Во недела пренасочување на сообраќајот во Аеродром: Ќе има трка


Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка, информираа од полицијата. – Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на […]

Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје


Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи. Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 […]

Прилеп по 13-ти пат домаќин на најпознатиот планински маратон „Крали Марко Триалс“


На настанот ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од Македонија и уште 17 држави, кои ќе се натпреваруваат на три различни дистанци: најдолга трка од 40 километри, средна од 23 километри и најкратка од 13 километри. Овој спортско‑рекреативен настан стана традиција и важи за еден од најзначајните во регионот, не само поради бројот на учесниците, туку […]

Неполни две години по ампутацијата на двете нозе, Златко Ѓоргиев успешно го заврши маратонот во Базел


Ампутацијата на двете нозе, извршена пред неполни две години, не беше пречка за 38-годишниот Златко Ѓоргиев од Виница, да постигне несекојдневен подвиг и личен успех на неодамнешната маратонска трка во Базел, Швајцарија. Со помош на двете протези, што му ги заменуваат стапалата и натколениците, за 50 минути и 40 секунди ги помина петте километри и […]

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално […]

Двократниот олимписки шампион Џошуа Чептегеи се повлече од трката на 5.000 метри на Олимпијадата во Париз


 Тркачот од Уганда Џошуа Чептегеи нема да се натпреварува на 5.000 метри на Олимпијадата 2024. Чептегеи е олимписки шампион во Токио 2020 на оваа делница. Во Париз 2024 го освои златото на 10.000 метри. – Толку сум горд што го освоив олимпиското злато на 10.000 метри. Толку сум горд на Уганда. По светска јуниорска титула […]

На Кенијката ѝ е вратен олимпискиот медал, судиите со промена на одлуката спречија скандал (видео)


  Синоќешното натпреварување на Олимпискиот стадион во Париз понуди вистинска контроверзност во женската трка на 5.000 метри, бидејќи на Кенијката Фејт Кипјегон предвреме ѝ беше одземен медалот. За време на трката Кипјегон влезе во благо туркање со Гудаф Цегај од Етиопија, која е позната по непримерното однесување на трките и во таа прилика не ѝ […]

Астма, алергии, дислексија, депресија – што му пречи на олимпискиот шампион?


Американскиот атлетичар Ноа Лајлс откри со какви проблеми се соочил, а кои не го задржале по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз. Пред 85.000 гледачи во Париз, Лајлс славеше во возбудлива трка на 100 метри. Американецот заврши пред Јамајканецот Кишан Томпсон за пет илјадити делови од секундата. По победата тој објави статус […]

Посебен сообраќаен режим утре поради одржување трки


Поради беспрекорно одржување на 4. Stopanska Triogy Triathlon 2024, утре (19 мај) сообраќајот ќе биде ограничен на бул. „Илинден“. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 8.15 до 12.30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосницата со […]

Велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“


Во општина Илинден и годинава се одржува велосипедска тура „Експедиција низ срцето на Илинден 2024“ епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден. На настанот учествуваат над 150 велосипедисти од целава земја, а стартната позиција беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден, каде присуствуваше […]

Екологисти од Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци на Охридското Езеро


Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, […]

Велосипедска трка Тетово-Попова Шапка в недела во организација на Феникс сајклинг тим


Клубот Феникс сајклинг тим -Тетово в недела ќе организира велосипедска трка од градот до скијачкиот центар Попова Шапка, насловена „Шар куп 2023“. Ова ќе биде премиерно издание на „Шар куп“ во организација на тетовскиот велосипедски клубот формиран во 2021 година. – Почетокот на трката до Попова Шапка в недела е закажан за во 10 часот […]

В недела во Скопје посебен сообраќаен режим поради ревијална трка на велосипеди и ролерки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.05.2023 (недела) со почеток во 11:00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки и др. „Вози право, вози здраво“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со старт од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие Чупоски“, […]

Во тек подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар во Делчево


Привршуваат подготовките за вториот Ендуро и „Офф роад“ натпревар кој ќе се одржи на почетокот на месец ноември во Делчево. Организатор на настанот е здружението Мото клуб „Ендуро Тим“, чии членови деновиве работат на уредување на мото патеката која е предвидена на земјен терен над манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“. – По успешно организираната трка минатата […]

Изменет сообраќаен режим во недела, во Скопје, заради атлетски трки


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.09.2022 (недела) со почеток во 08.00 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колорран 2022“.   Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево […]

Тројца загинаа во трка со бикови во Шпанија


Три лица загинаа во изминатите 24 часа откако претрпеа сериозни повреди на традиционална трка со бикови во шпанскиот регион Валенсија, соопштија во средата локалните власти. Тројца мажи се здобија со сериозни повреди за време на трките со бикови што се одржаа во рамките на летниот фестивал. Иако беа повредени во различни денови, тие починаа за […]

Поради трката „Вози право, вози здраво“, посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Поради одржување на ревијална трка „Вози право, вози здраво“, утре во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“, право по булеварот „ВМРО“ до крстосница со булеварот „Илинден“, лево по булеварот „Илинден“ […]

Прва трка со совладување на препреки во Леуново


Трка со совладување на препреки за прв пат во земјава ќе се одржи денеска во селото Леуново во Националниот парк Маврово. Околу 260 пријавени учесници, како што информираат организаторите, ќе трчаат околу 12 километри со преминување на препреки како ѕидови, кал, вода, јажиња, носење товар и уште други. Организаторите, исто така, најавуваат дека вакви трки […]

Хуманитарен маратон на ИТ компании за поддршка на СОС Детско село


Хуманитарна акција IT4Charity Marathon 2022 започнува  денеска и ќе трае до 25 септември –  ден кога ќе се реализира маратон со старт во парк и финиш во СОС Детско село. Вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри. Учесниците во маратонот ќе имаат можност […]

Поради трката „Скопје трча 10 км“ изменет режим на градските автобуси


Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот. ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ Линиите 2, 4, […]