат и пред неколку години. Како што дознаваме, тогаш го нападнале неколку лица за да му ги одземат парите и го раниле. Според полициските информации разбојништвото , се случило на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, а мигови подоцна и двојното […]

(ФОТО) Детали од убиството: Разбојниците ги застрелал сопственикот на менувачницата


Две лица се убиени попладнево во општина Кисела Вода при обид за грабеж на менувачницата „Македонија“ во близина на споменикот на Тодор Александров, јави репортерот на Независен.мк од терен, а полицијата ги потврди информациите. Според полицијата, двајца разбојници чии идентитети сè уште не се познати вооружени и маскирани влегле во менувачницата со цел да ја […]

(ФОТО) Две лица убиени попладнево во Кисела Вода, полицијата врши увид


Две лица се застрелани попладнево во општина Кисела Вода при обид за грабеж на менувачницата „Македонија“ во близина на споменикот на Тодор Александров, јавува репортерот на Независен.мк од терен. Полицијата засега потврдува дека се случил инцидент, но подоцна ќе излезе со деталите. Според неофицијални информации, двете лица кои се застрелани се обиделе да извршат грабеж. Тие […]

Го убил со 4.56 промили алкохол во крвта


Две лица се уапсени за вчерашното убиство на 41-годишниот Б.Р. од Гевгелија. Од полицијата информираат дека осомничени се К.И. (31), кој се товари за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање. Случајот во МВР бил пријавен околу седум часот од страна на лекар од Итната медицинска помош. Според истрагата, злосторството се случило во куќата на Р.К.. […]

Идентификуван убиецот на фудбалерот Јанушев, но бил во бегство


По двонеделна истрага, полицијата откри кој го убил 28-годишниот Мартин Јанушев, кој беше застрелан пред неговиот дом во скопската населба Аеродром. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, станува збор за лице со иницијали Ф.С., кој е во бегство и против кого е поднесена кривична пријава, односно распишана е и потерница. Спасовски денеска соопшти дека […]