Отворени се сите пунктови за откуп на тутунот, просечната цена е 181,6 денари


Денеска и официјално, законски почна откупот на тутутнот во земјава. Сите осум откупувачи ги отворија 173-те пункта. Досега се откупени 2.050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и полека се зголемува просечната откупна цена. – Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се […]

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани. -Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација […]

И покрај високите субвенции, бројот на тутунари и производството на тутун се намалува


Многу фаворизираниот девизен прилив од извозот на тутун и пијалоци (193 милиони евра во 2019 г.) е засенет од количината на увезена храна (664 милиони евра)   Субвенциите за тутун во Република Северна Македонија имаат најголемо учество во БДП и во расходите на централниот буџет во споредба со субвенциите за други култури и сочинуваат четвртина […]

Поголема побарувачка отколку тутун за откуп


Со верификацијата на мострите тутун и со определувањето на повереници на откупните пунктови и на вагите, привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта. Останува деновиве Државниот земјоделски инспекторат, кој е веќе на терен, да ги провери условите за откуп на пунктовите во земјава. Според професорот Мирослав Димитриески од Институтот за тутун […]

Тутунот годинава ќе има 40 отсто помал род, послаб ќе биде и квалитетот


Намален род за 30 – 40 отсто, послаб квалитет и пониска откупна цена, очекуваат производителите од годинашната реколта тутун поради честите врнежи летово и појавата на болести. И повторно да се зголемат температурите, како што најавува УХМР, не може, велат, ситуацијата значително да се подобри зашто денот е веќе намален, а ќе има и роса. Моментно, […]

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017. По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат […]

Во четврток почнува исплатата на субвенциите за тутунот


Во четврток ќе почне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Платежната агенција во моментов ги подготвува решенијата по што ќе следува исплатата на субвенциите. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. МЗШВ наведува дека годинава се постигна […]

Исплатата на субвенциите за тутунот почнува идната недела


Исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017 ќе почне следната недела, а зголемени субвенции ќе добијат над 23.400 тутунари, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, од денеска до крајот на оваа недела Платежната агенција ќе ги спроведе законските контроли во откупните претпријатија по што ќе следува обработка на решенијата […]

Тутунарите ќе ги добијат субвенциите по административните проверки


Премиерот Зоран Заев попладнево соопшти дека субвенциите за тутунот се обезбедени, а производителите ќе ги добијат по целосно завршување на административните проверки, но не подоцна од десет дена. Одговорајќи на пратенички прашања, Заев нагласи дека Министерството за земјоделство пред секое исплаќање на поддршката мора да ги провери сите податоци. – Сакам да знаат и земјоделците, во […]

Приведени седум лица за шверц на тутун


Полицијата вчера во патничко возило „Форд Транзит“ на магистралниот пат Гостивар – Маврово пронашла и одзела 80 килограми тутун и го привела возачот и шесте патници поради непоседување на документација на тутунот. Како што соопшти МВР, вчера утрото во 8:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово од страна на полициски службеници од мобилната единица од Секторот […]

Тутунарите бараат за 20 отсто повисоки откупни цени за тутунот


Сојузот на здруженија на тутунопроизводители, им препорачува на откупувачите за 20 отсто да ги зголемат понудените откупни цени по класи и типови тутун за реколтата од 2018 година заради зголемените трошоци за производство и подобриот квалитет на родот. Одлуката за препораката, како што рече претседателот на Сојузот, Кире Неделковски на прес-конференција, е донесена на вчерашната […]

Владата ги зголеми субвенциите за тутун


Почнувајќи од реколтата за 2017 година тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции за килограм предаден тутун, најави денеска министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тоа, како што рече, на денешната прес-конференција е овозможено со прифаќањето на уредбата за директни плаќања за 2018 година донесена на денешната седница на Владата со која е дефинирано субвенцијата […]

Расте откупната цена на тутунот – 214,8 денари за килограм


Просечната откупна цена на тутунот од реколтата 2017 достигна 214,8 денари за килограм. Квалитетот е добар, кај компаниите има интерес за откуп и засега не се пријавени проблеми во однос на проценката на класите, соопшти Министерството за земјоделство (МЗШВ). Според Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се повеќе од 21,5 милиони килограми тутун во вредност од […]

Прилепскиот тутунски комбинат ќе се преструктуира


Прилепскиот тутунски комбинат ги изготви клучните документи за функционирањето на компанијата чиј доминантен сопственик е државата и се испратени до Владата која треба да го даде конечниот збор, информира раководството на Комбинатот. Како што објаснува генералниот директор Кире Станкоски фокусот е на преструктуирањето на фирмата и зголемувањето на продуктивноста и во откупот на тутунот и […]

Следната година ќе се даваат мотивациски субвенции за тутунарите


Следната година ќе има измени и дополнувања во Законот за тутун со кои ќе се воведе мотивирачки пораст на субвенциите. За прва класа тутун субвенцијата ќе биде 80 денари за килограм, за втора класа тутун ќе се дава субвенција од 70 денари, а за третата и другите класи останува субвенцијата од 60 денари за килограм. […]

Заев: Ќе се стимулира побарувачката на тутун и ќе се стабилизира прилепскиот комбинат


Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми. Реколтата е квалитетна и досега е постигната просечна откупна цена од 209,5 денари и заедно со субвенцијата која во рокот ќе се исплати, тутунарите во просек од годинашнава реколта ќе добијат 269 денари или 4,4 евра, што се достоинствени приходи. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев […]

Почна исплатата на тутунот


Почна исплатата на тутунот од годинашната реколта. Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и фирмата „Пашоски“ веќе ги префрлија парите на сметките на тутунарите, потврдуваат од филијалата на Тутунска банка во Прилеп. Прилепскиот комбинат исплаќа од првиот ден на откупот, 16 ноември, и ќе продолжи континуирано. Производителот Рамадан Арсланоски од Прилеп е задоволен од процената […]

Откупени првите количини тутун, просечната цена 200 денари


Изминативе два дена, откако почна откупот на тутунот, преземени се 100 тони по просечна цена од околу 200 денари. – Откупот почна на 15 ноември кога тутун откупуваше фирмата „Пашовски“, а вчера во кампањата се вклучија вкупно шест од деветте фирми, меѓу кои Прилепскиот утунски комбинат, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци и „Секе“. Откупот […]

Започна откупот на тутунот, родот помал од побарувачката, тутунарите очекуваат повисока цена


Тој денеска го посети градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат- Прилеп заедно со директорот на комбинатот Кире Станкоски и со претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. – Денеска и официјално е прв ден на почетокот на тутунот од годинашнава реколта. Овде сме во просториите на Тутунски комбинат-Прилеп. Од девет откупни компании кои имаат […]

Почнува откупот на тутунот: Родот помал, но поквалитетен


Се е подготвено за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Заверени се и подигнати мострите, а деветте откупувачи во земјава имаат банкарски гаранции дека ќе го платат откупениот род и може уште денеска да почнат со откуп, вели Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. Сојузот во Скопје го одржа последниот состанок […]