Мик Џегер најави нова турнеја на „Ролинг стоунс“ во 2027 година


Музичарот Мик Џегер во своето најново интервју изјави дека едвај чека повторно да се врати на турнеја со легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“, со што дополнително ги поттикна гласините за можно враќање на групата во блиска иднина. Легендарниот британски состав во моментов се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). Албумот ќе […]

Во Софија промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од македонскиот писател Сашо Огненовски


Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, денеска ќе се одржи промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од авторот Сашо Огненовски. – Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за […]

Тејлор Свифт објави нови датуми за турнејата, доаѓа во Виена, Минхен, Милано…


Вест која со нетпрение ја очекуваа обожавателите на Тејлор Свифт. Планетарната супер ѕвезда ги објави меѓународните датуми за 2024 година за нејзината „Ера турнеја“, која започнува со четири концерти од 7-10 февруари во Токио Дом и ќе трае до 17 август, кога ќе настапи на стадионот Вембли во Лондон. Турнејата ја вклучува и Европа, имено […]

„Got Back“- Пол Макартни на 80 години на турнеја низ Америка


САД- Во екот на популарноста на неодамнешниот документарец на Питер Џексон „The Beatles: Get Back” , Пол Макартни ја објави, како што ја нарекува, неговата турнеја „Got Back“, музички излет во 13 градови, 14 свирки низ САД, што започнува само нешто повеќе од два месеци од сега. Турнејата ќе биде мешавина од стадиони и арени. […]

По Лондон и Њујорк- концертите на Трпчески и Венгеров со завршница во Париз


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја заокружи мини-турнејата што опфати настапи со една од најголемите музички ѕвезди, легендарниот виолинист Максим Венгеров на најпрестижните светски музички сцени. По исклучителните концерти во лондонската сала „Барбикан“ и њујоршката „Карнеги хол“, синоќа двајцата уметници ја одушевија и француската публика на концертот во салата на Париската филхармонија, изведувајќи […]

Селин Дион ја откажа светската турнеја поради здравствени проблеми


САД– Познатата канадска пејачка Селин Дион објави дека го откажува остатокот од светската турнеја, „поради сериозни здравствени проблеми“, пренесе Си-Ен-Ен. Станува збор за вкупно 16 откажани концерти. – Се надевав дека ќе закрепнам, но изгледа дека морам да бида потрпелива и да го следам режимот што ми го препорачаа лекарите, напиша Дион на својот интернет-простор, додавајќи […]

Во спомен на Карлос Марин-Ил Диво продолжува со американската турнеја


САД- Мултинационалниот вокален квартет Ил Диво објави дека неговата турнеја во САД ќе продолжи според планираното, почнувајќи од 2 февруари, и покрај смртта на членот Карлос Марин на 19 декември. Мексиканскиот американски баритон Стивен ЛаБри е подготвен да им се придружи на членовите на турнејата, која е прекрстена во  „Најголеми хитови“ и сега ќе биде […]

„Спајс грлс“ на турнеја без Викторија Бекам


Ирска– Популарната британска женска поп-група од 90-тите „Спајс грлс“ тргна на камбек турнеја, но првиот концерт помина многу полошо од очекувањата. Членките на „Спајс грлс“ (без Викторија Бекам, односно Пош Спајс) го одржаа првиот концерт од турнејата во Кроук Парк во Даблин, Ирска . Но, фанови на групата масовно си заминуваа од концертот за кој […]

„Медена земја“ во Хонгконг, во МоМА, на европска премиера во Швајцарија


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, ќе биде прикажан на 28 март на 43. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг, на 3 април во престижниот Музеј на модерна уметност (MoMA) во Њујорк, а на 8 април ќе ја има својата официјална европска премиера на филмскиот фестивал „Визионс ду […]

Ози Озборн ги откажа концертите, во болница е


Британската хеви-метал ѕвезда Ози Озборн мораше поради болест да ги откаже концертите во Австралија, Нов Зеланд и Јапонија. Озборн (70), како што се наведува на неговиот фејсбук-профил, боледува од воспаление на белите дробови и поради тоа мора да ги откаже закажаните концерти. Некогашниот пејач на групата „Блек сабат“ имаше закажан концерт во март во Мелбурн, […]

Идната година: „Спајс грлс“ на турнеја без Викторија Бекам


Англија- „Спајс грлс“  потврдија дека повторно ќе се обединат за турнеја низ Велика Британија следното лето. Сепак, на шестте концерти кои ќе ги одржат ќе настапат како четворка, бидејќи Викторија Бекам го задржа својот став дека не сака повторно да запее. Мел Би, Ема Бантон, Гери Хорнер и Мел Си на нивните Твитер и Фејсбук […]

(Фото) Меган Маркл во бело: Историска посета на Фиџи


Фиџи– Принцот Хари и Меган Маркл по 12 години откако член на кралското семејство го посетил островот, некогашна британска колонија, го посетија Фиџи, како дел од 16-дневната турнеја која ги опфаќа и Австралија, Нов Зеланд и Тога. За историската посета принцезата од Сасекс избра бел фустан на австралискиот дизајнер Зимерман, бела шапка и црни полусандали, […]

ВМРО-ДПМНЕ може и да ја преспие кампањата


На десетина дена пред официјалниот старт на референдумската кампања, раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема став ниту дали ќе учествува во неа ниту каков повик ќе упати до своите поддржувачи во врска со гласањето на 30 септември. Пратеничката група на ВМРО-ДМПНЕ испратила известување до претседателот на Собранието Талат Џафери во кое посочува дека одлуките на Владата за […]

Пред годишнината од смената на власта: Заев слета на домашен терен


Мошне набиена и разновидна е агендата на премиерот Зоран Заев во последните неколку дена. За разлика од претходните месеци – кога почесто беше во авион отколку дома, сега речиси секојдневно може да се видат негови фотографии од различни општини во државата. Неретко во неформална облека, наместо во костум, премиерот во последниве денови повеќе се дружи […]

Мицкоски на средби со Јанша, Вучиќ и Пленковиќ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски заминуваат на мини турнеја во регионот, јави МИА. Тие ќе остварат средби со политичари од Словенија, Хрватска и Србија. Предвидени се средби со претседателот на СДС и поранешен премиер на Словенија Јанез Јанша, претседателот на ХДЗ и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС […]