Во Турција, татко и ќерка повторно заедно, момче се уште ја бара својата мајка


  Прво се слушаа врисоци… потоа продорен плач… а потоа „татко, татко“ се слуша одново и одново. Четири годишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет Ајан повторно се заедно откако биле закопани во куп урнатини што некогаш биле нивниот дом во јужна Турција. Тие беа заробени заедно кога нивниот дом се урна во земјотресот […]

Тројца преживеани, меѓу кои и едно дете, извлечени од под урнатините во Антакија


Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете. По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница. Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и […]

Дванаесетгодишно дете извлечено живо од под урнатините во Антакија 260 часа по земјотресите


Уште едно чудо се случи во Турција, откако дванаесетгодишно дете беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, во провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што во понеделникот минатата недела ги погодија јужните делови на Турција, јавува Анадолија. Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на зграда во населбата Екинци го извлекоа детето […]

На донаторска акција во Турција собрани 6 милијарди долари за жртвите од земјотресот


Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија. Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција. […]

Општина Чаир додели 600 илјади денари помош за Турција, Берово 150.000


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска го пречека тимот на спасувачи на Доброволното здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во турските региони погодени од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.  -Во оваа прилика нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи […]

(Видео) Уште едно чудесно спасување: По 212 часа од урнатините извлекле 77-годишна жена


  Седумдесет и седум годишна жена е извлечена од урнатините на зграда 212 часа по двата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Тоа беше уште едно во низата чудесни спасувања вчера. Фатма Гунгор беше извлечена од урнатините на зграда во турската провинција Адијаман, откако беше заробена речиси девет дена. Таа беше фотографирана како […]

Ерменскиот министер за надворешни работи денеска ќе ја посети Турција


  Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска планира да ја посети Турција, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на поранешната советска република. Синоќа беше објавено дека Мирзојан ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, како и со ерменските спасувачи кои трагаат по преживеани од разорниот земјотрес во соседната […]

НАТО ќе испрати 1.000 контејнери во Турција


НАТО соопшти дека ќе испрати повеќе од 1.000 бродски контејнери во Турција за да помогне во обезбедување засолниште за преживеаните од земјотресот. – Ова полутрајно засолниште е способно да смести најмалку 2.000 луѓе раселени од земјотресите во Турција, соопшти на Твитер Здружената команда на силите на НАТО во Неапол. Контејнерите, кои моментално се наоѓаат во […]

Жолтите сандали на срамот


Летна, стара, искината облека, расфрлана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Ова се сликите, кои ја налутија македонската јавност, откако привршува акцијата за собирање донации за настраданите од страшниот земјотрес во Турција и во Сирија. Уште истиот ден, понеделник, кога се случи земјотресот, а илјадници луѓе го загубија животот, додека други останаа без ништо, светот се […]

Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син


Турската ракометна федерација (ТХФ) соопшти дека капитенот на машката репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја загинале во земјотресите во Кахраманмараш. По неколкудневна потрага, телата на Кемал и неговиот син Чинар беа извлечени од урнатините во градот Кахраманмарас, по земјотресот што го опустоши југот на Турција. Неговата сопруга која е во четвртиот месец од […]

Турција: Две лица се спасени денеска, поминале 198 часа под урнатините


Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари. Еден од спасените е 17-годишно […]

Струмичките пожарникари се вратија од спасувачката мисија во Турција


  Осумте пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица синоќа по полноќ се вратија од спасувачката мисија во подрачјето погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција. Нив синоќа ги пречека градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој им приреди прием во кабинетот и ги награди со по една просечна плата за нивната пожртвуваност, а на сите пожарникари на ТППЕ Струмица […]

Во Турција 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата


Поради последиците од разорните земјотреси што пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти  кабинетот на турскиот претседател. Се стравува дека до сега од под урнатините најверојатно се извлечени и последните преживеани. Во понеделникот вечерта 13-годишно момче било живо однесено на носилки од […]

Штетите од земјотресот во Турција изнесуваат над 84 милијарди долари


  Најсилниот земјотрес во Турција од почетокот на векот предизвика материјална штета, што може да ја чини Анкара близу 84,1 милијарди долари, соопшти на Конфедерацијата на турски претприемачи и бизнисмени (ТУРКОНФЕД). Во извештајот на ТУРКОНФЕД, објавен во текот на викендот, се наведува дека реновирањето на илјадници домови ќе чини 70,8 милијарди долари, загубата во националниот доход ќе […]

Германскиот спасувачки тим заминува од Турција


Германскиот меѓународен тим за пребарување и спасување (ИСАР) ја заврши својата мисија во североисточниот дел на турската провинција Хатај, погоден од земјотресот, и денеска треба да се врати во Германија. – Нема да ги заборавиме овие луѓе. Сега испитуваме кои проекти можеме да ги помогнеме многу брзо и одржливо, се наведува во соопштението на ИСАР. […]

Шефот на хрватскиот тим во Турција: Украинските колеги биле нападнати, се пука, се краде


На спасувачките екипи во Турција сѐ поголем проблем им предизвикуваат судирите на локалното население, со користење на огнено оружје, кражби и интервенции на војската, потврди за хрватските медиуми телефонски, командантот на хрватскиот тим спасувачи. Тој вели дека тешко е да се работи без придружба од полицијата или војската и дека во близина каде работел хрватскиот […]

Турската полиција уапси мажи кои се обиделе да украдат шест камиони со хуманитарна помош


Турската полиција деновиве има полни раце работа со оние кои крагат од празните куќи по земјотресот, но и со оние кои се обидуваат да ја украдат донацијата. Само вчера во текот на денот полицајците приведоа 40 осомничени за кои е утврдено дека краделе од оштетените куќи во разурнатиот град Хатај на северот на земјата. Уапсени […]

И германските спасувачки тимови од безбедносни причини привремено ги запираат своите операции во Турција


 Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска […]

Како Турција ѝ помагаше на Македонија кога беше најтешко


  Во ова време кога Турција, осведочениот пријател на нашата земја, ја задеси невидена трагедија во која конечниот број на жртвите се уште не се знае, пресудна е помошта која што им се праќа на настраданите во катастрофалните земјотреси. Македонија веќе испрати неколку спасувачки тимови кои сесрдно помагат во спасувањето на преживеаните и во извлекувањето […]

Австриската армија времено ги прекина спасувачките операции во Турција


Австриската војска утринава времено ги суспендираше спасувачките операции во Турција, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 24.000 луѓе во Турција и Сирија, јави ДПА. – Имаше напади од одредени групи врз други групи, изјави портпаролот на австриската армија во Виена, без да даде повеќе детали. Осумдесет и […]