Ученик уби двајца во училиште во Бразил


Ученик застрела двајца вработени во училиштето и рани уште двајца, вклучувајќи и 11-годишно девојче, во најновото пукање во училиште што го потресе Бразил во вторник, објави АФП. Тринаесетгодишно момче е уапсено во врска со нападот во училиштето Сао Хозе во Рио Бранко, главниот град на државата Акре, соопштија локалните власти. Повреденото девојче е рането во […]

Убиецот на поранешниот јапонски премиер го призна делото на првиот ден од судењето


Тецуја Јамамаги (45), кој е обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, денеска се изјасни за виновен на првиот ден од судењето. Јамагами пред судот во Токио изјави дека „сè е вистина“, со што ги потврди обвинувањата за атентатот што ја шокираше Јапонија и светот во 2022 година, пишува Би-Би-Си. Јамагами, кој се […]

Погубен човекот кој ги уби сестрата и родителите на жената од која се разведувал


Дејвид Питман (63) од Флорида, кој беше осуден за убиство на сестрата и родителите на неговата сопруга со која бил во процес на развод, како и за палење на нивната куќа, беше егзекутиран синоќа, што е рекордна 12-та егзекуција во таа американска држава оваа година. Питман беше егзекутиран со смртна инјекција во државниот затвор на […]

Американските медиуми го објавија името на наводниот убиец на Чарли Кирк


Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е идентификуван како Тајлер Робинсон, според NBC News, која се повикува на пет високи службеници за спроведување на законот запознаени со случајот. Службениците додадоа дека Робинсон е роден во 2003 година и потекнува од државата Јута. Робинсон е приведен под сомнение дека го извршил убиството во среда за време […]

Полицијата објави видео од апсењето на војник кој го чувал хрватскиот претседател: Убил две лица и отишол на работа


Хрватската полиција објави видео од апсењето на војник осомничен за брутално убиство на жена и нејзиниот партнер во Загреб, во она што се сомнева дека е нарачано убиство. Според полицијата, осомничениот војник се возел со мотоцикл до зграда, го чекал парот во гаража и ги застрелал со повеќе истрели. Потоа му го предал мотоциклот на […]

Австриски медиуми: Објавена фотографија од напаѓачот одговорен за масакрот во Грац


Само неколку часа по ужасниот масакр во средното училиште „Драјершиценгасе“ во Грац, австриските медиуми почнаа да ги откриваат првите информации за сторителот на ова невидено злосторство. Како што објавува весникот „Кронен Цајтунг“, станува збор за 22-годишен австриски државјанин по име Артур А., кој во вторник наутро дошол во своето поранешно училиште вооружен со пушка и […]

Турски државјанин уби странски студент во Штип


Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип. Најден бил и пиштолот и во текот на денов осомничениот убиец ќе биде на распит пред обвинител. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршел увид во кафе-барот каде се […]

Тинејџер од Полска убил жена и заминал на екскурзија во Грција


Седумнаесетгодишен полски државјанин е уапсен во грчкиот град Катерини поради бруталното убиство на жена во неговата татковина минатата недела, соопштија властите. Според полицијата, тинејџерот кој престојувал во Грција со туристичка група е обвинет дека намамил жена во столарска работилница во град во североисточна Полска на 23 април и наводно ја удирал повеќе пати со секира […]

Во затвор на 20 години осуден убиецот на својот брат и снаата во Стајковци


Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на 20 години затвор за две кривични дела – убиство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, обвинетиот, според обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава, на 14 мај 2024 година, на свиреп […]

Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели


Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, утринава околу 3 часот и 5 минути во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ. „Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на […]

Двојниот убиец од Австрија пронајден мртов


Пронајдено е телото на Роланд Дрекслер, кој во понеделникот уби две лица во Австрија. Полицијата не соопштува дополнителни детали, но најави прес-конференција за подоцна. Да потсетиме, неговиот автомобил беше пронајден вчера. Според полициските информации, возилото било откриено во шумата меѓу Арнрајт и Алтенфелден, недалеку од местото на злосторството. Случаен минувач вчераутро го открил автомобилот и […]

Ова се жртвите на момчето убиец во Америка


Напаѓачот кој вчера со огнено оружје уби двајца ученици и двајца професори, а рани уште девет други во средно училиште во американската држава Џорџија е четиринаесетгодишен ученик од тоа училиште, соопштија властите. Тој пукаше со автоматска пушка која наликува на пушка АР-15. Осомничениот е идентификуван како Колт Греј, 14-годишен ученик во училиштето Апалачи во Виндер. […]

Ова е убиецот на малите девојчиња кои беа на час по танц во Англија


 Аксел Рудакубана е 17-годишникот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт. Тој е по потекло од Руанда, а сега е во малолетнички притвор, пишува Гардијан. Откако ги слушнал сите аргументи, судијата Ендрју Менари К.Ц. одбил да даде наредба за сузбивање на неговиот идентитет. Објаснувајќи ја одлуката […]

Кенија: Убил 42 жени, па ги фрлил на депонија


Кениската полиција уапси 33 -годишен сериски убиец откако на депонија јужно од Најроби беа пронајдени осакатени тела на жени. Шефот на Управата за криминални истраги, Амин Мохамед, го објави апсењето на човекот, додавајќи дека „имаме работа со сериски убиец, психопатски сериски убиец кој нема почит кон човечкиот живот“. „Осомничениот, Колинс Џумаиси Калуса, призна дека намамил, […]

Британец го распарчил телото на својата сопруга на повеќе од 200 парчиња – оди во доживотен затвор


Николас Метсон призна дека ја убил сопствената сопруга, 26-годишната Холи Брамли во март 2023 година, а сега е доживотен затвор во Велика Британија. „Злобното чудовиште“, како што го нарекоа локалните медиуми, откако убил жена, на пријател му платил 50 фунти за да му помогне да ги фрли остатоците од нејзиното тело во реката. Метсон ја […]

Почина братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ


Почина осомничениот Д.Д.(1984) од Бор кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по делото.  Полицијата соопшти дека братот на убиецот починал во Полициското одделение во Бор. На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај […]

Тинејџер во Германија ги заклал родителите и братот, тешко ја повредил сестра си


Деветнаесетгодишник со нож ги убил братот и родителите и тешко си ја повредил сестрата во Хохентенген на германско-швајцарската граница, соопшти државното правобранителство во сојузната покраина Баден-Виртемберг. 19-годишникот со нож ги убил родителите на возраст од 58 и 61 година, а потоа и 34-годишниот брат. Сестрата, чија возраст не е објавена, била повредена и со хеликоптер […]

Францускиот сериски убиец со години бегал од полицијата, а во меѓувреме се појавил на телевизија


Францускиот сериски убиец Франсоа Веров полицијата го барала со години. И покрај тоа, тој пред неколку години се појави на ТВ натпревар. Поранешниот полицаец кој силувал и убил неколку луѓе во 1980-тите и 1990-тите, вклучително и малолетници, на полицијата ѝ бил познат само како „Бараниот човек“ (Le Grêlé). Неговата прва жртва беше единаесетгодишната Сесил Блох, […]

Готвач во Словачка ја уби својата девојка. Ѝ ги исекол срцето и цревата и ги ставил во кофа


Словачки готвач е осомничен за страшно убиство на својата девојка келнерка и се соочува со доживотна казна затвор. Полицијата ги пронашла грозоморните останки на 48-годишната жртва Патриција во станот во Братислава во кој живеела со готвачот Јозеф Хануска (47). Во станот била пронајдена и кофа со нејзините црева, срце и други органи, за која властите […]

Фатен е убиецот на Вања и на Панче, Љупчо Палевски – Палчо, МВР со прес во 22,30 часот


Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, јавија повеќ медиуми вечерва. Тој бил задржан на граница, односно, Палчо бил  уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР, по двојното убиство на Вања Ѓорѓиевска и Панче Жежовски. Засега се […]