Дали Кина ја добива трговската војна со САД? Еве што велат податоците


Повеќегодишната трговска војна меѓу Кина и САД се интензивираше во февруари 2025 година, кога претседателот Доналд Трамп воведе царини за азиската нација, Канада и Мексико на 1 февруари. Оттогаш, двете земји имаат хаотичен однос, при што меѓусебните царини понекогаш достигнуваат троцифрени нивоа. Но, откако Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг се сретнаа во Јужна Кореја […]

Во Стокхолм нов круг разговори меѓу САД и Кина за царините


 Американскиот секретар за финансии Скот Бесент и високи кинески претставници денеска и утре во Стокхолм ќе одржат нови разговори во врска со спорот околу царините. Главна цел на преговорите е продолжување на тековната пауза на царините, која е во сила до 12 август. Кинеската делегација се очекува да ја предводи вицепремиерот Хе Лифенг. Од април, […]

Мелони предупредува на трговска војна на Западот


Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп  најави царинки од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). -Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ […]

Понудата на ЕУ„нула-за-нула“ царина заглави поради отпорот на САД


Европската Унија се помирува со фактот дека нејзиниот обновен предлог за отстранување на царините за индустриски стоки не води никаде кај американската администрација, изјавија тројца функционери и дипломати за „Политико“. Во обид да избегне трговска војна со претседателот Доналд Трамп, Европската комисија ја обнови понудата на почетокот на април за отстранување на (веќе ниските) царини […]

Поради трговската војна и царините, кинеските клиенти одбиваат да преземат испорака на нови авиони Боинг


Кинеските купувачи на авиони произведени од американскиот Боинг одбиваат да ги преземат авионите поради високите кинески царини, воведени како одговор на американските царини за кинески стоки. Во четвртокот третиот нов авион Боинг поради ова мораше да се врати од Кина. „Поради тарифите, многу наши клиенти во Кина укажаа дека не сакаат да преземаат испораки“, рече […]

Си: Нема победници во трговската војна


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи. Иако Трамп ги паузираше новите царини за голем број земји, тој ги остави оние за Кина, втората по големина […]

Остар пад на берзите, инвеститорите стравуваат од ескалација на трговската војна


Цените на акциите на светските берзи драстично паднаа минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуваа од ескалација на трговската војна, откако Вашингтон објави царини за увоз на автомобили, а голем број земји се заканија со контрамерки. На Волстрит, Dow Jones минатата недела се лизна за речиси 1 отсто, на 41.583 поени, додека S&P 500 потона за 1,5 […]

Трудо: Трговската војна може да продолжи во блиска иднина


 Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадската страна е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада. „Разговорите се во тек… Нашата […]

Трговската војна со Канада, Мексико и Кина може да донесе „болка“ за Американците, предупредува Трамп


 Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека новите царини на увозот од Канада, Мексико и Кина можат да предизвикаат краткорочни економски потешкотии за американските граѓани, но оцени дека мерките се неопходни за справување со илегалната имиграција и трговијата со дрога. – На краток рок, можеби ќе почувствуваме мала болка, но луѓето го разбираат тоа. На долгорочен […]

Европа веќе е во студена трговска војна со Кина. Дали може да се справи со жешката со САД?


Како што еден годишен трговски спор со Пекинг ја достигнува својата кулминација, Брисел се подготвува за уште една пресметка со Доналд Трамп. Европа веќе е во студена трговска војна со Кина. Дали може да се справи со жешката со САД? Тоа е загатката со која се соочува Урсула фон дер Лајен додека во САД се […]

Трговска војна со Кина е катастрофа за Германија, вели германскиот министер за транспорт


Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг остро предупреди на можните последици доколку Европската унија воведе казнени тарифи за електричните автомобили од Кина. „Никој не може да посака трговска војна со Кина. Тоа би било катастрофа за Германија и нема да донесе никакви предности ниту за ЕУ“, рече Визинг во видео интервју за ДПА во четвртокот. […]

Британската Влада ќе предложи измени што може да доведат до трговска војна со ЕУ


 Владата на Велика Британија денеска ќе предложи закон со што еднострано ќе се укинат правилата за трговија со Северна Ирска, воведени по Брегзит. Но, со тоа можеби ќе започне трговска војна со Европската Унија. Според Лондон, предност и понатаму има договорот со ЕУ за реформата „Северноирскиот протокол“. Но, во отсуство на договор преку дијалог, законот […]

САД, ЕУ и Јапонија најавија соработка во трговската војна против Кина


САД– САД, Европската унија и Јапонија најавија соработка во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина. Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге […]

Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното


Белград- Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти српскиот министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на […]