Норвешка не ги превезува електричните автомобили со траект, Грција со 40 отсто батерија


Електричните автомобили генерално не се забранети на европските фериботи, но некои земји воведуваат строги ограничувања. Грција бара електричните и хибридните возила со приклучоци да се полнат максимум 40 проценти пред да се качат на фериботот, додека една норвешка бродска компанија целосно ги забрани електричните, хибридните и водородните возила. Патувањето со ферибот е рутинска работа за […]

Лажна дојава за бомба во траект со 750 патници на атинското пристаниште


Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина. По анонимниот повик во канцелариите на бродската компанија Blue Star преку кој беше пријавено дека во самиот […]

Ќе се интензивираат контролите за цените на билетите за траектите во Грција


 Преку писмо до Комисијата за конкурентност, министерот за поморство на Грција Христос Стилианидис побарал поблиска соработка за справување со појави на драстични и неоправдани зголемувања на цените на траектите во земјата, како и за заштита на потрошувачите, јави дописничката на МИА од Атина. Во оваа насока, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен […]

Уапсени четворица членови на екипажот на грчки траект поради смрт на 36-годишен маж, кој беше турнат на атинското пристаниште


Четворица членови на екипажот на грчки траект се уапсени поради смртта на 36-годишен маж, за кој првично имаше информации дека го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа, меѓутоа, по објавеното видео од „Прото тема“ беше обелоденето дека не станува збор за несреќен случај, туку […]

Пожар на траект во Њујорк, евакуирани 900 патници и членови на екипажот


Околу 900 патници беа евакуирани од службите за итни случаи од траект на њујоршкиот пловен пат во близина на Стејтен Ајленд поради пожар што избувна во погонскиот дел на бродот.   Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 […]

Од денеска бродска линија меѓу Солун и Измир


  Грчкиот град Солун и турскиот град Измир од денеска ќе се поврзат со бродска линија, преку траектот „Smyrna di Levante“, со кој управува приватната компанија „Levante Ferries“, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот ќе сообраќа три пати седмично од Солун, во понеделник, среда и петок, а од Измир ќе поаѓа во вторник, четврток и […]

По над 50 часа од пожарот на траектот во Грција, пронајден жив еден од исчезнатите


Грција– По два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, утрово беше пронајден жив и спасен еден од 12-те исчезнати патници од бродот „Euroferry Olympia“ што во петокот наутро се запали во близина на Крф додека од Грција пловеше кон Италија, а паралелно продолжува потрагата по останати патници, […]

Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф


Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и […]

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]

Најмалку 37 загинати во пожар на траект во Бангладеш


Најмалку 37 лица загинаа, а 72 се повредени во пожар на преполн траект на југот на Бангладеш, соопштија локалните власти. Пожарот избувнал три часа по полноќ по локално време, во близина на градот Џалакати, на брод што испловил од главниот град Дака и тргнал на југ кон градот Баргуна, оддалечен 250 километри. Акцијата за спасување […]

(Видео) Потона траект во Ирак, 40 мртви


Најмалку 40 луѓе загинаа, кога претоварен траект потона во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, јавија светските агенции. Ова го соопштија полициските и медицинските служби на Ирак, додека медиумите јавуваат дека бројката пораснала на 60 жртви. Повеќето жртви се жени и деца, рече шефот на управата на цивилната одбрана на Мосул, Хусам Калил, […]

Танзанија: Најмалку 86 лица загинаа кога траект потона во езерото Викторија


Најмалку 86 лица загинаа откако вчера потона траект со стотици патници во езерото Викторија во Танзанија, јави локалниот портал „Граѓанин“, повикувајќи се на податоци изнесени од регионалниот комесар на Мванза Џон Монгеле. Локалните медиуми информираа дека се спасени 37 лица, но се стравува дека бројот на загинати ќе се брои во стотици. Според првите проценки, […]

(ВИДЕО) Траект со 160 ученици од Јужна Кореја се заби во карпа


Јужнокорејската Крајбрежна стража соопшти дека успешно ја спровела акција за спасување на сите 162 патници и членови на екипажот на траектот, што денеска удри во подводна карпа во близина на југозападниот брег на Јужна Кореја. Во соопштението се наведува дека при акцијата се спасени сите 158 патници и петмината членови на екипажот на траектот. При […]