Ердоган во уште една битка за Истанбул


  АНКАРА – Во недела, милиони гласачи во Турција излегуваат на гласање за да изберат градоначалници и администратори на локалните избори кои ќе ја проценат популарноста на претседателот Реџеп Таип Ердоган додека неговата владејачка партија се обидува да ги врати клучните градови што ги загуби пред пет години. Победата на партијата на Ердоган би можела […]

Турција и заливските држави планираат да отворат зона за слободна трговија


Турција и Советот за соработка на Персискиот залив (ГЦЦ) потпишаа договор за почеток на преговори за договор за слободна трговија, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат. По долгогодишни тензии, Турција започна дипломатска офанзива во 2020 година за да ги подобри односите со земјите од Заливот, особено со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. […]

Ердоган рече дека претстојните локални избори во Турција ќе бидат негови последни


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека претстојниот круг на локални избори за него ќе бидат „последните“ избори. Граѓаните во секој турски град, провинција и општина гласаат за избор на градоначалници и советници на 31 март. Ердоган рече дека ова ќе биде последното гласање во кое тој учествува. „Според законот, овие избори се мои последни […]

Ердоган најави крај на своето владеење по локалните избори во Турција


 Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот. Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“. – Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои […]

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари изнесува 67,07 отсто, што е највисока во последните 15 месеци


Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се искачи на  67,07 отсто по јануарските 64,86 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци. На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 […]

Отпорот во Турција кон доселениците од Балканот расте пред избори


„Нашата лоза е во Солун и Македонија, каде што е роден [основачкиот претседател на Турција] Ататурк, заедно со државниците кои ѝ служеа на Отоманската империја“, рече лидерот на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, Озгур Озел на 18 ноември. Еден ден претходно, Девлет Бахчели, сојузник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседател на екстремно десничарската […]

Земјотрес во Турција


 Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Малатија на длабочина од осум километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Во Турција продолжува потрагата по уште рудари по свлечиште во рудник за злато


Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон. Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција. Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени […]

Катастрофа во Турција: Се урна рудник за злато, објавено е видео од несреќата


Девет рудари се водат за исчезнати по лизгање на земјиштето во објектот „Анаголд мајнинг“ во источна Турција во вторникот, соопшти турското Министерство за енергетика. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за телевизијата А Хабер изјави дека 400 луѓе трагаат по исчезнатите рудари. A gold mine collapsed in eastern #Turkey There is no data on […]

Да завршат административните процедури и Палевски може да биде екстрадиран од Турција


Министерот за правда, Кренар Лога на средбата со неговиот турски колега, Јилмаз Тунч разговарал и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Лога бил информиран од турскиот министер за правда дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде […]

Населението на Истанбул е побројно од населението на 131 држава во светот, според податоците на Туркстат


Населението на Истанбул е побројно од населението на 131 земја во светот, покажуваат податоците на Институтот за статистика на Турција (Туркстат) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за 2023 година. Во 2023 година, бројот на населението на Истанбул се намали за приближно 252.000 луѓе споредено со претходната година, и изнесува 15.655.924 луѓе. Во […]

Годишната инфлација во Турција во јануари достигна 64,8 отсто


Инфлацијата во Турција во јануари изнесуваше 6,7 отсто во однос на претходниот месец и достигна ниво од 64,86 отсто на годишна основа, покажуваат денеска објавените податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат), пренесува државната телевизија ТРТ Хабер. Промената на просечната вредност на индексот на потрошувачките цени за дванаесетте месеци од претходната година изнесува 54,72 отсто на […]

Фатих Карахан, нов гувернер на турската централна банка


Заменик-гувернерот на Централната банка на Република Турција (ЦБРТ) Фатих Карахан вчера беше назначен за нов гувернер на Централната банка на местото на Хафез Гаје Еркан. Назначувањето на Карахан дојде неколку часа откако Еркан објави дека поднесува оставка од лични причини, пренесува Дејли Сабах. Роден во 1982 година, Карахан стана еден од најмладите гувернери на Централната […]

Снежната покривка во источна Турција достигна 10 метри


 На многу места во источна Турција се формираше снежна покривка со висина од десет метри, јавува денеска турската приватна телевизија НТВ. Снежните врнежи и виулиците во источна Анадолија го отстапија местото на силниот студ во последните денови, а ноќните температури се приближија до минус 30 степени. Најниската измерена температура беше од областа Ардахан, каде во […]

Уапсени две лица осомничени за нападот во Католичката црква во Истанбул


Турските власти уапсија двајца вооружени напаѓачи осомничени за убиство на едно лице за време на неделната богослужба во Католичката црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој рече дека полицијата спровела повеќе од 30 рации и привела 47 лица во врска со нападот. Јерликаја изјави дека во нападот на италијанската католичка […]

Земјотрес од 5,2 степени регистриран во Турција, во истиот регион на ланските смртоносни земјотреси


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Малатија на истокот на Турција, а беше почувствуван и во соседните региони. Според информациите на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил на длабочина од 14 километри. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека се […]

Девет загинати и 30 повредени во сообраќајка во турската провинција Мерсин


Девет лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во турската провинција Мерсин. Како што се наведува до несреќата дошло кога меѓуградски патнички автобус, кој сообраќал кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис на запад од Мугла, удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар и се превртел. Според порталот „Дејли […]

Турција го прескокна Давос поради ставот на организаторот на форумот за конфликтот Хамас-Израел


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара Турција да не учествува на Светскиот економски форум во Давос поради „произраелската позиција“ на неговите организатори во однос на конфликтот во Појасот Газа. Ова го објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Според изворите, на форумот требало да присуствува турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, но Ердоган не […]

(Видео) Најмалку 11 загинати и над 50 повредени во верижен судар во Турција


Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми. Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а […]

Доживотна суспензија за нокаутирањето на фудбалски судија во Турција


Претседателот на турскиот прволигаш Анкарагучу, Фарук Коча, е казнет со доживотна забрана за работа во фудбалот, откако физички нападна судија на терен. Инцидентот се случи во понеделникот вечер на прволигашиот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор на кој гостинскиот тим освои бод ремизирајќи 1-1 со гол постигнат во седмата минута од судиското продолжение.   Непосредно по […]