Подобрена водоводната мрежа на Беровското Езеро


 Берово и Малешевијата е значаен регион каде е потребно во континуитет да се развива туризмот од сите аспекти, а еден од проектите кој е од особено значење за подобрување на условите за развој на туризмот е проектот за реконструкција на водоводната мрежа во туристичката населба Беровско Езеро, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски […]

По пандемијата заживува албанскиот туризам, проблем е недостигот на работници


 Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.  Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.    -Сметам дека двете години од […]

Неопходно е земјите од Западен Балкан да имаат заедничка туристичка понуда


Според растот на домашни и странски туристи Северна Македонија во 2022 година е петта држава во светот според податоците од Светската туристичка организација. Константано се зголемува бројот на странски туристи, а со тоа и бројот на туристи и ноќевања воопшто, порачуваат од  Министерството за економија (МЕ). Велат дека туризмот во светски рамки се дели на […]

Туристичка промоција на Македонија во медиуми во регионот и Полска


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) согласно програмските активности за 2022 година започна со првиот дел од медиумската кампања за привлекување поголем број странски туристи, што ќе се реализира во земјите од регионот – Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и во Полска, поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата. Како што […]

Јаневски: Туризмот забрзано закрепнува, годинава 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари прилив


 Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија. Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и гостите од регионот – Полска, Косово, Србија, Албанија и […]

Црна Гора има најголем раст во туризмот на светот – 249 отсто


  Црна Гора, според податоците на Светската туристичка организација (UNWTO), минатата година остварила најголем раст во туризмот на светот, соопшти министерот за економски развој, Јаков Милатовиќ. „UNWTO ги препозна резултатите на Црна Гора кои се остварени во опоравување на туризмот минатата година“, напиша тој на Твитер, пренесе Мина. Според податоците на UNWTO, Црна Гора минатата […]

По учеството на меѓународниот саем за туризам во Белград, земјава очекува повеќе српски гости


Зголемување на бројот српски туристи, се очекувањата од македонското учеството на 43. меѓународен саем за туризам што се одржа во Белград минатата недела. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), од посетата произлезе и конкретна соработка, а тоа е симболиката на мостот на Иво Андриќ. Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски и […]

Заедничка цел на ТУК и на Агенцијата за промоција на туризмот е 2,5 милиони ноќевања и 400 милиони долари приход од туризмот


Новиот претседател на Туристичко-угостителската комора Аркан Керим и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски денеска разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете институции со цел подобра промоција на земјава како туристичка дестинација.  На средбата присуствувал и претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски, а соговорниците се заложиле заеднички […]

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот


Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем […]

Туристичките агенции ја избришаа Русија од понудата


Германските туристички агенции ја избришаа Русија од својата понуда како реакција на воената операција на руската војска во Украина. „Поради актуелната ситуација на неодредено од етички и морални причини не нудиме повеќе патувања во Русија“, стои, на пример, на веб-страницата на туроператори „Berge&Meer”. И ФТИ ги откажа сите термини за патување во Русија. „Што се […]

Војната во Украина ќе влијае врз туризмот, хотелите на охридско-струшката ривиера подготвени да прифатат бегалци


Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните […]

Јаневски за „Политика“: Развојот на туристичката индустрија базира на зелен туризам


Tреба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува, директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Во интервју за вчерашното издание на српскиот весник „Политика“, Јаневски се осврнува на движењето на туристичката индустрија од […]

Бугарскиот министер за туризам против рампа за влез на туристи од Македонија, Србија, Турција и Израел


Министерот за туризам во Бугарија, Христо Проданов повика на строга контрола при влез во земјата, но да не се затвора пристапот до бугарските зимски центри за туристите од Северна Македонија, Србија, Турција и Израел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Проданов вели дека од овие земји се направени над 100.000 резервации за следните […]

Нови можности за туристичка промоција на Северна Македонија на „Дубаи Експо 2020”


На светската саемска манифестација „Дубаи Експо 2020” што почна на 1 октомври 2021 и ќе трае до 31 март 2022 година, во тек е неделата посветена на туризмот каде повеќе од 190 земји ги презентираат своите туристички потенцијали и можности за инвестиции во овој сектор. -Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се […]

Нема поубаво чувство: На велосипед низ Македонија


Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични! Ви предлагаме само неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на […]

Крушево, Маврово и Шара први за активен туризам


Крушево, Маврово и регионот околу Шар Планина се примарните дестинации на кои ќе се развива авантуристички туризам од типот на екотуризам, набљудување на птици, џип-сафари, искачување по карпи, параглајдинг. Веднаш зад нив се Демир Капија, Смоларските Водопади, Пониква, Беласица и Прилеп. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за развивање на активниот туризам во земјава […]

Хилде де Саделеир: Охрид е дестинација за четири сезони


Хилде де Саделеир е Белгијка која две и пол години работи во Македонија. Двојно подолго барала деловни можности во земјава, што резултирало со инвестиции во дури три различни бизниси. Хилде повеќе од една година живее на релација Брисел – Охрид. Главниот бизнис, тука и во Белгија, на нејзината семејна компанија е производство на делови за […]

Почнува 45. Галичка свадба


Со поставување на свадбарското знаме денеска во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина ќе почне 45. издание на Галичката свадба, една од најспектакуларните културни манифестации во земјата. Младенци на годинашната манифестација се Тања Лепческа, со потекло од Галичник и Златко Димовски. Тие се избрани во конкуренција од четири пара. Лепческа од својата петта […]

Преспа има убавини, треба да се промовираат пред туристите


Вмрежување меѓу угостителите, туристичките работници, туроператорите и домаќинствата што се занимаваат со рурален туризам за подобра комуникација, а со тоа и подобра туристичка понуда беше целта на првиот Туристички саем што се одржа во Преспа. Настанот го организираа здружението против дискриминација „Женска солидарност“, здружението на овоштари Благој А. Котларовски и општина Ресен, а беше промовирана […]

Промоција на Скопје како туристичка дестинација


Новинари од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и од Црна Гора ќе ги промовираат Скопје и Македонија како туристички дестинации и ќе снимаат подготовка на македонски специјалитети во секој регион од земјава што ќе го посетат. Новинарите, денеска прошетаа низ Скопје со градоначалникот Петре Шилегов, кој ги запозна со културно-историски знаменитости, Старата чаршија, Старата железничка […]