(Видео) Торнадо во јужна Франција, повредени 41 лице, оштетени стотици куќи


Торнадо помина низ француското село Помас на југозападот од земјата, при што беа повредени 41 лице и беа оштетени стотици куќи. Локалните власти соопштија дека 15 лица се однесени во болница, вклучувајќи и бремена жена која беше повредена откако делови од нејзината куќа се урнаа врз неа, објави АФП. Повеќе од 120 служби за итни […]

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил


Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти. – Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението. 

Торнадо ја погоди северна Италија


Силни бури погодија големи делови од Италија, особено на север каде што е предизвикана голема штета, соопштија службениците за вонредни ситуации. Во Ломбардија, торнадо искорна неколку дрвја и откорна покриви од куќи на околу 40 километри североисточно од Милано, според противпожарната служба. Град со парчиња мраз со дијаметар до осум сантиметри го погоди и Пиемонт, оштетувајќи […]

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД


Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот запад и јужниот дел на САД. Во сојузната држава Мисури во торнадата загинаа најголем број луѓе – 12. Силните ветрови во сојузните држави Тексас и Канзас предизвикаа песочни бури, при што се регистрирани десетина смртни случаи. Од екстремните временски услови зафатена е област, каде живеат повеќе […]

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода


Северните и централните делови на Италија денеска ги зафати невреме, во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, а врнежите се очекува да траат уште неколку дена. Обилни дождови и силни ветрови се забележани во провинцијата Венето каде што торнадо ечеше низ градот Ровиго, кршејќи гранки од дрвја и соборувајќи ги уличните светилки. 🇮🇹:#Tornado […]

Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген


Двегодишно дете загина, а мајка му е тешко повредена кога торнадо вчера урнало дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит, Мичиген. Детето починало на лице место, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека бебе кое било во креветче во друга соба, не е повредено и е пренесено во болница […]

Најмалку 20 загинати во бури и торнада во САД, 300 илјади луѓе се без струја


Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици. Во големите бури што го зафатија континентот минатиот викенд загинаа 23 лица, а според синоптичарите, можни се нови невремиња проследени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, […]

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени


Пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во торнадото што во вторникот го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за јавна безбедност во Гринфилд, град со околу 2.000 жители, соопшти дека бројот на повредени е дури и поголем од моментално познатото. Националната метеоролошка служба го оцени торнадото со ЕФ-3, што значи […]

Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина се повредени


Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина се повредени. Од невремето има уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер. „Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата […]

Снимен вител; Метеоролог: Тоа е торнадо (видео)


Вител е регистриран на Јадранското Море, во Словенија. Метеоролог објасни дека сепак се работи за торнадо. Како што јави загрепската телевизија N1, во вторник рано попладне на словенечко-италијанската граница се појави виор. Според првичните информации излегол на брегот кај градот Миље, а потоа се упатил кон Јадранското Море каде се распаднал. Како што пренесува трстскиот […]

„Монструм“ торнадо ја уништува Оклахома (видео)


Во централниот дел на САД, кој е познат по разорните торнада, овогодинешната сезона на торнада е сосема поинаква од сите претходни. Набљудуваните необични вртлози кои неочекувано го менуваат правецот или ги преминуваат патиштата и на тој начин двапати ја погодуваат истата област се сосема ретки и сосема неочекувани. Најновата вест доаѓа од државата Оклахома каде […]

Не е торнадо, туку густнадо. Во Србија снимена необична појава (видео)


Вчера попладне околу 15:30 часот во атар помеѓу Крепаја и Падина во Србија забележана е појава за која многумина би помислиле дека е торнадо. Сепак, изгледа само како торнадо, но не е, тоа е густнадо. Погледнете го видеото од оваа сцена. Што е густнадо? – Густнадо е земјен вител, кој нема многу сличности со торнадото […]

(Видео) Торнадо опустоши град во Швајцарија, кран уби едно лице


Торнадо го зафати швајцарскиот град Шауси во понеделникот попладне, а едно лице загина во невремето, соопшти полицијата. Лицето починало како последица на пад на кран, кој бил поставен на градилиште. Повредени се околу 40 лица, дел пренесени и во болница. Des images très impressionnante chez moi, à La Chaux-de-Fonds, durant et après le passage d’une […]

Торнадо во Милано: Застрашувачки снимки од невремето во Италија


Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Силна бура со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од четврток навечер до петок наутро. World Weather News […]

Торнадо направи пустош во Тексас, тројца загинати и стотина повредени (видео)


Бројот на жртвите од торнадото што вчера го погоди градот Перитон во американската сојузна држава Тексас се искачи на три лица, а бројот на повредени е меѓу 75 и 100, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на локалните власти. Според ТВ каналот, има уништени и оштетени куќи. Телевизијата Еј-Би-Си објави дека во Перитон нема струја. Вкупно […]

Две торнада го погодија Нов Зеланд


Во две торнада, кои денеска повторно го погодија Северниот остров на Нов Зеланд, едно лице е повредено, а причинета е материјална штета. Едно од торнадата го погоди главниот град Велингтон, а најмалку четири куќи во овој град беа оштетени, бидејќи торнадото им ги однесе покривите. Според новозеландските медиуми, еден тинејџер е во болница, бидејќи зградата […]

Во торнадо во југоисточен Мисури загинаа најмалку четири лица


Најмалку четири лица загинаа во торнадо што го погоди југоисточниот дел на Мисури рано во средата, додека екипите за итни случаи трагата по жртви во уништените домови и деловни објекти. Смртта била пријавена во округот Болингер, каде што повеќе локални агенции учествуваат во спасувачката операција, изјави началникот на полицијата Кларк Парот за Ројтерс. Тој додаде […]

Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада во САД


Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада што ги погодија градовите во јужниот и средниот запад на САД. Силниот ветер оштети куќи, а стотици илјади луѓе останаа без струја, објави денеска Би-би-си. Торнадото најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи. Гувернерката […]

Продолжува потрагата по жртвите од торнадото во САД


Спасувачката операција и потрагата по жртвите од торнадото во јужните американски држави Алабама и Мисисипи, во кое загинаа најмалку 26 лица, продолжи денеска. Десетици луѓе се повредени во торнадото кое ги погоди сојузните држави во ноќта меѓу петокот и саботата, а стотици се во привремено сместување. Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба. Малиот град Ролинг […]

Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во последните 40 години


Најмалку едно лице е повредено откако торнадо, што е ретка појава во калифорнија, вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година. Портпаролот на градот Мајкл […]