СП 2018: Шведска во четвртфинале по триумфот над Швајцарија


Шведска се пласираше во четвртфинале на Светско првенство првпат од 1994 година откако победи со 1:0 против Швајцарија на „Санкт Петерсбург Арена“ во еден од најслабите натпревари од првиот круг на директните елиминации на Мундијалот 2018. Сепак успехот на Швеѓаните беше заслужен, откако организираа поопасни напади во натпреварот, но и многу вешто одиграа во одбрана. […]