Повторно гореше трска во Охрид, опожарени 7 хектари


Вчера попладне во 17.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Трно“ во близина на улицата „Прилепска“ во Охрид била опожарена површина од околу седум хектари со трска. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Повторно опожарена трска на струшкото крајбрежје, трет случај во две недели


 Околу 3.000 метри кубни трска е опожарена на струшкото крајбрежје покрај регионалниот пат Струга – Калишта во пожар регистриран викендов. СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот во ОВР Струга бил пријавен на 23 февруари во 18 часот. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а повредени лица нема. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот. Тоа […]

Гори трска во близина на индустриската зона во Струга


Гори трска во Струга, во близина на индустриската зона, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Фети Мазари. Пожарот, како што информира, бил пријавен после 17 часот, по што на терен излегол тим со едно против пожарно возило. – Зафатена е мала површина трска, пожарот е ставен под контрола. На терен е екипа […]

Објавен документарен филм за значењето на трската за биодиверзитетот на Охридското Езеро


Во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“ Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ од Охрид го објави документарниот филм за значењето на трската во Охридското Езеро. Се работи за краток филм кој ги прикажува убавините и значењето на трската за биодиверзитетот, потребата од нејзина […]

Опожарена трска кај Извидничкиот центар во Струга


Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пожарот во полиција бил пријавен 46 минути по полноќ на 13 февруари. Изгаснат е со инетрвенција на Територијалната против пожарна единица од Струга. – Во Одделението […]

Голема површина трска гори кај Асамати


Голема површина трска е зафатена во пожар кој дивее во близина на преспанското село Асамати. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Ресен, Дирекцијата за заштита и спасување и други релевантни институции го обезбедуваат теренот, но поради непристапноста не можат да интервенираат. Командирот на ТППЕ Ристе Илиевски во изјава за МИА потврди дека се работи за […]

Пожарот кај Петровец ставен под контрола


Поради запалена трска кај каналот на потегот од Ржаничино до Таор во општина Петровец вечерва интервенираше екипа на Противпожарната бригада на Скопје. Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба за МИА. Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.