Трудо: Трговската војна може да продолжи во блиска иднина


 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадската страна е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада. „Разговорите се во тек… Нашата […]

Си-Ен-Ен: Трамп разговараше со Трудо


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи двајца неименувани официјални претставници на Белата куќа. Разговорот меѓу лидерите се одржа откако Трамп завчера воведе општи царини од 25 отсто за Канада. Како одговор, Трудо рече дека веднаш ќе воведе царина од 25 отсто за стоки во вредност од […]

Трудо: Украина треба да биде вклучена во мировните преговори


Премиерот на Канада, Џастин Трудо, во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека секој мировен договор со Русија мора да ја вклучи Украина на преговарачка маса. Трудо ја потврди поддршката на Канада за Киев и „нагласи дека не може да има одржлив мир во Европа без безбедност за Украина“. Канадскиот премиер телефонски разговараше […]

Трудо: Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата за воведување царини


 Канада е целосно фокусирана на тоа да се погрижи САД да не ја исполнат заканата дека ќе воведат царини за канадски увозни производи, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. „Ако некогаш и бидат наметнати царини на Канада, нашиот одговор ќе биде итен и силен, но ние не го сакаме тоа. Ќе работиме за да бидеме […]

Трудо: САД ги одложуваат новите царини за Канада за најмалку 30 дена


САД ќе ја одложат примената на новите царини за канадските производи најмалку 30 дена, соопшти денеска канадскиот премиер Џастин Трудо по телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Имплементацијата на предложените царини ќе биде одложена најмалку еден месец додека работиме заедно на ситуацијата, изјави Трудо. Канада прифаќа нови обврски, вклучително назначување службеник одговорен за […]

Трудо: Ништо не е исклучено кога станува збор за одговор на предложените царини на Трамп


Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави синоќа дека „ништо не е исклучено“ кога станува збор за одговор на предложените царини на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и дека ниту еден регион во земјата не треба да го сноси целиот товар од ова несогласување.  Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за сите […]

Трудо: Коментарите на Трамп за анексија на Канада се тактика за одвраќање


Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека коментарите на новоизбраниот американски претседател за евентуално припојување на Канада се тактика со цел да се одвлече вниманието на луѓето од влијанието на царините што Доналд Трамп предупреди дека има намера да ги воведе. Трудо изјави за Си-Ен-Ен дека ако Трамп го следи својот план да воведе царина од […]

Трудо: Канада нема да стане дел од САД


Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава. -Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и […]

Трудо поднесе оставка


Канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка. Тој ја напушта функцијата шеф на Либералната партија и премиер. Сепак, тој ќе остане на премиерската позиција сè додека партијата не избере ново партиско раководство. Тој ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудувал како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека […]

Глоуб енд Мејл: Канадскиот премиер Трудо се очекува да поднесе оставка од лидерската функција во партијата


Се очекува канадскиот премиер Џастин Трудо да поднесе оставка како лидер на Либералната партија, потенцијално уште денеска, јави весникот „Глоуб енд Мејл“. Според извори од канадскиот весник, Трудо ќе се повлече пред клучниот состанок на владејачката партија кој треба да се одржи в среда. Не е познато ниту дали Трудо ќе се повлече и од […]

Трудо: Царините за Канада што ги објави Трамп ќе го поскапат животот на Американците


 Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека Американците „почнуваат да се будат и да ја сфаќаат реалноста“ дека царините за сите производи од Канада, чие воведување го најави новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, „ќе го направат животот многу поскап“. Говорејќи на настан организиран од Стопанската комора на Халифакс, Трудо рече дека справувањето со Трамп ќе […]

Трудо се извини што канадскиот Парламент со овации поздрави нацист


 Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа се извини што парламентот на неговата земја му оддаде почит на човекот кој се борел на страната на нацистите во Втората светска војна, за време на минатонеделниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трудо кажа дека претседателот на Долниот дом на Парламентот, Ентони Рота, кој во вторникот поднесе оставка, е […]

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва за „лажните“ референдуми


Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради „лажните“ руски референдуми во четири окупирани украински региони, изјави премиерот Џастин Трудо. -Канада никогаш нема да ги признае резултатите од референдумите или обидот на Русија за илегална анексија на украински територии, рече канадскиот премиер. „Имаме намера да воведеме нови санкции против поединци и ентитети кои се вклучени […]

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“. „Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“, напиша Трудо преку Твитер. Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во […]

Трудо се договори со канадската опозиција неговите либерали да останат на власт до 2025 година


 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата Либерална партија постигнала договор со опозициската Нова демократска партија да остане на власт до 2025 година. -Ова значи дека во ова неизвесно време, владата може да функционира предвидливо и стабилно, да презентира и спроведува буџети и да обезбедува услуги за Канаѓаните, рече Трудо. Либералната партија на Трудо […]

Трудо: Канада ќе испорача противтенковско оружје за Украина


Противтенковско оружје и напредна муниција ќе и испорача Канада на Украина како поддршка во борбата против руската агресија. Истовремено ќе го забрани и увозот на руска нафта, најави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. „Канада ќе продолжи да ја поддржува херојската одбрана на Украина од руската војска. Ја објавувавме нашата намера целосно да забраниме увоз на […]

Џастин Трудо позитивен на коронавирус


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо тукушто соопшти дека е позитивен на коронавирус. Во објавата на Твитер тој напиша дека утрово добил позитивен тест. Канадскиот премиер истакна дека се чувствува добро и дека во текот на оваа седмица ќе продолжи да работи од далечина, следејќи ги препораките на здравствените власти.             […]

Канадскиот премиер Трудо во изолација по контакт со заразено лице со Ковид


Премиерот на Канада Џастин Трудо се изолирал откако дознал дека бил во контакт со лице заразено со Ковид-19. Информацијата ја објави Трудо на својот Твитер профил. „Синоќа дознав дека сум бил во контакт со лице заразено со Ковид-. Резултатот од мојот брз тест беше негативен. Ги следам упатствата на Одделот за здравство во Отава и […]

Оставки поради скандалот што ја тресе Владата на Канада


Канадскиот премиер Џастин Трудо е обвинет дека вршел притисок врз поранешната главна обвинителка и министерка за правда Џоди Вилсон Рејболд во случајот на СНЦ Лавалин. Трудо ја именуваше поранешната министерка за правда, либералката Ен Меклелeн да испита дали истовремената функција на министер за правда и главен обвинител треба да биде одвоена, сред скандалот што може […]

Трудо среде скандал, го напуштаат членови на владата


Канадскиот премиер Џастин Трудо, го обвинуваат за притисок врз поранешната министерка за правда, за да ја заштити најголемата градежна фирма во земјата во судењето за корупција. Критичарите го обвинуваат Трудо дека извршил притисок на поранешната министерка за правда, за да ја заштити градежната фирма на која ѝ се суди за корупција. Неколку членови на владата […]