Токио со солзи ги испрати назад двете панди во Кина


  Илјадници луѓе се собраа во зоолошка градина во Јапонија во неделата за да се збогуваат со последните две џиновски панди во земјата, кои треба да се вратат во Кина во вторник. Емоциите беа високи во зоолошката градина Уено во Токио додека луѓето стоеја во ред – некои и по три и пол часа – […]

Најмалку осум повредени во напад со чекан на универзитет во Токио


Најмалку осум лица се повредени по денешниот напад со чекан на универзитет во Токио, објавија локалните медиуми. Околу 16 часот по локално време, повеќекратни повреди биле пријавени во кампусот Тама на Универзитетот Хосеи во Мачида, Токио, соопшти полицијата и други извори. Се верува дека најмалку осум лица се повредени, но сите се свесни, се вели […]

Токио ќе предложи четиридневна работна недела за градската администрација за да поттикне наталитет


Гувернерката на Токио сака да воведе четиридневна работна недела за службениците во управата на главниот град како дел од националниот обид за поттикнување на родителството. Премиерот Шигеру Ишиба ја нарече ниската стапка на наталитет во Јапонија „тивка вонредна состојба“ и вети разни политики како што е флексибилно работно време. Се верува дека очекувањата вработените мајки […]

Напредувањето на тајфунот „Ампил“ кон Токио откажа стотици летови и тргнувања на возови


Тајфунот „Ампил“ утринава продолжи да се движи кон Токио и другите источни области на Јапонија, а метеоролошката агенција ги повика жителите да се подготват за силни ветрови и обилни врнежи. Откажани се голем број летови и тргнувања на возови. Јапонската метеоролошка агенција предупреди на силни ветрови, лизгање на земјиштето, поплави и високи бранови, пренесуваат јапонските […]

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Токио, еден ден по предупредувањето за мегаземјотрес


Земјотрес со јачина од 5,3 степени денеска го погоди Токио и околината, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, еден ден откако јапонската влада го издаде своето прво предупредување дека постои ризик од мегаземјотрес на јапонскиот брег на Тихиот Океан. Иако штетите во областите најблиску до епицентарот не беа веднаш познати, премиерот Фумио Кишида рече дека владата не […]

Речиси ништо не ги запира јапонските супер брзи возови – но една змија го стори тоа


Речиси ништо не ги спречува познатите јапонски супер брзи возови да сообраќаат точно на време – но мала змија која се провлекува низ патнички вагон ќе го направи трикот, иако само за 17 минути. Во вторникот, патник пријавил на персоналот на станицата во Токио дека змија од 40 сантиметри била забележана во вагонот на воз […]

Патничкиот авион во Токио добил дозвола за слетување пред сударот


  Патничкиот авион кој се судри со авион на крајбрежната стража во катастрофалната несреќа на аеродромот Ханеда во Токио добил дозвола да слета, соопштија директорите на „Џапан ерлајнс“, додека полицијата наводно се подготвувала да испита дали несреќата вклучувала професионално невнимание. Пет лица во авионот на крајбрежната стража загинаа, но сите 379 патници и членови на […]

(Видео) Гори авион во Токио, се запали при слетување. Евакуирани се 367 патници


При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции. Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе, според информациите кои светските медиуми ги пренесоа од јапонската телевизија, сите се евакуирани. Пожарот настанал по судир со авион на крајбрежната […]

Експлозија во Токио: Гори зграда (Видео)


Во зграда во центарот на Токио денеска се случи експлозија, при што избувна пожар, а четири лица беа повредени. Засега официјално не е потврдена причината за експлозијата во областа Шинбаши, но очевидци на настанот велат дека мирисале на гас пред експлозијата. „Штотуку пристигнав на работа кога слушнав многу силна експлозија. Го грабнав мобилниот телефон и […]

Јапонија им нуди на семејствата по 7.500 долари по дете доколу се иселат од Токио


 Јапонската Влада нуди милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата што ќе се иселат од главниот град Токио, со цел да ја насочи популацијата кон послабо населените региони во земјата. Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација. Стимулациите чиј износ е […]

По 34 години Светското првенство во атлетика се враќа во Токио


Токио (Јапонија) ќе биде домаќин на Светското првенство (СП) во атлетика во 2025 година, објави „Би-би-си“. Токио беше домаќин на Летните олимписки игри 2020, а настаните се одржаа една година подоцна од предвиденото во 2021 година и зад затворени врати поради пандемијата на коронавирусот. Годинашното СП, одложено од 2021 година, почна вчера во Јуџин (САД), […]

Токио четврт ден по ред руши рекорди со новозаразени


  Токио, главниот град на Јапонија, четврт ден по ред забележува најголем број дневно заразени со корона вирусот, додека омикрон варијантата и понатаму брзо се шири. Денеска се забалежани 11.227 нови случаи на зараза, објавија локалните власти, ден по повторното воведување органичување на движењето и деловните активности кои треба да траат до 13 февруари. Бројот […]

Обилен снег во Токио, откажани над 100 летови


Јапонија– Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа […]

Токио се подготвува за Олимпијадата, најавен спектакл со невидени технолошки достигнувања


Јапонија – Заштита на културното наследство и континуираниот успех на технолошкиот напредок, односно успешеното спојување на минатото и иднината се постулатот на Летните олимписки и Параолимписките игри, што ќе се одржат во 2020 година во Токио. Околу 15.500 натпреварувачки – 11.090 олимпијци и 4.400 параолимпијци ќе се натпреваруваат во 33 спортови на Олимписките и 22 на […]

Претставени маскотите за Олимписките игри во Токио 2020


Организаторите на Летните олимписките игри во Токио 2020 ги претставија официјалните маскоти. По анкетата спроведена во основните училишта во Јапонија, учениците одлучија тие да се викаат Мираитова и Сомеити. Станува збор за ликови со футуристички изглед, кои според организаторот се комбинација на традицијата и иновацијата. Маскотите ги изработи јапонскиот уметник Рио Танигучи. Олимписките игри во […]

(ВИДЕО) Јапонија: Вулкан исфрла камења до 4 километри, ќе биде активен со месеци


Властите во Јапонија ги предупредија граѓаните на опасноста од големи камења во радиус од четири километри од вулканот Шинмоедак, кој денеска еруптираше. Вулканот е висок 1.421 метар и веќе со денови исфрла песок. Според експертите, вулканската активност може да трае уште неколку месеци. Јапонската државна метеоролошка агенција денеска издаде ново предупредување, укажувајќи дека камењата може […]

Токио ги претстави маскотите за Олимписките игри во 2020 година


Организаторите на Олимписките и Параолимписките игри, кои ќе се одржат во 2020 година во Токио, денеска во јапонската престолнина ги претставија маскотите. Фигурите, за кои гласаа над 100.000 ученици од основните училишта, потсетуваат на јапонскиот манга стрип. Во гласањето учествуваа над шест ипол милиони ученици , а во потесниот избор влегоа три предлог-решенија. Победи дизајнот […]

(ВИДЕО) Робот подготвува и служи кафе во кафуле во Токио


Во кафулето „Хен-на“ во Токио, од неделава, задолжен за правење и послужување кафе, е роботот „Соер“. Угостителскиот објект се наоѓа во елитен трговски дел од јапонската престолнина. Принципот е следен: роботот ги скенира нарачките од автоматот, ги пречекува гостите, го меле и приготвува кафето и го служи фалејќи се дека тоа е повкусно од кое било друго […]