Новинарите кои известуваа за настаните од 27 април во Собранието, ќе поднесат тужба против државата


Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета. Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше  дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на […]

Мијалков го чека Мицкоски, па ќе види дали ќе тужи


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се појави во суд на рочиште за случајот „Титаник 2“, за изборните нерегуларности. Мијалков не беше расположен за изјави и рече дека е дојден тука на судење и дека изјава би дал можеби во друга прилика. На новинарско прашање дали ќе му поднесе […]

Граѓани ја тужат ЕУ дека неамбициозно се бори против климатските промени


Повеќе семејства од Португалија, Германија, Франција, Италија, Романија, Кенија, Фиџи и здружение на млади од Шведска ја тужат Европската Унија дека недоволно амбициозно работи за намалување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина до 2030 година. Тужителите сметаат дека зацртаните цели на Европската Унија за намалување на ефектот на стаклена градина […]

Апелација ја укина пресудата за Богоевски за тужбата од Ахмети и Џафери


Скопскиот Апелационен суд донел решение со кое ја укинал пресудата што за изречена клевета, а по поднесени тужби од  лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вице-премиер Муса Џафери, му беше изречена на разузнавачот Слободан Богоевски. Согласно со донесената одлука, предметот повторно се враќа во Основниот суд Скопје 2 – Скопје кој, пак, ќе треба […]

Семејствата на четирите Роми тужат за ненадејната смрт во затворите


Семејствата на четирите Роми, кои ненадејно умреа во македонските затвори, ја тужат Управата за извршување санкции, како и Министерството за здравство, за дискриминација во нивниот пристап до здравствена нега и заштита, што резултирала со смрт на членовите на нивните семејства. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) ќе ги застапува и веќе поднесе колективна граѓанска […]

Петар Арсовски не го кодошел Ристо Шишков


По цели девет години судење, актерот Петар Арсовски успеа да докаже дека не бил кодош, а дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Шамбевски го клеветел со намера да ги наруши неговите углед и чест. Апелацискиот суд во Скопје деновиве донесе пресуда со која само се потврдува првостепената пресуда, а според која тужениот Шамбевски изрекол клевета […]