По короната Кина ги укина ограничувањата за патување во уште 70 земји


Кина го укина пандемиското ограничување за групни патувања за повеќе земји, вклучително и клучните пазари како САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, што потенцијално ќе биде од полза нивната туристичка индустрија. Таквата одлука ја објави во четвртокот Министерството за култура и туризам, а стапува на сила веднаш. Пред пандемијата кинеските туристи трошеле во странство повеќе […]

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со повик за идеи за старт-ап програма за туристички иновации


 Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објави повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот. Рокот за аплицирање е до 20 август 2023 година на следниот линк. Како што информираат од Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни […]

Во Албанија најбројни косовските и македонските туристи


Албанија годинава повеќе од сигурно е дека ќе забележи рекордна туристичка жетва, зашто туристи има речиси од сите делови на светот. Тоа поради фактот дека за првите шест месеци ја посетиле 3,4 милиони или 33 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година. Традиционално најбројни се косовските и македонските туристи, со 1,3 милиони односно 290 […]

Туристка бегаше од пожар во Грција: Изгоре хотелот! Огнот беше веднаш зад нас


Семејство од Данска, кои биле на одмор во Грција, за Sky News раскажаа дека морале да пешачат 11 километри на високи температури за да избегаат од пожарот што го зафатил хотелот во кој престојувале. Корина рече дека нејзиниот сопруг Петер, ќерката Матилде и таа биле на одмор во Киотари кога им било кажано дека шумски […]

Европскиот летен пекол ги пренасочува туристите кон постудени места


  Зголемените летни температури низ јужна Европа би можеле да поттикнат трајна промена на туристичките навики, при што повеќе патници избираат постудени дестинации или летуваат во пролет или есен за да ги избегнат екстремните горештини, предвидуваат туристичките тела и експертите. Податоците на Европската комисија за патувања (ETЦ) покажуваат дека бројот на луѓе кои се надеваат […]

Албанската полиција спасила 13 туристи кои поради дефект на чамец останале на отворено море


Албанската гранична полиција,  од приморскиот пристанишен град Шенѓин во текот на ноќта спровела спасувачка акција на туристи кои, во текот на ноќта,  останале далеку од брегот по дефект на чамецот со кој пловеле. – На 13 летувалци, кои со чамец пловеле заради забава им се расипал чамецот  и во текот на ноќта останале на сред […]

Постери во Сплит ги поучуваат некултурните туристи: Однесувајте се како римскиот император да е дома


Во Сплит се поставени плакати кои ги предупредуваат некултурните туристи за казните што ќе ги добијат доколку не се однесуваат учтиво за време на престојот во овој град. „Шетете во градот на римскиот император. Постапувајте како да е дома“, „Не вршете нужда и не повраќајте на јавни места“, „Забрането спиење на плоштади, паркови, градини и […]

Најавен зголемен број на туристи од Словачка


 За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја, најавуваат од националната Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија НАИТМ чиј претседател Влатко Сулев потпиша меморандум за соработка со претседателот на Словачката асоцијација за туриза SACKA Роман Беркеш.  Меморандумот предвидува да се преземат конкретни чекори за продлабочување […]

Ова се градовите со најмногу туристи по глава на жител во Европа


Патувањето се враќа во полн ек, што е добро затоа што пандемијата е завршена. Но, овој моментум не е угоден за сите, бидејќи огромниот број туристи стана голем проблем насекаде, од плажите до главните градови. За да се справат со пренатрупаноста, некои дестинации воведоа различни ограничувања (на пример, забраната за крстарења во Венеција). Доколку не […]

Бугарија очекува летово да пречека за пет отсто повеќе туристи отколку во 2019 година


Податоците и информациите што ги добиваме за претстојната летна сезона се позитивни и очекуваме да ја надминеме 2019 година со раст од пет проценти, изјави денеска министерот за туризам Илин Димитров, во одморалиштето Албена. Тој појасни дека тоа била и главната задача на министерството – да се стабилизира секторот и да има раст. Туристичкиот сектор […]

Дестинација за секого: Кафето чини едно евро, а сместување може да најдете за 19 евра


Со оглед на тоа дека цените на Јадранот дивееја, многумина летово ќе бараат алтернативни дестинации за одмор, а порталот „Pun Kufer“ предлага една таква. Станува збор за одморалиштето Сончев Брег, едно од најпопуларните на Црното Море, кое опфаќа пет километри долга песочна плажа во заливот помеѓу Свети Влас и Несебар. Изградена е кон крајот на […]

Зголемен бројот на туристи


Вкупниот број на туристи во јануари 2023 година во однос на јануари 2022 година е зголемен за 10,3 отсто, а бројот на ноќевањата бележи раст од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.   Бројот на домашните туристи во јануари 2023 во однос на јануари 2022 година е намален за 9,8 отсто, а на странските […]

Албанија минатата рекордна година по посетеност на странски туристи


Албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, во извештајот за секторот туризам наведува дека минатата година земјата ја посетиле 7,5 милиони странски туристи, кои одлучиле одморот да го минат  во оваа земја не само во летната, туку и во другите сезони од годината, јави државната информативна агенција АТА.   Споредено со 2021 година тоа значи 1,9 милиони туристи повеќе […]

Скопје никој не помислува да го посети за Нова година


  Едно, навидум обично, анкетарско прашање, за сите што не се од Скопје „Зошто би го посетиле Скопје? Кои туристички места и културни знаменитости би ги посетиле“, на Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“, ни ја открива сета безнадежност дека главниот град некогаш може да биде посакувана туристичка дестинација. Одговорите на луѓето се на релација од […]

Во септември сме имале 103.787 туристи, најбројни од Турција, Србија, Полска и Германија


  Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103.787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221.927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупно евидентираните 69.633 странски туристи, најбројни се од […]

За девет месеци Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи


  Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска. Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини. Најголем раст е забележан кај […]

Раст од 110 проценти на странските туристи во јули, најбројни од Турција, Србија и Полска


 Во државава во јули годинава се регистрирани 169.449 туристи, од кои 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700.629, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските. Во јули годинава имало најмногу […]

Во Хрватска годинава 14,4 милиони туристи и 82,6 милиони ноќевања


Од почетокот на годинава, според податоците на eVisito, во Хрватска имало 14,4 милиони туристички доаѓања и 82,6 милиони ноќевања, што е зголемување за 42 отсто на доаѓања и 28 отсто на ноќевања во однос на минатата година. Споредено со рекордната 2019 година, овие податоци претставуваат 90 отсто од резултатите во доаѓањата и 96 отсто од […]

Во првите шест месеци 75 проценти повеќе туристи од истиот период лани


Бројот на туристите е во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани, а бројот на ноќевањата бележи раст од 66,3 отсто. Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 25,4, а на странските за 131,3 отсто, додека во однос на ноќевањата, […]

Австријка нашла 18 скорпии во куферот по враќањето од одмор во Хрватска


Австријка од Натербах, која се вратила од одмор во Хрватска, се шокирала кога во куферот нашла 18 скорпии. Локалните медиуми јавуваат дека ова се случило на 23 јули, а тоа е третпат во помалку од една година, туристи кои се враќаат од Крк, Хрватска во Австрија да пријават дека нашле скорпии. Во куферот на оваа […]