Три проценти раст на БДП во третото тримесечје од 2018 година


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е три отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од […]

Во првото тримесечје вработени 749.892 лица, невработеноста 21,6 отсто


Од вкупно 956.640 лица активно население во Македонија, вработени се 749.892, а невработени 206.748 лица, покажува анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2018 година. Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.6, додека стапката на невработеност изнесува 21.6 отсто.