Турција затрупана и блокирана од голем снег (галерија)


  Турција последните три дена е затрупана и блокирана од снег. Утрово и попладнево двата лета од Скопје за Истанбул беа откажани, покрај многу други што ги расипа плановите на илјадници патници. Телефоните на „Туркиш ерлајнс“ во Скопје денес беа „мртви“ и никој не се јавуваше да даде информација кога ќе стане оперативен летот од […]

Во автобуска несреќа во Истанбул загинаа три лица, 18 се повредени


Турција– Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа што се случи утринава во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија. Патнички автобус на линијата Черкежка-Ајдин излетал од патот што води кон автопатот Кузеј-Мармара и паднал во провалија длабока 30 метри. Во инцидентот повредени се 18 лица кои се згрижени во болниците во Истанбул. Истрагата е во […]

Позната новинарка во Турција уапсена поради твит за Ердоган


Турција– Турски суд вчера и одреди притвор на познатата новинарка Седеф Кабаш, додека го чека судењето за обвиненијата за навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа го прекршила законот според кој досега се гонети десетици илјади луѓе, јави турската Си-Ен-Ен. Полицијата ја привела Кабаш два часа по полноќ и прво ја одвела во главната […]

Земјотрес го погоди централниот дел на Турција


Турција – Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде живеат околу 600.000 луѓе. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Турција го менува името во Туркије, потврди Ердоган


Турција – Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ. Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата. „Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и […]

Агенцијата за филм оствари средба со делегација од Република Турција


Директорот на Агенција за филм, Бојан Лазаревски вчера оствари средба со делегација од Турција предводена од Заменик министерот за култура и туризам на Турција, г. Ахмед Мисбах Демирџан. На средбата пред се беше истакната одличната соработка помеѓу двете земји, која ги вклучува сите области на културата, а која се должи во дел и на богатото […]

Турски фармер со VR технологија го зголемува приносот на млеко од кравите


Изет Кочак, според слична пракса од Русија, одлучил да ја искористи виртуелната реалност за од своите крави да добива повеќе млеко. Тој од 2018 година се занимава со сточарство во централниот турски регион Аксарај. Има големи амбиции кога станува збро за приносот од млеко од 180 грла крави. За да ги оствари амбициите, прво почнал […]

Инфлацијата во Турција надмина 36 отсто


Годишната стапка на инфлација во Турција во декември 2021 година достигна 36,08 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении, покажаа во понеделникот податоците на Заводот за статистика на Анкара. Инфлацијата во ноември изнесуваше 21,31 отсто. Стапката на инфлација во Турција е повеќе од двојно зголемена од летото, поттикната, меѓу другото, и од повисоките […]

Огромно поскапување на струјата и гасот во Турција, луѓето останаа во шок


Турците на првиот ден од 2022 година беа шокирани од поскапувањето на струјата и гасот, па своето незадоволство го изразуваат на социјалните мрежи. Веста за поскапување на енергенсите, бензините, патарините и автомобилското осигурување беше објавена нешто пред полноќ. Струјата за домаќинствата поскапува за 50 отсто, а за индустријата за дури 125 отсто, објави Агенцијата за […]

Почнува вакцинацијата со Турковак


Турција денеска почнува со аплицирање на турската вакцина против Ковид-19 Турковак, објави државната ТРТ Хабер, цитирајќи ги здравствените власти. Министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер објави дека вакцината може да се даде и како засилувачка доза, без разлика каква вакцина била дадена претходно. Оние кои сакаат да се вакцинираат со овој препарат можат да закажат термин во градските болници во државата […]

Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19


Турција– Турција почна со масовно производство на домашно развиената вакцина против Ковид-19 – Турковак – откако доби дозвола за итна употреба од здравствените власти. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа,   изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, јави Анадолија. Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната […]

Одобрена употребата на турската вакцина против Ковид-19


Турската вакцина против Ковид-19, Турковак, е одобрена од турските власти за итна употреба и ќе почне да се користи од следниот викенд, изјави денеска министерот за здравство Фахретин Коџа. Турција почна да ја развива вакцината Турковак оваа година, но нејзиното пуштање во употреба беше одложeно неколку пати. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ќе […]

Нов голем пад: Турската лира изгуби седум отсто за само неколку минути


Турската лира денеска падна за цели седум отсто, па во еден момент беше на ново рекордно ниско ниво од близу 15 лири за долар. Причината е загриженоста на инвеститорите поврзана со ризикот од новата економска политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган и очекуваното ново намалување на референтната каматна стапка во четврток. Со последниот остар пад, […]

Турција разочарана од Македонија поради Курдите и „ѓуленистите“


Турција ѝ се налути на Македонија затоа што не добила наша поддршка за офанзивата кон Курдите во Сирија, како и поради тоа што земјава не испорачала ниту еден „ѓуленист“. Турската амбасадорка во Скопје, Тулин Еркал Кара денеска соопшти дека Анкара очекувала поголемо разбирање од соседите поради обидите за разбивање на ПКК и други курдски организации, […]

Блумберг: Помпео ја повика Турција да не го става во оперативна употреба системот С-400


САД – Американскиот државен секретар  Мајк Помпео ја повика Турција да не го стаа во оперативна употреба системот за противоракетна одбрана С-400, што го купи од Русија, откако американскиот претседател  одлучи да не наметнува санкции против Анкара. -Може да има санкции, но чесно кажано тоа што навистина би сакале е С-400 да не почне да функционира, […]

Околу 30 илјади Турци добиле државјанство во ЕУ во 2017 година


Турција – Во 2017 година во земјите членки на ЕУ државјанство добиле 29.807 турски граѓани, од кои 50,2 отсто добиле државјанство во Германија, јави телевизијата ТРТ. Европската агенција за статистика (Евростат) ги објави податоците за доделување на државјанството од страна на земјите членки на ЕУ. Според овие податоци, во 2017 година државјанство во земји членки на […]

Турција најавува „реципрочни мерки“ на евентуални американски санкции


Турција– Турција ќе одговори со „реципрочни мерки“ доколку САД воведат санкции кон земјата поради набавката на рускиот противракетен систем С-400, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Изјавата на Чавушоглу претставува реакција на најавите на Вашингтон дека САД ќе воведат санкции кон Турција и ќе ја исклучат земјата од својата програма за борбени авиони […]

Турските власти го ослободија американскиот научник од НАСА


САД– Турција синоќа го ослободи Серкан Голге, научник од НАСА со двојно американско и турско државјанство, чие приведување пред околу три години ги влоши односите меѓу двете земји. – Ги поздравуваме информациите за денешното ослободување на Серкан Голге од затвор, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортегас. -Ние ќе продолжиме одблизу да го следиме […]

Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потрошил 80 милиони турски лири (13 милиони американски долари) за веб-страницата на Истанбулската општина за период од три години, тврди Екрем Имамоглу, кој не ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул по одлуката на турските власти да ги поништат изборите од 31 март. Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на […]

Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи […]